Published: Monday, March 21, 2022 16:45
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало американскиот амбасадор Џон Саливан за да му укаже дека билатералните врски меѓу двете земји се доведени до раб на прекинување по забелешките на американскиот претседател Џо Бајден за неговиот руски колега Владимир Путин.
Од руското МНР ја оцениле реториката на Бајден како „неприфатлива, откако минатата недела тој го оквалификува Путин како „воен злосторник“.
И Кремљ претходно реагираше на зборовите на Бајден, оценувајќи ги како „неприфатлива и непростлива реторика“




