Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омбудсман: Детето да биде во агенди и стратегии на сите институции

0
By Sashko on June 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 1, 2021 16:22

По повод Светскиот ден на детето – 1 јуни, Народниот правобранител потсетува на обврската за создавање на основни предуслови со кои секое дете ќе може да ги ужива правата загарантирани со Конвенцијата за правата на детето.

– Тоа во пракса значи да се почитува детето како личност, да се сослуша неговото мислење и да му се овозможи непречено без никакви форми на дискриминација да си ги остварува правата.Само на овој начин ќе покажеме дека навистина се залагаме за почитување на најдобриот интерес на детето, се вели во соопштението.

Народниот правобранител посочува дека голем број деца сè уште немаат пристап до соодветно образование или го напуштаат, немаат здравствена заштита, живеат во крајно лоши услови, (субстандардни) живеалишта, без потребната грижа и под ризик од секаков вид на злоупотреба. Со децении нерешениот проблем на неевидентирани деца кои, како што се наведува, не можат да бидат запишани во матична евиденција и да добијат извод од матична книга на родени и натаму е пречка до било кое право утврдено со Устав и закон.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител укажуваат на системски слабости кои го оневозможуваат уживањето на правата и алармираат час поскоро институциите да изнајдат решенија за практично уживање на правата и обезбедување услови за нивен натамошен просперитет.

-Народниот правобранител на овој ден потсетува дека детето треба да биде во агендите и стратегиите на сите органи и институции. Истовремено укажува дека законите и другите правни акти во врска со детето треба да се креираат по мерка на детето, а одлуките да се носат само и исклучиво во негов најдобар интерес. Без оглед дали на локално или пак, на централно ниво се разгледуваат прашања поврзани со детето и неговите права, тоа мора да биде вклучено односно да се слушне гласот на детето. Само на таков начин, правата на детето ќе го добијат вистинското место и значењето кое го заслужуваат. Тоа е правилниот пат, на детето да се гледа како на носител на права и учесник во постапките на донесување одлуки, стои во соопштението.

дете Македонија Народен правобранител Светски ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.