Author: Sashko

Едни ги нарекуваат воени херои, други неонацисти, но, како и да е, украинскиот полк „Азов“ се наоѓа во центар на пропагандната војна меѓу Киев и Москва која тврди оти настојува да ја „денацифицира“ Украина. Единицата за специјални операции „Азов“, порано позната како „Азовски баталјон“, сега како „Полк Азов“, е честа тема во проруските објави на социјалните мрежи, вклучително и руските амбасади во Лондон, во Париз и на други места. Полкот моментно е утврден во јужниот пристаништен град Мариупол и се бори за градот кој сведочеше за некои од најтешките облици за војување од почетокот на руската инвазија на Украина на…

Read More

Главниот штаб на Оружените сили на Украина денеска објави нови податоци за наводните руски воени загуби од почетокот на инвазијата. Од таму тврдат дека „Русија од 24 февруари загубила 17.000 војници, 586 тенкови, 1.694 оклопни возила, 302 топовски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 системи за противвоздушно војување, седум брода, итн…“ Претходно, украинската војска објави и оперативен извештај за состојбата на терен. Во него се наведува дека украинските сили продолжуваат да ги спречуваат руските трупи да преземат контрола на клучните автопатишта и населби во Киев. Украинското Министерство за одбрана, пак, тврди дека „Русија била принудена на повлекување на своите трупи…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Економист“ ги коментираше земјите кои ѝ помагаат на неговата земја во борбата со Русија и оние за кои смета дека не помагаат. Тој упати остри критики кон францускиот претседател, Емануел Макрон бидејќи, како што вели, не ѝ пружиле воена помош на Украина. „Зошто? – Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А тие кои први ќе кажат дека ќе помогнат, тие први се плашат“, рече Зеленски. Но, затоа го пофали Борис Џонсон. „Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој повеќе помага. Челниците на земјите реагираат според однесувањето на нивните гласачи.…

Read More

Шпанија од денеска ја третира инфекцијата со коронавирус речиси како нормална болест, слична на грип. Оние кои ќе се заразат со коронавирус и ќе развијат само благи симптоми или воопшто немаат симптоми, можат да продолжат да водат нормален живот. Повеќе не се задолжителни ниту тестови, ниту домашна изолација. Досегашните мерки ќе продолжат да важат само за оние кои се изложени на ризик. Меѓу нив се луѓето на возраст над 60 години и оние со имунолошки дефицит, како и бремените жени и здравствените работници. Тоа значи дека единственото нешто што останува од некогашните рестриктивни мерки против ширењето на коронавирусот во повеќето…

Read More

Премиерите на Австралија и на Нов Зеланд, Скот Морисон и Џасинда Ардерн изразија загриженост од потенцијалното присуство на кинеската војска на Соломонските Острови, во југозападен Пацифик. Во документ објавен минатата недела, се наведува дека Кина би можела да го зголеми военото присуство таму, вклучувајќи и засилување на флотата. Морисон изјави дека по состанокот со премиерката на Нов Зеланд за викендот, денеска планира да разговара за ситуацијата со колегите од Папуа Нова Гвинеја и Фиџи. „Извештаите што ги видовме не нè изненадуваат и нè потсетуваат на постојаниот притисок и закана од регионот за нашата национална безбедност. Загрижени сме за регионот, но,…

Read More

Од утре (29 март) започнува етапната исплата на мартовските пензии кои се повисоки за 1.000 денари. Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), над 330.000 пензионери ќе ги добијат дополнителните 1.000 денари со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош што ќе биде исплатена и за април и мај. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19. „Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски вчера доцна попладне имал телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ при што му пренел дека „сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата“. „На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ и на НАТО и во постојана координација е за поддршка на Украина. Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош“, напиша утрово Ковачевски…

Read More

Филмот „Кода“, во кој актери се неколку лица со оштетен слух, е годинашен добитник на Оскарот. Освен главното признание за најдобар филм, Трој Коцур стана вториот актер со оштетен слух во историјата воопшто кој е добитник на Оскар (споредна улога). Научнофантастичната сага „Дина“ од американската Академија за филмска наука и уметности доби најмногу Оскари – шест од можни 10 номинации, меѓу кои и одличјата за монтажа, за визуелни и за звучни ефекти. Наградата за главна женска улога ѝ припадна на Џесика Честејн во филмот „Очите на Теми Феј“. Ова е прв нејзин Оскар. Вил Смит, пак, го доби своето прво…

Read More

Украинската војска објави дека Русија се обидува да ја пробие нејзината одбрана во близина на Киев. Како што се вели во нејзиното соопштение, „руските сили се обидуваат да напредуваат кон Киев од исток и од северозапад, во обид да ги заземат околните патишта и села, односно сообраќајниците кои го поврзуваат Киев со други делови на Украина“. Украинците додаваат дека „Русите притоа наидуваат на силен отпор“. „Русите почнаа офанзива од два правца, од северозапад и од исток, со цел да излезат на главните патишта кои го поврзуваат Киев со други делови на Украина. Украинските сили ефикасно го запираат продорот кон Киев“,…

Read More

Материјалната штета што е предизвикана за време на војната во Украина е околу 63 милијарди долари, вели најновата проценка на економскиот универзитет во Киев. „Според проценките, економското влијание од руската инвазија во Украина од 24 февруари до 24 март е најмалку 4.431 оштетена, уништена или заземена станбена зграда, 92 фабрики и магацини и 378 училишта“, пренесува „Би-Би-Си“. Уништени, оштетени или запленети се и 12 аеродроми и седум термо и хидроцентрали.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека „темелно го проучува“ прашањето за неутралност на земјата, што е една од централните точки во преговорите со Русија за завршување на војната. „Една од клаузулите во договорот се однесува на „безбедносни гаранции и неутралност и денуклеаризација на нашата земја“ и тоа е барање на Москва“, изјави Зеленски во интервју за руските медиуми, пренесува украинското Претседателство на „Телеграм“. „Подготвени сме да го прифатиме тоа“, рече Зеленски и нагласи дека „темелно се проучува“ точката во преговорите. Војната, според него, би можела за брзо време да заврши, но „рускиот претседател Владимир Путин и неговото опкружување се тие…

Read More

Објавата на пресудата за предметот „Топлик“ што беше закажана за денеска, се поместува за 5 април од 13 часот, информираат од Основииот кривичен суд Скопје. Како што се наведува во соопштението од Судот, причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на судечкиот совет, судија – поротник го известил судот дека е позитивен на ковид-19 и во следниот период ќе биде во изолација согласно протоколите за здравствена заштита. Првоосомничен во предметот е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој според обвинението, како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни…

Read More