Author: Sashko

Македонската фудбалска репрезентација вечерва му гостува на актуелниот европски шампион Италија во полуфиналниот бараж меч за пласман на Светското првенство во Катар на крајот на оваа година. Мечот ќе се одигра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со почеток во 20:45 часот. Најавите се дека на трибините ќе присуствуваат околу 2.000 македонски фанови. Дел од нив, според видеата што кружат по социјалните мрежи, веќе се загреваат за поддршка на „црвено-жолтите“ во обид, по ЕП 2020, да обезбедат место на уште еден голем турнир, во случајот дебитантски на Миундијалите. Петнаесетина македонски фанови, со препознатливото скандирање „зига, зага, Македонија“, се огласија низ…

Read More

Литвански пратеници предложија знакот Z, со кој се обележани руските воени возила во Украина, и Георгиевската лента да се израмнат со нацистичките и комунистичките симболи. Делење или истакнување на црно-портокаловата Георгиевска лента или знакот Z на собири или други масовни настани, според предлогот, би се казнувало со 500 евра. „Проруските активисти ги користат тие два симбола како пропаганда и заплашување, сметаат пратениците Моника Ошмианскиене и Линас Јонаускас кои поднесоа предлог амандмани на Законјот за административни прекршоци и Законот за собири“, пренесе литванската новинска агенција ЕЛТА. „Со години се говори за забрана на Георгиевската лента. Таа стана алатка за пропаганда и…

Read More

Романскиот претседател Клаус Јоханис пред почетокот на вонредниот самит на НАТО изјави дека Северноатлантската алијанса одобрила распоредување борбена група во Романија. „Веќе имаме многу добри вести“, е коментарот на Јоханис на одлуката на НАТО, појаснувајќи дека распоредувањето на војници е на барање на Романија додека Франција ќе биде предводник на единиците во земјата. Според него, преку дополнителни разговори ќе се решава за учество на војници од други држави во нивен состав. „Зборуваме за консолидирање на источното крило на НАТО. Веќе имаме мошне добри вести. Според генералниот секретар Јенс Столтенберг, НАТО веќе одобрил распоредување борбени единици во Романија. Романците можат да…

Read More

Обединети сме во осудата на неиспровоцираната агресија на Кремљ и во нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во воведниот говор на денешниот самит на НАТО. Тој нагласи дека вонредниот самит на НАТО се одржува во критично време за безбедноста. „Оддаваме почит на големата храброст на украинскиот народ и на украинските вооружени сили кои се борат за својата слобода и своите права. Ги препознаваме и оние во Русија кои храбро зборуваат против војната. Ги слушаме нивните гласови. Тие се важни“, нагласи Столтенберг и додаде дека ќе продолжат да се воведуваат санкции…

Read More

Дописничката на „Би-Би-Си“ од Киев, Лајси Досет објави интересна мини анализа за првите месец дена од војната во Украина. „Во првите часови на 24 февруари, засолништата во Киев беа пренатрупани и се слушаа експлозии. Се сеќавам дека првиот ден од инвазијата слушнавме дека аеродромот во Хостомел, исклучително важно воено воздушно пристаниште, беше веќе под напади и заземено од Русите“, пишува Досет. Овде во главниот град, продолжува таа, „се чинеше дека е прашање на време кога ќе слушнеме дека руски конвои влегуваат во Киев“. Но, месец дена подоцна околу Хостомел сè уште се водат борби, а постојат извештаи дека е повторно…

Read More

Руското гранатирање на хемиски погони во Украина може да предизвика „катастрофа од големи размери“, предупреди словенечкиот премиер Јанез Јанша на почетокот на специјалниот самит на НАТО. „Загрижени сме кога гледаме дека руските сили гранатираат хемиски постројки и слични објекти. Ова може да предизвика катастрофа од големи размери“, рече тој. Тој додаде оти не мисли дека руската војска намерно ќе користи хемиско или биолошко оружје од тактички причини, додавајќи дека тоа би било „многу немудро“.

Read More

Деловната активност во еврозоната забави во март, покажува студија, бидејќи високите цени и мрачните перспективи ги зголемија стравувањата дека војната во Украина може да го попречи економското закрепнување во Европа. Индексот на менаџери за набавки (ПМИ), изготвен од С&П (поранешен IHS Markit), падна за 1,0 поени на 54,5 поени, се вели во соопштението. Индикатор над 50 означува раст. „Студијата го нагласува „непосредното и значајно влијание“ на војната врз економијата и „го истакнува ризикот од опаѓање на еврозоната во вториот квартал“, изјави главниот деловен економист на С&П, Крис Вилијамсон.

Read More

Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн. „Ова е основата на нашиот договор и не смеам да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата „Пулс24“. Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател Владимир Путин во која се наведува дека „непријателските држави“ ќе го плаќаат рускиот плин во рубљи“. „Никој сè уште не ни се јавил. Има и валидни договори во кои такво нешто не е вклучено“, изјави првиот човек на австриската компанија и додаде дека ќе…

Read More

Официјален Пекинг го обвини генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за „ширење дезинформации“, тврдејќи дека Кина ја поддржала руската војна против Украина во услови на зголемен меѓународен притисок. „Кина одбива да го осуди својот близок сојузник Русија за инвазијата на Украина и заостанува зад многу други земји во обезбедувањето хуманитарна помош за земјата разурната од војна“, оценуваат западни медиуми. Столтенберг, вчера, ја обвини Кина дека ѝ дава политичка поддршка на Русија во нејзината инвазија на Украина со „ширење отворени лаги“ и го предупреди Пекинг да не дава материјална поддршка за воените напори на Москва. „Кина мора „да ги исполни своите…

Read More

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе решение за оддалечување од функцијата за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје додека трае дисциплинската постапка против него поради основано сомнение дека сторил „Тешка дисциплинска повреда“ од член 91, став 1, алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство. При вонреден надзор од Вишото јавно обвинителство Скопје, како што информираат од Обвинителство, е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија, согласно Законот за кривична постапка заради донесување мериторна јавнообвинителска одлука, при што кај еден дел од предметите настанало пролонгирање на…

Read More

Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку неговиот Фејсбук профил. „Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме тоа“, пишува Спасовски. Како МВР, истакнува Спасовски, имаме многу подобрувања, откривачката дејност за корупција во 2021 е зголемена за 50 проценти во однос на 2020 година за 114 случаи со штета од 97,3 милиони денари.

Read More

Руската влада засега нема интерес за преговори за прекин на огнот во Украина, бидејќи нејзината војска сè уште не ги постигнала своите воени цели, изјави денеска високиот дипломат на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел. „Русија моментно не сака да преговара за ништо. Она што сака е да ја заземе земјата“, рече Борел во интервју за шпанскиот канал ТВЕ. „Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од море. Сака сериозно да преговара дури откако ќе ги осигура позициите на своите сили“, тврди Борел. „Ројтерс“ јавува и дека Борел рекол оти ЕУ и нејзините сојузници…

Read More