Author: Sashko

Високиот претставник за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел рече дека шефовите на дипломатии разговарале за можни нови санкции во енергетскиот сектор, но не очекува одлука оваа недела, јави дописничката на МИА од Брисел. Пред почетокот на денешниот министерски совет за надворешни работи, повеќе министри на ЕУ изјавија дека поддржуваат воведување санкции врз нафтата, јаглен, а за некои и гасот од Русија. Но Германија, која е многу зависна од рускиот гас, го блокира овој предлог сега за сега. Шефот на ЕУ дипломатијата, Борел, изјави дека неколку министри ја отвориле темата за време на состанокот во Брисел денес. „Меѓу…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека сите компромиси што ќе се направат со Русија ќе треба да минат на референдум во Украина. Зеленски го порача тоа во интервју за украинскиот радиодифузер „Суспилне“ што може да сфати како сигнал дека лидерите во земјата ги разгледуваат практичните можности за каков било вид на мировно решение. Меѓутоа, важно е да се забележи дека има широко распространет скептицизам меѓу Западот околу тоа дали Русија добронамерно се вклучува во мировните преговори поради тврдењата дека тие ги користат преговорите како диверзија додека продолжуваат да ја напаѓаат Украина.

Read More

Гувернерот на украинскиот регион Запорожје, Александар Старух изјави дека автобусите кои денеска евакуаираа цивили од подрачјата кои се зафатени со воени дејствија биле цел на руско гранатирање. Четири деца се ранети, пренесува „Ројтерс“, а Старух додаде дека сите четири се веднаш хоспитализирани. „Денеска е тежок ден, бидејќи децата повторно страдаат. Четири деца се префрлени во болница. Три се најдоа под оган во некогашниот кварт Хулиајипил, сегашен Пологивски. Семејствата го напуштија Мариупол. Побегнаа. Едно од четирите деца е во критична состојба“, напиша Старух на „Телеграм“. „Уште едно семејство се најде под оган во селото Камјанске, како и детето кое е во…

Read More

Висок претставник на НАТО денеска предупреди дека Белорусија наскоро би можела да ја нападне Украина, но и дека земјата се подготвува да ѝ дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на нејзина територија. „Владата на Белорусија подготвува контекст за оправдување на белоруска офанзива во Украина, како и распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија“, истакна високиот претставник на НАТО кој говореше под услов на анонимност. Што се однесува до распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија, тој нагласи дека таква одлука сè уште не е донесена, туку дека Белорусија, едноставно, ги повлекла сите потези за да го овозможи тоа. „Не…

Read More

Руската државна телевизија „Канал 1“ изрази сомневање дека новинарката Марина Овсјаникова, која ја прекина информативната програма и ја осуди војната во Украина, можеби е британски шпион. Марина Овсјаникова неодамна подигна натпис зад водителката која читаше вести во живо, извикувајќи „Стоп за војната“. Таа беше ослободена од обвинението за организирање на неовластен јавен настан, но беше казнета со 30.000 рубљи по судското сослушување. Заменик-генералниот директор на „Канал 1“, Кирил Клејменов денеска реагираше на протестот на Овсјаникова, со тврдење дека 44-годишната новинарка можеби работи за британското разузнавање. Клејменов, исто така, изјави дека Овсијаникова „ја предала својата земја“. Канцеларијата за надворешни работи и Комонвелт…

Read More

Европската Унија од 2025 година треба да добие Силите за брза воена реакција, а германските војници треба да го сочинуваат столбот на оваа единица, е договорено на состанокот на министрите за одбрана и за надворешни работи на Европската унија. „Сега е важно да испратиме на сигнал дека сме тука еден за друг доколку е потребно“, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт на маргините на денешниот состанок во Брисел. Таа нагласи дека германските војници ќе го сочинуваат столбот на новата воена формација. Единицата треба да брои до 5.000 војници и треба да биде формирана до 2025 година. Тоа е дел…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе им помогне на лидерите во нуклеарната индустрија да ги намалат бирократските процедури за финансирање и за изградба на нови електрани, со што В. Британија повторно ќе добие 25 отсто од енергетските потреби од нуклеарната енергија. Помошник на британскиот премиер изјави дека Џонсон со нетрпение ги очекува проектите за нуклеарна енергија, бидејќи сака да најде начин да го реши спиралниот пораст на цените што му се закануваат на народот кој го доведе на власт со големо мнозинство на изборите во 2019 година.

Read More

На денешната средба во Стопанската комора на Србија, Чадеж и Азески го поздравија поставувањето на таблата „Отворен Балкан“ на граничниот премин Прешево – Табановце, која на компаниите кои имаат систем за овластување ОЕО им овозможува побрз транспорт и премин без одлагање. На 29 март ќе ги посетат Прешево-Табановце (Србија-Северна Македонија) и Ќафасан-Ќафе Тане (Северна Македонија-Албанија) за да видат лично како функционира регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. „Целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е да се забрза протокот на стоки и да се создаде единствен пазар на труд, што ќе создаде подобри деловни услови и ќе придонесе за поголем економски развој и подобар…

Read More

Висок претставник на разузнавањето на НАТО укажа на знаци за застој во војната на Русија против Украина. „Ако веќе не сме во пат позиција, брзо се приближуваме кон тоа. И тоа е прилично добро да се нагласи имајќи ја предвид разликата во силите кога почнаа борбите. Нема да дојдете до оваа точка ако не сте направиле серија грешки“, истакна функционерот за новинарите за време на брифингот во седиштето на НАТО. Тој нагласи дека застојот е особено опасен со оглед на тоа што „Русија прибегна кон употреба на помалку прецизно, побрутално оружје против цивилни цели“.

Read More

Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале неколку станбени згради на периферијата од градот. Ова е првпат таму да бидат погодени згради. Портпарол на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви во нападот. Руската морнарица ја блокира Одеса, која се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија.

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево се обрати пред европратеници кои се членови на Комисијата за надворешни работи и од нив доби недвосмислена поддршка за што поскоро да почнат преговорите на земјава за членство со Европската Унија (ЕУ), јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на дипломатијата ги потсети европратениците за долгиот период што Северна Македонија го мина во чекалната, укажа на степенот на усогласеност со потребните реформи на ЕУ, но и на непоколебливата македонска поддршка во санкциите против Русија поради нападот врз Украина. Тој, меѓутоа, ги предупреди и дека ново одлагање на овие преговори не само што ќе…

Read More

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало американскиот амбасадор Џон Саливан за да му укаже дека билатералните врски меѓу двете земји се доведени до раб на прекинување по забелешките на американскиот претседател Џо Бајден за неговиот руски колега Владимир Путин. Од руското МНР ја оцениле реториката на Бајден како „неприфатлива, откако минатата недела тој го оквалификува Путин како „воен злосторник“. И Кремљ претходно реагираше на зборовите на Бајден, оценувајќи ги како „неприфатлива и непростлива реторика“

Read More