Author: Sashko

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција работи на организација на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина. „Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи“, наведе Чавушоглу. Претходно, шефот на украинската делегација Дејвид Арахамија на Телеграм објави дека онлајн разговорите помеѓу украинската и руската делегација ќе продолжат утре.

Read More

Словенија, по пауза од речиси еден месец, повторно ја отвори својата амбасада во Киев, но мораше да го симне националното знаме од јарболот поради сличноста со руското. Словенечко и руското знаме, редоследно, носат исти бои – бела, сина и црвена, со таа разлика што на словенечкото е истакнат и националниот грб кој се сосои од неколку симболи – ѕвезди, планина, море и река. Членот на управата на словенечката амбасада во Киев, Боштјан Лесјак за ТВ Словенија сподели дека во посета им дошле претставници на украинската национална гарда, во придружба на полицијата и ги прашале дали може привремено да го симнат…

Read More

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2022/2023 година објави денеска Министерството за образование и наука (МОН). Слободни се 2.555 места во 18 ученички домови во 14 градови. Во пет ученички дома во Скопје се слободни вкупно 808 места. Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталотhttp://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом. Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 24 јуни и ќе трае до 1 јули 2022 година, а за учениците кои се запишани…

Read More

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година. Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот. Првото пријавување на учениците ќе биде на 14 и 15 јуни 2022 година, второто пријавување на 21 и 22 јуни 2022 година, а третото пријавување на 28 јуни 2022 година.

Read More

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтаровата скала денеска е регистриран на Нова Каледонија, објави американскиот геолошки институт (УСГС). По земјотресот беше објавено предупредување за појава на цунами на островот Лојалити, но беше повлечено по кратко време. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Read More

Официјален Киев испрати 45 автобуси за евакуација на цивили од Мариупол, откако Москва најави прекин на огнот во јужниот пристаништен град во Украина. Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје, преку пристаништето Бердјанск, ќе биде отворен во 10 часот по локално време. Исто така е договорено и отворање на четири нови хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје.

Read More

Украинските сили се подготвуваат за нови напади во источниот дел на земјата, каде Русите го зајакнуваат военото присуство по претрпените неуспеси во близина на Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во неговото синоќешно видео обраќање се осврна и на движењата на руските трупи од Киев и од Чернихов, тврдејќи дека тоа не е повлекување, туку „последица на сработеното од нашите бранители“. Зеленски истакна дека е забележана акумулација на руски сили, насочени кон нови напади врз Донбас. Русија неодамна најави дека „радикално ќе ја намали“ својата „воена акција во правец на Киев и на Чернихив“ и дека ќе се фокусира…

Read More

Руското Министерство за одбрана прогласи прекин на огнот во Мариупол, со цел да се овозможи евакуација на цивилите од градот. Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје, преку пристаништето Бердјанск, ќе биде отворен во 10 часот по локално време. „За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се наведува во соопштението руското Министерството за одбрана. Исто така се додава дека е договорено отворање и на четири нови хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје.

Read More

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД ги повлекле воените бродови од Црно Море. Тој додаде дека американската воена команда се одлучила на таков потег, како мерка на претпазливост, откако увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“. „На сите треба да им е јасно дека САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување на сили“, посочи Кирби.

Read More

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ денеска ќе одржи марш по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица – 31 Март. „Заедно со трансродовите лица, со активистите и со нивните поддржувачи се приклучуваме по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група, посочија од „ТрансФормА“. Од граѓанската иницијатива бараат од Владата и од Собранието да го вратат Законот за правно признавање на родот и да го изгласаат. „Очекуваме поддршка од пратениците со кои соработуваме и кои ја…

Read More

Укинување на носењето на маски за учениците во средните училишта и овозможување на екскурзии за учениците во основните и во средните училишта, препорача Комисијата за заразни болести на вчера одржаниот состанок. „За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува и бројот на новозаразени и хоспитализирани. Болничките капацитети се празнат. Трендот е позитивен. Се намалува трансмисијата на вирусот и како резултат на тоа наредната недела ќе разгледуваме дел од актуелните мерки и ќе видиме кои од нив може да бидат укинати“, изјави портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ. Учениците или…

Read More

Во земјава живеат 1.836.713 милиони лица од кои 58,44 отсто се Македонци, 24,3 отсто се Албанци, 3,86 отсто се Турци, 2,53 отсто се Роми, 1,3 отсто се Срби, 0,87 отсто се Бошњаци, 0,47 отсто се Власи, покажуваат податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите што беше спроведен од 5 до 30 септември во 2021 година. Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера ги објави податоците од спроведениот Попис 2021. Од вкупното резидентно население во земјава, 50,4 отсто се жени, а 49,6 отсто се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението спаѓаат во возрасната група од 40 до 44 години.…

Read More