Author: Sashko

Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а во партнерство со Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје се одржа меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: Рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“. Во своите дебати учесниците на конференцијата, која се одржа со физичко присуство и онлајн, зборуваа за прашања поврзани со размислувања и процеси околу распаѓањето на Југославија и за тоа што се случуваше во изминатите 30 години во поранешните југославенски републики и што се случува денес. Професорот Мерсел Билали, меѓу другото, збрувајќи за животот во земјите од поранешна Југославија, истакна…

Read More

Зградата на словачкиот парламент денеска беше затворена поради дојава за наводно поставена бомба, јавија словачките медиуми. Никој не смее да влегува или да излегува од собраниската зграда. Портпаролката на парламентот, Михаела Јурцова, за ТАСР потврди дека постои безбедносен ризик и дека полицијата во моментот проверува делови од зградата отворени за јавноста.

Read More

Закон за евтаназија од денеска е во сила во Шпанија, што ја прави четврта земја во Европа која им овозможува на пациентите со неизлечива болест доброволно да стават крај на страдањата. Законот беше еден од приоритетите на владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез. Долниот дом на Парламентот го усвои законот во март. Покрај Шпанија, евтаназијата е легализирана во Европа во Холандија, Белгија и Луксембург.

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – убиство, при што на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, по претходна расправија и физичка пресметка, се обидел да лиши од живот едно лице. Како што информираат од Обвинителството, осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент, како што стои во соопштението, осомничениот извадил пиштол и испукал три проектили кон оштетениот, нанесувајќи му огнено-стрелни…

Read More

Убедена сум дека со добри резултати ќе ги демантираме и најголемите скептици. Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого сè повеќе ќе расте. Видовте дека последните денови по одлуката на Бугарија посилна е критиката што доаѓа од другите европски градови отколку разочарувањето и критиката кои оправдано доаѓаат од кај нас. Ова го изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за…

Read More

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) се согласија да обезбедат околу три милијарди евра помош за Турција според договорот за мигрантите, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од турската приватна телевизија НТВ. Нејзината изјава доаѓа еден ден по барањето на шефовите на држави и влади на ЕУ до Европската комисија да даде официјален предлог во врска со финансирањето што ќе се обезбеди за Сиријците во Турција и другите земји. Како што е наведено во декларацијата, меѓу темите за кои се разговарало биле состојбата во Источен Медитеран и односите меѓу Турција и ЕУ. Текстот го поздравува намалувањето на тензиите во источниот дел…

Read More

На граничниот премин Табановце претпладнево се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез во земјава е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за…

Read More

Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а со партнерство на Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје, ќе се одржи хибридна (со физичко и on-line присуство) меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“. Како што стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања, научните дебати ќе го рефлектираат широкиот спектар на прашања поврзани со размислувања и процеси околу распадот на Југославија, а поканети се научници, студенти на докторски и магистерски студии, истражувачи и практичари од историјата, политичките науки, економијата, антропологијата/етнологијата, историјата на уметноста, географијата, социологијата,…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека најранливата популација, како што се повозрасните лица, секоја година ќе треба да примат дополнителна доза на вакцина за заштита од сите соеви на коронавирусот, се вели во внатрешен документ во кој имале увид западни агенции. Што се однесува до општата популација, се проценува дека ќе треба дополнителна доза на секои две години. Таа проценка е вклучена во извештајот што треба да се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ) која управува со програмата на СЗО, Ковакс. Не е наведено како е донесен тој заклучок, но според основното сценарио, нови варијанти на вирусот…

Read More

Основен кривичен суд Скопје денеска соопшти дека завршните зборови за предметот поврзан со настаните од 27 април ќе се одржи на 1 јули. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10 часот, се наведува во соопштението од Судот.

Read More

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи околу полноќ имала сообраќајна незгода, пренесоа медиумите на албански јазик во земјава, информација што е потврдена и од Министерството за внатрешни рабтои (МВР). -На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул. „Македонско Косовска“ и ул. „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум…

Read More

Сто илјади дози на вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во државава. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Откако Агенцијата за лекови ќе издаде дозвола за пуштање на сериите во промет, тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека задутре во 14 и во 16 часот на аеродромот во Скопје ќе пристигнат и 500.000 дози од вакцините на „Синовак“. Тој смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со ковид-19, но предупредува…

Read More