Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американскиот Сенат едногласно одобри необврзувачка Резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините акции во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, пренесува „Њујорк тајмс“. Во Резолуцијата, усвоена во средата, се тврди дека „вооружените сили на Руската Федерација извршиле бројни погубувања на невини цивили и се обиделе да ги прикријат злосторствата на масовните гробници низ Украина“. Претставничкиот дом, долен дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја за спонзор на тероризмот. Сепак, со усвојувањето на Резолуцијата во Сенатот се врши дополнителен…
Добивката на американската фармацевтска и биотехнолошка корпорација „Фајзер“ во вториот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, објави денеска компанијата. Добивката се зголеми на 9,91 милијарди долари или 1,73 долари по акција, од 5,56 милијарди долари или 0,98 долари по акција во вториот квартал минатата година. „Фајзер“, исто така, соопшти и за приспособена заработувачка од 11,66 милијарди долари, или 2,04 долари по акција, за истиот период. Аналитичарите во просек очекуваа компанијата да заработи 1,80 долари по акција, според податоците собрани од „Томсон Ројтерс“. Приходите на компанијата во вториот квартал скокнаа за 46,8 отсто на 27,74 милијарди долари од 18,90 милијарди долари…
Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен денеска најави оти наскоро планира да разговара со неговиот руски колега, Сергеј Лавров. „Разговорот би требало да се реализира преку телефон во текот на оваа недела“, јави „Си-Ен-Ен“. Тоа ќе биде прв разговор меѓу шефовите на дипломатиите на САД и на Русија од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари оваа година. Блинкен на прес-конференцијата кажа дека нема да преговара со Лавров за Украина бидејќи, како што нагласи, САД не сакаат да расправаат за Украина со Русија без присуство на украинската страна.
Силен земјотрес вечерва јa погоди јужноамериканската држава Чиле. Јачината на земјотресот, како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, била 6,5 по Рихтер, со епицентар на 17 километри северозападно од Калама и на длабочина од 200 километри. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Инаку најсилниот земјотрес во историјата се случи токму во Чиле на 22 мај во 1960 година. Потресот беше со јачина од 9,5 степени според Рихтеровата скала и однесе 6.000 човечки животи, илјадници лица беа повредени, а два милиона луѓе останаа без своите домови. Пукнтината на земјата што се создаде кко последица на потресот беше…
Сообраќајот на регионалниот пат Демир Хисар – Прилеп е во прекин поради паднато дрво, соопшти вечерва Автомото сојузот на Македонија. Како што посочуваат оттаму, сообраќајот е во прекин од 21:50 часот.
Референдумско прашање со чиста формулација, без споменување на точки, договори и слично, кое би гласело „Дали сакате во ЕУ под вакви услови“?, предлага претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Фокус“, во случај да се реализира иницијативата на опозицијата во врска со усвојувањето на модифицираниот француски предлог за деблокада на процесот за интегрирање на Македонија во Европската Унија (ЕУ). „Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон…
Американските лекари соопштија дека е излечено лице кое живеело со вирусот на ХИВ од 80-те години на минатиот век, што е четврти таков познат случај во светот. На пациентот на 66-годишна возраст му била пресадена коскена срцевина за лекување на леукемија од донор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сака да го открие идентитетот, престанал да користи лекови против ХИВ. Рече дека е исклучително благодарен што повеќе го нема вирусот во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот состав на телото. „Кога ми дијагностицираа ХИВ во 1988 година, како и многу други,…
Нè чека една од најтешките зими во последните децении. Направени се сите подготовки. При крај сме со набавката на соодветните количини на мазут и јаглен, со цел да се зголеми домашното производство на електрична енергија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Тој, на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, рече дека во функција ќе биде ставен и третиот блок на РЕК Битола. „Целата претходна зима ја минавме со два блока во РЕК Битола и во одредени периоди работеше и блокот во Осломеј, а како замена го вклучивме ТЕЦ „Неготино“, кој не е вклучен од 2009 година, за да произведува…
Шефицата на британската дипломатијата, Лиз Трас, која е фаворит и за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет. На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на испораката на гас за Германија“, Трас одговори: „Токму тоа го прави. Исклучително е важно да останеме силни во борбата против неговата застрашувачка агресија“. „Ако дозволиме Владимир Путин да успее, тоа ќе предизвика невидена беда низ Европа“, рече Трас. „Знаеме дека Путин нема да застане само на Украина.…
До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“, по што граѓаните ќе бидат информирани кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање, велат од Управата за јавни приходи (УЈП). „Тимот на УЈП е целосно ангажиран, со цел во најкраток можен рок да заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања и веќе до крајот на неделата очекуваме да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и…
Пред нас се најголемите реформи во јавните финансии во изминатите две децении, врз кои ќе се гради систем што ќе продуцира повисоки стапки на економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, е најавено по средбата меѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски на која присуствуваа и раководителите на сектори во Министерството за финансии. „Станува збор за новиот реформски Закон за буџети (Organic Budget Law), поддржан од сите релевантни меѓународни институции, како и од политичките партии, и измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Овие закони, кои се во финална фаза во…
Од 40 до 60 минути е времето на чекање за влез во земјава попладнево на граничниот премин „Табановце“, соопшти Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.