Author: Sashko

Премиерот Зоран Заев апелира до граѓаните крајно внимателно да ги почитуваат постоечките и новите мерки, а надлежните инспекциски служби да ги интензивираат контролите со цел нивна стриктна примена и почитување. На неговиот профил на Фејсбук се посочува на новите мерки за заштита на населението од Ковид-19 и спречување на неговото ширење. – Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Табановце“, информираа од АМСМ, се бележи зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. – Прекин на сообраќајот за сите типови на возила, почнувајќи од 06.08.2021, од 09 до 15 часот, поради изведување на градежно асфалтерски работи на регионалниот пат Р2335 Житоше-Кривогаштани, соопштија од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување…

Read More

Авионот на романското воено воздухопловство во два прелета дејствуваше на пожарот во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин, што е делумно локализиран, но на одредени места сè уште има чад. На терен се екипи на Армијата и ШС Црн Бор од Прилеп, информира помошникот раководител на Центарот за управување со кризи Марија Милкова на попладневната прес-конференција во ЦУК. Како што посочи тој, до 16 часот сè уште се активни осум пожари, а останатите се делумно локализирани. – Пожарот во Делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола, а има мало чадење во местото…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 3.101 тест, а регистрирани се 143 нови случаи со ковид-19. Најголем број од новозаразените се од Скопје – 79, по што следат Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по шест, Радовиш – три, Струмица – два, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по еден. Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија –…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница попладнево ги утврди поважните рокови за локалните изборите што претседателот на Собранието, Талат Џафери ги распиша на 17 октомври. Согласно одлуката, листите на кандидати за локалните избори се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на овластените предлагачи, а крајниот рок за нивно поднесување е заклучно со 11 септември до 24 часот. Изборната кампања започнува на 27 септември на полноќ, што значи се смета и денот 27 и трае заклучно со 15 октовмри до 24 часот, кога настапува изборниот молк на 16 септември, пред гласањето. На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на…

Read More

Најкритично со пожарите вечерва е во околината на селото Будинарци каде гори борова шума. Околу селото се распоредени дежурни екипи кои се обидуваат да го совладаат огнот. – Дежурни екипи со подршка на локалното население се распоредени околу село Будинарци, напиша вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил. Критично денеска беше и во Мачево и Робово. На терен во Малешевијата, покрај противпожарните единици, шумските стопанства и местното население, интервенираат и екипи на противпожарните служби од Словенија, од Австрија и од Бугарија.

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва соопшти дека е приведен 34-годишен жител на гостиварското село Добридол, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото. – На 05.08.2021 во 19:05 часот, во врска со пожарот во с. Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б. (34) од истото село. Поради постоење основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во соопштението. Ова е петто приведено лице осомничено за предизвикување пожар во последните три дена. Во текот на денешниот…

Read More

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски вечерва ги посети припадниците на Армијата во Оперативниот центар на Првата пешадиска бригада во село Тработивиште, делчевско, кое беше едно од најкритично зафатените подрачја во државата. Тие го информираа за активностите во изминатите неколку дена и нивните обврски како поддршка во гасењето на пожарите во оваа област. – Ова што го чув од последниот брифинг од Армијата е дека ситуацијата е под контрола, што е добро. Се надевам дека и временските прилики, со помалку ветар, во наредните денови ќе ни одат во прилог. Инаку, не можевме самостојно, не можевме тоа да го…

Read More

По писмено барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите, Романија донесе одлука да испрати авион за гасење на пожари со поголем капацитет, соопшти Министерството за одбрана (МО). – Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари што е од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка, се вели во писмото што министерката Шекеринска го испрати до романскиот министер за национална одбрана,…

Read More

Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Ахли денеска и официјално го промовира Езгјан Алиоски (29) како свое ново засилување. Македонскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со клубот од Џеда, откако му заврши четиригодишната соработка со Лидс, со кој избори и промоција во Премиер лигата. – Од истокот на Англија до западот на Кралството Саудиска Арабија. Алиоски е во Џеда, објави вечерва Ал-Ахли на својот Твитер профил. Ал-Ахли е петтиот клуб во кариерата на Алиоски, кој почна во швајцарски Јанг Бојс. – Многу сум возбуден што започнувам ново патување со Ал-Ахли, изјави Алиоски по пристигнување во Џеда. Новата фудбалска сезона во Саудиска Арабија стартува идната…

Read More

Три хеликоптери од кои еден македонски и два српски се упатени кон беровското село Мачево, каде ситуацијата со пожарот е критична и има опасност за неколку куќи, соопшти попладнево на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско/делчевско/беровско) се додека има доволно дневна светлина, напиша Ангелов на Фејсбук.

Read More

Како исклучително тешки сè уште остануваат пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион – поточно кај селата Нов Истевник, Пасјак, Трботивиште и Разловци. Во моментот се дејствува со жива сила, со материјално-технички средства, со поддршка и помош од хеликоптерската единица на АРМ и на соседната држава Србија. Но, времето и условите се исклучително тешки. Јачината на ветерот е 60 километри на час и сето тоа ги отежнува интервенциите и придонесува да не може да се дејствува и да се спречи пожарното дејство, изјави попладнево раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски. Исклучително тешка…

Read More