Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерството за финансии попладнево соопшти дека се обезбедени нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, од кои 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните и 100 милиони евра од ЕИБ за евтини кредити за мали и средни претпријатија. Во соопштението се наведува дека денеска е префрлена втората транша од 80 милиони евра, од вкупно 160-те милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија (ЕУ) за надминување на кризата, а од друга страна денеска во Собранието е усвоен законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини…
Северноатлантскиот совет денеска попладне одржува состанок во две одделни сесии на ниво на министри за надворешни работи и министри за одбрана, на кои ќе учествуваат министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Целта на состанокот, како што информираат од Министерството за одбрана, е финализирање на подготовките за Самитот на НАТО, закажан за 14 јуни 2021 година во Брисел, каде главна тема ќе биде НАТО 2030 иницијативата, која има за цел подготовка на Алијансата за идната декада. На состанокот на министрите за одбрана се очекува да бидат потврдени одлуките за зајакнување на единството и определбата за…
Земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите против ковид-19, треба да го земат во предвид глобалниот недостиг на вакцини, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ апелира да се одложи вакцинирањето на младите во богатите држави и оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде приоритет само кога се во голем ризик. Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела одобри имунизација на деца од 12 години со вакцината на „Фајзер“/„Бионтек“, а Европска комисија (ЕК) вчера ја одобри употреба на истата вакцина кај деца на возраст од 12 до 15 години. ЕЦДЦ…
Седум земји-членки на Европската Унија (ЕУ) од денеска воведуваат систем на сертификат за ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули. Како што соопшти Европска комисија (ЕК), ковид пасош од денеска воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето. Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале ковид-19. Условите ќе варираат бидејќи одлуките се нодат на национално, а не на ниво на ЕУ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со ново повторување на старото барање – оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Тој притоа истакна дека се работи на создавање на ново парламентарно мнозинство, процес во кој, како што вели, е опфатен и дел од пратеничката група на СДСМ и јавноста ќе биде информирана што се обезбедат потребните 61 пратеник. – Македонија нема повеќе време за губење и продавање, Заев мора да си замине, вели Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=yJaUso1-57I&t=52s Мицкоски го образложи барањето за предвремени парламентарни избори со неколку причини, како трговија со името, со идентитетот, со историјата, со блокирани евроинтеграциски процеси, со бесмилосно…
Главната уредничка на независниот белоруски медиум TUT.BY, Марина Золотова е обвинета за затајување данок, соопшти медиумот, наведувајќи дека тоа е измислица во рамки на репресивната акција против медиумите. – На Золотова и се заканува затвор од три до седум години доколку биде прогласена за виновна по сослушувањето зад затворени врати, соопшти TUT.BY. Золотова е „обвинета за соучесништво во затајување данок од особено големи размери“, а властите досега не ги коментираа овие обвинувања. Во TUT.BY беа уапсени 15 вработени во рамки на акцијата против масовните протести против претседателот Александар Лукашенко што избувнаа минатата година по спорните избори. За време на протестите, TUT.BY беше една…
По повод Светскиот ден на детето – 1 јуни, Народниот правобранител потсетува на обврската за создавање на основни предуслови со кои секое дете ќе може да ги ужива правата загарантирани со Конвенцијата за правата на детето. – Тоа во пракса значи да се почитува детето како личност, да се сослуша неговото мислење и да му се овозможи непречено без никакви форми на дискриминација да си ги остварува правата.Само на овој начин ќе покажеме дека навистина се залагаме за почитување на најдобриот интерес на детето, се вели во соопштението. Народниот правобранител посочува дека голем број деца сè уште немаат пристап до…
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ денеска објави дека постепено ќе отвори седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај. Земји кон кои „Визер“ повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, „Визер“ ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихсхафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме. – Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или рекреативни патувања. Со бројните услуги што…