Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Руските сили извршија ракетен напад врз Командата на воздухопловните сили на Украина, во украинскиот град Виница. „Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница“, истакнаа украинските сили. „Русите истрелаа вкупно шест крстосувачки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе продолжи да се продава за 82, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 81 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,044 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот…
Командантот на руската војска, Сергеј Рудској најави дека Русија ќе се фокусира на „целосно ослободување“ на Донбас, подрачје на истокот на Украина во кој се наоѓаат проруските сепаратистички региони Доњецк и Луганск. Руското Министерство за одбрана објави дека Русија разгледувала две опции за својата „специјална воена операција“ – една се однесувала на цела Украина, а втората на Донбас. Коментарите на рускиот воен командант, кои ги пренесуваат руските државни новински агенции, сугерираат дека Русија би можела да ги намали своите апетити во Украина. Руските сили наидоа на жесток отпор во северниот дел на Украина и околу Киев. Рудској, кој е началник…
Канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски јави дека украинската војска убила уште еден руски генерал, јавува „Киев индепендент“. „Рускиот генерал Јаков Рјезанцев е убиен во Чорнобаивки, северно од Херсон, каде се водат жестоки борби меѓу украинските и руските сили“, тврди Олексеј Арестович, советник на претседателот Зеленски. ⚡️Another Russian general killed in Ukraine. Yakov Ryezantsev was killed in Chornobaivka, a site of intense fighting just north of Kherson, according to Oleksiy Arestovych, advisor to the head of Ukraine’s presidential office. pic.twitter.com/V9BNrmg08M — The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 25, 2022
Во Лвов, град во западна Украина, се огласија сирените за опасност од воздух, јави „Си-Ен-Ен“. Лвов се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска.
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека, во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во основното образование, денеска е објавен конкурс за издавање на учебници по предмети од прво, второ, четврто и петто одделение за кои се изработени нови наставни програми. Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат пропишаните услови во членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програма…
Од утре и официјално почнува со опслужување редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет ќе се реализира во 05:30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер“. Авионското поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и на Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков по првата нивна средба на 18 јануари во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги отфрли барањата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги претстави пред Советот на Европа, бидејќи, како што нагласи, „не се совпаѓаат со унгарските интереси“. „Не дозволуваме Унгарија да биде вмешана во војна. Нема да испраќаме војници или оружје во Украина. Унгарија за нас е на прво место“, напиша Орбан на Фејсбук. Зеленски претходно побарал од Орбан да одлучи на чија страна е, а Орбан му рекол дека Унгарија сака да остане настрана од конфликтот и да не транспортира оружје во Украина преку своја територија и дека нема да испраќа вооружена помош во Киев,…
Италијанска трагедија се случи во четвртокот вечерта и елиминацијата на „азурите“ во плеј-оф баражот за Светското првенство во Катар, по срамниот пораз од Северна Македонија. „Тој пораз е нашиот најлош резултат досега. Исплашените играчи немаа идеи, докажувајќи дека славата на ЕП 2020 е минато, пишува за британски „Дејли меил“, италијанската коментаторска ѕвезда, Алвиз Кагнацо. Италијанскиот тим беше без идеи или агресија во нападот. Освојувањето на ЕП 2020 минатото лето нѝ ласкаше, но овојпат не можевме да ги надминеме ниту европските младенчиња (македонскиот тим, н.з.) дома во полуфиналето од плеј-офот. Навикнати сме на разочарувања, но овој пораз ги надминува сите. Без…
„Најостро ја осудуваме руската инвазија на Украина. Го повикуваме претседателот Владимир Путин веднаш да ја прекине оваа војна и да ги повлече воените сили од Украина и ја повикуваме Белорусија да стави крај на соучесништвото, во согласност со Резолуцијата против агресијата врз Украина, усвоена на Генералното собрание на ОН од 2 март 2022 година“, се наведува во денешната заедничка изјава на лидерите од земјите-членки на НАТО. „Русија треба да ја почитува пресудата од 16 март на Меѓународниот суд на правдата на ОН и веднаш да ги прекине воените операции. Нападот на Русија врз Украина ја загрозува глобалната безбедност. Нејзиниот напад…
Во Брисел почна самитот на лидерите на земјите од Г7, група во која членуваат најбогатите земји во светот – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија. Во 2014 година од оваа група (Г8) беше исклучена Русија, поради анексијата на Крим.
Генерралниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина, соопшти денеска Алијансата, пренесе агенцијата ДПА. Столтенберг, кому годинава му завршуваше мандатот на чело на Алијансата, од септември требаше да ја преземе функцијата гувернер на Народната банка на Норвешка, за што имаше согласност од норвешката Влада. Меѓутоа, кризата во Украина, се чини, ги смени плановите за ротирање на челното место на НАТО, па тоа што пред две недели срамежливо беше навестено, за останувањето на Столтенберг на функцијата уште извесен период, денеска и официјално е потврдено.