Author: Sashko

Поради пожарите што го зафатија регионот на Пехчево и Делчево со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај. Како што соопштија, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно. Забраната ќе важи се додека се стабилизира состојбата со пожарите.

Read More

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави попладнево в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност. – Без паника. Безбедноста на луѓето на прво место. Доколку некој е загрозен од пожарот, веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат. Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност. Безбедноста на луѓето на прво…

Read More

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото. На терен се пожарникари од Делчево, од Берово и од Македонска Каменица, потоа припадници на Армијата, локално население, доброволци и вработени во шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање. Ситуацијата е алармантна. Во моментот она што е најважно, според учесниците во гаснењето,…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, додека УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени. Утре ќе се задржи стабилно и многу топло време со повремено засилен ветар од јужен правец. Одново ќе биде активирано…

Read More

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ се чека од 30 до 40 минути за влез во државата, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози. МСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со неговиот српски колега Александар Вулин попладнево престојуваа во Старо Нагоричане, каде е локализиран пожарот што беснееше во текот на вчерашниот ден, но, како што наведе Спасовски, поради теренските специфики и временските услови бара насочување на добар дел од капацитетите за да се избегне ризикот од негово повторно ширење. – Во текот на вчерашниот ден, особено во попладневните часови, се соочивме со навистина сериозна ситуација со 13 активни пожари, посебно на источниот дел од државата, од кои дел и на тешко пристапни локации, што беше причина да ја напуштам свеченоста на Мечкин Камен…

Read More

Тревата зад скопското средно училиште „Димитар Влахов“ е зафатена од пожар, информираат од Противпожарната служба – Скопје. Оттаму соопштија дека се испратени екипи на терен кои работат на гаснење на огнот.

Read More

Заради неисплатен втор дел од платата за месец јуни, машинскиот персонал во „Железници на Република Северна Македонија“ (ЖРСМ), од попладнево (16 часот) стапи во бојкот, потврди Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ – Транспорт. Бојкотот на машиновозачите, според најавите на Димовски, ќе трае до утре во 11 часот за кога е закажена средба со менаџметот на ЖРСМ. – Од 16 часот во мирување е собраќајот во ЖРСМ. Имам притисоци од менаџметот ама ќе издржиме. Ќе се вратат само возовите што утринава тргнаа кон Битола и Гевгелија. Ќе видиме утре дали ќе има промена по состанокот со менаџметот, изјави…

Read More

Вечерва нешто по 20 часот повторно е отворен граничниот премин „Богородица“ кој беше затворен поради пожарот што избувна попладнево во негова близина, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Пожарот што избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин „Богородица“ е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаја да ги скротат пламените јазици и да ги спасат објектите на потегот кон ГП „Богородица“ од поголема опасност. Поради интервенцијата на пожарникарите, од системот на електрична енергија беше исклучен објектот на ГП „Богородица“ и преминот беше…

Read More

Земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран попладнево во 17:10 часот со епицентар во реонот на Струмица. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, го регистрирала земјотресот чиј епицентар бил на 120 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје. Земјотресот бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Read More

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека, според податоците до 18 часот, на територијата на државата се активни неколку пожари во скопскиот, во струмичкиот, во кумановскиот, во охридскиот, во битолскиот и во штипскиот регион. Пожарот кај село Градманци во скопско е активен. На лице место има четири екипи од БППЗ, една екипа од ШС Караџица и екипа од Општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртот кон село Долно Коњари. Известени се надлежните од општините Петровец и од Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи, информираа од ЦУК. Во Струмичкиот регион, шумскиот…

Read More

Граничниот премин „Богородица“, сепак, е затворен за сообраќај од македонска и од грчка страна поради пожарот што избувна попладнево крај Гевгелија. Засега е непознато кога ќе биде повторно ставен во функција, па затоа возилата се пренасочуваат на ГП „Стар Дојран“. Огнените јазли во близина на преминот се изгаснати, меѓутоа се чека ситуацијата во целост да биде смирена за повторно дигање на рампите на „Богородица“.

Read More