Published: Monday, March 28, 2022 11:56
Главниот штаб на Оружените сили на Украина денеска објави нови податоци за наводните руски воени загуби од почетокот на инвазијата.
Од таму тврдат дека „Русија од 24 февруари загубила 17.000 војници, 586 тенкови, 1.694 оклопни возила, 302 топовски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 системи за противвоздушно војување, седум брода, итн…“
Претходно, украинската војска објави и оперативен извештај за состојбата на терен. Во него се наведува дека украинските сили продолжуваат да ги спречуваат руските трупи да преземат контрола на клучните автопатишта и населби во Киев.
Украинското Министерство за одбрана, пак, тврди дека „Русија била принудена на повлекување на своите трупи кои го опкружуваа Киев, откако претрпела значителни загуби“.




