Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит потпиша закон со кој на трансродовите спортисти им се забранува да учествуваат во училишен спорт за девојчиња. „Го штитиме женскиот спорт, обезбедуваме рамноправни услови за спортистките“, рече републиканецот Стит. „Кога станува збор за спортот, девојчињата треба да се натпреваруваат со девојчиња, додека момчињата треба да се натпреваруваат со момчиња. И да бидеме на чисто, тоа е се што вели овој закон“, додаде тој. Оклахома стана 12-та сојузна држава во САД што усвои закон со кој се забранува трансродовите девојки да учествуваат и да се натпреваруваат во женски спорт на училиште. Слични предлог закони во минатата…
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветар од јужен правец. Утринските температури ќе биде во интервал од 5 до 10 степени, а дневните од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Утринската температура ќе биде до 7 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени. Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветар кој ќе достигне…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе прими четврта доза на вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа. Бајден (79) ќе добие втора бустер на вакцината, откако ќе ѝ се обрати на јавноста на новата владина веб-страница covid.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација. Бајден ќе ја прими вакцината по еден ден откако САД одобрија четвртата доза на вакцините на „Фајзер“/„Бајонтек“ или „Модерна“ за лица над 50 години, бидејќи властите предупредуваат на потенцијален нов бран предизвикан од БА. 2 подваријантата на омикрон.
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки, Александар Димовски, Сашко Кедев и професор доктор Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки. За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки, проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки,…
Уапсени се повеќе македонски и странски државјани во вечерашната голема полициска акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на Штип, а запленета е дрога во вредност од пола милион евра. Од МВР потврдија дека вечерва во тек е полициска акција, а детали најавуваат за утре.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека го поддржува испраќањето на ракетните одбранбени системи С-300 во Украина. „Да, го поддржувам ова бидејќи тоа е опремата што најмногу и треба на Украина, изјави тој за „Си-Ен-Ен“, но додаде: „Не поддржувам многу да зборуваме за она што ние им даваме“. Јанша, исто така, рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му рекол дека неговата Влада е подготвена да предложи референдум на Украинците за промена на уставот за откажување од желбата на Украина да се приклучи на НАТО. „Мислам дека донесоа некаква прагматична одлука, бидејќи откако ќе ја добијат оваа војна, мислам дека НАТО…
Германската Влада соопшти дека Русија гарантира оти Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи. Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра. Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин рекол дека парите може да се уплатат во „Гаспром“ банката, а потоа ќе се префрлат во рубљи во Русија. „Гаспром“ банката во моментот не е под санкции. „Шолц не се согласи веднаш со овој предлог за време на разговорите, туку побара тој да…
Околу 1.000 луѓе кои се поврзани со групата „Вагнер“, паравоена група спонзорирана од Русија, се наоѓаат во регионот на Донбас во Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на денешниот брифинг во Пентагон. „САД гледаат дека Русија станува многу поактивна во регионот на Донбас во последните денови“, рече Кирби. „Мислиме дека групата Вагнер сега има околу 1.000 луѓе во Донбас“, додаде Кирби. „Вагнер“ борците дејствуваат во Донбас во последните осум години, така што ова е област во која се искусни“, нагласи портпаролот на Пентагон.
Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, ќе биде нова македонска амбасадорка во Европската Унија (ЕУ), Виктор Димовски од Агенцијата на национална безбедност ќе оди на амбасадорска мисија во Париз, додека владиното кадровско решение за Вашингтон е Зоран Попов. Ова биле дел од предложените кандидати за пополнување на дел од испразнетите дипломатско-конзуларни претставништва на земјава во странство кои минале на вчерашната седница во Владата. Актуелниот конзул во Минхен, Реџеп Демири ќе добие прекоманда во Берн, Швајцарија, Дритон Кучи ќе замине на функција во амбасадата во Осло, Норвешка, а Едмонд Адеми ќе биде нов македонски амбасадор во ОБСЕ во Виена. Македонски амбасадор…
Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски вечерва изјави дека неопфтеното население со Пописот 2021 од 7,3 отсто или 132.000 граѓани не е неочекувано ако се земат во предвид сите работи и оти очекувал тој број да биде поголем. Една од причините, како што рече, е бојкотирањето на пописот. Тој образложи дека Пописот 2021 беше спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со ковид-19, а пред тоа имаше затворени граници и не можеше да се оди на одмор, кога се интензивни работите во земјоделството, на нива, посочи и…
Панчев: Никој не може да го спори придонесот на Пандев за Македонија, но со него губевме и од Андора
Резултатскиот подем на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП 2022 во Катар, победата над Германија, елиминацијата на Италија и мечот со Португалија, го привлекоа вниманието на медиумите ширум Европа. „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го искористи поводот за интервју со Дарко Панчев, македонската фудбалска легенда кој во изминатите 20-тина години честопати беше споредуван со Горан Пандев, долгогодишниот капитен и лидер на националниот тим кој се повлече по Европското првенство лани. „Не може да се заборави дека тој го даде голот против Грузија во Тбилиси за пласман на Европското првенство. Неговиот придонес за Македонија е неспорен, но не може да се заборави…
Овој Попис е нецелосен и по промената на власта ќе направиме нова статистичка операција која ќе биде реална и ќе биде спроведена по електронски пат, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христихјан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ. „Уште во старт имавме низа забелешки за Пописот, но заклучокот што можеме да го кажеме, покрај фактот дека тој е некомплетен, е дека огромно мнозинство, над 90 отсто, од тие кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ според општините во кои тие се наоѓаат. На прес-конференцијата порачавме дека по промената на власта, ќе имаме вистинска статистичка операција,…