Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Плаќањето на руските енергенси со рубљи би било помош за Русите да убиваат Украинци, порачува Кулеба
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба утрово ги повика членките на Европската Унија (ЕУ) да го одбијат барањето на Владимир Путин за плаќање на руските енергенси во рубљи. „Ако било која земја се согласи на понижувачкото барање на Путин за плаќање на рускиот гас и нафта со рубљи, тоа ќе биде како со една рака да ѝ помагате на Украина, а со другата на Русија да убива Украинци. Ги повикувам релевантните држави да донесат мудар и одговорен избор“, напиша Кулеба на Твитер. „Она што го видовме на почетокот на војната беше наметнување на Европската Унија како моќен играч кој…
Русија ги засилува воздушните напади, со повеќе од 250 летови во последните 24 часа, објави утрово украинската армија. Тоа се 60 летови повеќе од ден претходно, а како главни цели се посочуваат Киев, Чернихов и Харков. „Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред еден месец, во Харков загинаа 294 цивили , меѓу кои и 15 деца“, објави денеска полицијата на „Телеграм“. Од таму додадоа дека „луѓето едвај ги напуштаат засолништата, а станбени делови, училиштата, болниците и деловните објекти се наоѓаат во пламен“. Пред војната, во Харков живееја 1,5 милиони луѓе. Градот во изминатите месец дена е под постојани воздушни…
Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) ѝ гостува на Италија во полуфиналниот бараж меч за пласман на Светско првенство во Катар. „Азурите“ важат за големи фаворити, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка и обид за сензација против актуелниот европски шампион. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу 2.000 Македонци. Победникот од овој меч во финалето ќе оди на мегдан кај поуспешниот од пресметката меѓу Португалија – Турција. Покрај овие две средби, вечер ќе играат уште Шведска – Шкотска и Велс – Австрија. Средбата Шкотска – Украина е одложена, додека Полска службено ја доби победата…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово, пред самитот во Брисел, изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина. Столтенберг потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на Алијансата во Романија, во Унгарија, во Словачка и во Бугарија. Тој, исто така, рече дека сојузниците ѝ дале поддршка на Украина за да ѝ помогнат на нејзиното основно право на одбрана, но повтори дека основната задача на воената алијанса е да ги брани и заштити членките на НАТО. Со огледа на тоа што Украина не е членка, Алијансата не испраќа војници во земјата, иако го зголемува…
Пристаништето во Бердјанс, град на југот на Украина, наводно е утрово запалено, јавуваат локалните украински медиуми. Berdyans’k, #Ukraine pic.twitter.com/16PqP9sOKZ — Lucas (@LewkHughes) March 24, 2022 Тие додаваат дека најверојатно Русите ги дигнале во воздух резервоарите со гориво. #Ukraine. Berdyans’k, explosion. pic.twitter.com/Xy213BlB6g — Lucas (@LewkHughes) March 24, 2022
Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе барањето за наплата на нејзината енергија од „непријателските“ земји во рубљи, изјави министерот за финансии Шуничи Сузуки. „Во моментот ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства, бидејќи не разбираме точно која е намерата на Русија и како би го направила тоа“, рече министерот Сузуки на парламентарната седница. Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека ќе бара исплата во рубљи за продажба на гас на „непријателските“ земји, вклучително и Јапонија, по санкциите на Западот против неговата инвазија на Украина. Сузуки рече дека владата внимателно ќе ги следи „нус појавите“ од…
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, повремено засилен, ветар од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од -5 до 3 стелени, а дневните од 14 до 23 степени. Во Скопје времето ќе сончево со умерен, повремено засилен, ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне 20 степени. До сабота ќе преовладува сончево и потопло време. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон понеделник повремени локални врнежи од дожд.
Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, изјави потпретседтаелот на руската влада Александар Новак во интервју за „Русија 1“. „Ние испорачуваме околу 200 милијарди кубни метри гас, додека Европа троши 500 милијарди кубни метри што е речиси 60 отсто од извозот. Проценете сами. Дефинитивно нема што да го замени за една година или за три или пет години“, рече Новак. Тој додаде дека „се е можно во овој живот, но целосното отфрлање на руската енергија од Европа е еден вид апокалиптично сценарио“.
„Анонимуси“ тврдат дека ја хакирале Централната банка на Русија. „Над 35.000 датотеки ќе бидат објавени во рок од 48 часа. Ќе бидат објавени и тајни договори“, порачаа од групата.
Градоначалникот на Чернихов, Владислав Атрошенко објави видео снимено од автомобил кој минува низ градот во кое се прикажуваат целосно уништени куќи. додека од некои сè уште излегува чад. Истакна дека градските гробишта се полни и оти немаат повеќе место за починатите лица. „Повеќе нема место на градските гробишта, па починатите лица ги чуваме во мртовечници и во фрижидери подолго одошто е вообичаено. Ги закопуваме луѓето во стари гробови кои некое време не се користени“, рече Атрошенко во видеото додека се вози низ градот. Mayor of Chernihiv Vladislav Atroshenko showed what the invaders did to the city. “We are in a…
Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО денеска се состануваат во Брисел на координација за следните одговори на војната во Украина и руската агресија, јави дописничката на МИА од Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски, но и претседателот на САД, Џо Бајден, како и сите останати лидери на Северноатлантската алијанса, синоќа пристигнаа во Брисел за денешниот вонреден самит на НАТО. „Ќе разговараме за состојбата во Украина, еден месец по почетокот на војната, за зајакнување на одбраната на НАТО членките, но и улогата на Кина во оваа криза“, најави генералниот секретар, Јенс Столтенберг. Како што вчера најави Столтенберг, лидерите…
Како Влада разработуваме модалитети за дали е можно и колку да се намалат цените на патарините, но истите да бидат одржливи, изјави вечерва министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој посочи дека ќе се работи на патарините кон Тетово и Гостивар за да се постигне целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор. „Во 2015 година започна проектот за реконструкција на електронските патарини. Ние веќе работиме и на Коридор 8, патарината кон Куманово е веќе реконструирана, ќе се работи и на оние кон Тетово и Гостивар со цел да имаме целосно електронска наплата…