Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси“

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 25, 2021 10:58

Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а со партнерство на Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје, ќе се одржи хибридна (со физичко и on-line присуство) меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“.

Како што стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања, научните дебати ќе го рефлектираат широкиот спектар на прашања поврзани со размислувања и процеси околу распадот на Југославија, а поканети се научници, студенти на докторски и магистерски студии, истражувачи и практичари од историјата, политичките науки, економијата, антропологијата/етнологијата, историјата на уметноста, географијата, социологијата, психологијата, културното наследство, медиумите, архитектурата, како и други дисциплини во хуманистичките, општествените и други науки и уметности.

За официјален почеток на физичкиот распад на СФР Југославија, се посочува, најголем број автори го сметаат 25 јуни во 1991 година, кога Собранието на Република Словенија еднострано прогласи независност, а два дена потоа започнаа вооружените судири помеѓу ЈНА и Територијалната одбрана на Словенија.

ООН ја признаа независноста на Словенија, на Хрватска и на Босна и Херцеговина на 22 мај во 1992 година, а претходно на 29 ноември 1991 т.н. „Бадинтерова комисија“ на Европската заедница (подоцна Европската унија), составена од претседателите на уставните судови на Франција, на Германија, на Италија, на Шпанија и на Белгија, објавија „Мислење“ со кое се констатира дека Југославија се распадна, а границите меѓу бившите федеративни единици ќе се сметаат како државни граници на новонастанатите држави, кои, со сила не можат да се променат.

Некои авторитети, стои во соопштението, мислат дека распадот продолжи и потоа, со независноста на Србија и Црна Гора, но и со едностраното прогласување на независноста на Косово, во 2008 година.

Меѓу другото, се подвлекува дека се смета оти процесот на распаѓање заврши со Дејтонскиот мировен договор во 1995 година.

– Во април годинава балканската, но и пошироката светска јавност се разбрани со веста дека словенечкиот премиер Јанез Јанша, наводно, испратил т.н нон-пејпер до авторитетите на ЕУ во Брисел под наслов: „Конечното распаѓање на Југославија“, што значи дека во некои кругови сè уште се размислува за дополнителни менувања на постоечките граници на територијата на поранешна Југославија, стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања.

Јавноста кај нас, но и пошироко, посочуваат во соопштението, со големи емоции реагира по социјалните мрежи на неконвенционалните изјави на ексминистерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, дека Северна Македонија не може да започне преговорите со ЕУ, односно Бугарија ќе ја блокира, сè додека се почитува и слави ликот и делото на Јосип Броз Тито.

Триесет години по крвавиот распад, се поставуваат прашања за многу феномени што се поврзани со постоењето и распадот на СФРЈ: дали постои југословенство, југословенски идентитет, југоносталгија, (пост) југословенска култура и југословенско наследство?

– Смртта на некои музички и филмски екс ју ѕвезди, духовно ги обедини граѓаните од сите држави што произлегоа од СФРЈ заедно да тагуваат. Луѓето излегуваа по градските плоштади и колективно пееја песни на починатите Оливер Драгојевиќ и Ѓорѓе Балашевиќ, со прилично голема доза на емоции на југо-носталгија. Впечатливо беше и како граѓаните од сите екс ЈУ земји, неколку седмици, тагуваа за Тоше Проески, музичка ѕвезда, што својата слава ја направи по распадот на Југославија, насекаде доживуван како „наша ѕвезда“. Познатиот режисер Лордан Зафрановиќ, во една прилика ќе изјави: „Титовата Југославија беше врвот на цивилизацијата на тие несреќни народи и сметам дека никогаш повеќе во својата историја нема да бидат на тоа ниво, со угледот, со силината, со социјалните состојби, кога имаа бесплатно школство, болници, летувалишта, кога цветаше уметноста“, стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања.

Македонија Меѓународна конференција Процеси Распад Рефлексии СФРЈ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.