Author: Sashko

Следејќи ги социјалните мрежи и дел од медиумите, се добива впечаток дека утре е денот Д кога или ќе се спасиме со НЕ или ќе не снема со ДА. Со должна почит кон револтот, кој масовно се изразува деновиве во однос на предложената рамка, сепак, мислам дека кон целата оваа ситуација треба да се пристапи со разум и со ладна глава. Ова е сериозен историски крстопат, кој го одредува правецот на нашето општество и идните генерации и оттука повторно, разбирливо, е вниманието со кое се следи целиот процес. Факт е дека Владата целосно потфрли во нејзината комуникациска стратегија, имајќи ја…

Read More

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден. Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население, се вели во информацијата на Министерството за надворешни работи. „Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена“, порачуваат од МНР.

Read More

Во тек е десеттиот протест против модифицирниот француски предлог за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија во Европската унија (ЕУ). Протестот, под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“ и со засилено полициско обезбедување, започна во 19 часот пред Владата и засега се одвив во мирна атмосфера. Демонстрантите моментно минaa покрај Министерството за надворешни работи, а нивна завршна точка, вообичено, е Собранието. Учесниците на протестот извикуваат пароли како „оставки“ и „никогаш Северна само Македонија“. Предвидено е пред Собранието, како што беше случај и во изминатите денови, да се обратат неколку говорници и да изнесат свое мислење дека франуцскиот предлог не треба да…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата „со крената глава“, иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано одошто сакал, објавија британските медиуми, откако поранешниот министер за финансии Риши Сунак доби најмногу гласови во првиот круг од гласањето за наследник на Џонсон. „Апсолутно е точно дека заминувам во момент кој не е по мој избор. Заминувам, но со крената глава“, рече Џонсон речиси една недела откако ја објави својата оставка, изнудена од масовните оставки на министрите и другите членови на неговиот кабинет по серија скандали. Денеска се одржа првиот круг гласање меѓу осумте кандидати за наследник…

Read More

Хрватот Даниел Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“, по кого беше распишана меѓународна потерница е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија и моментно се наоѓа во екстрадициски притвор, објави еспресо.мк. Тој и основачот на „Интерхолдинг“, Денис Фудуруќ, по кого сè уште се трага, се осомничени во случајот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири кој од нив, според македонското Обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција, нарачал изработка физибилити студија за реструктурирање на „Македонска пошта“. Зеќири, според Обвинителството, ги исплатил парите, без „Интерхолдинг“ да мине на тендер, но поранешниот генерален секретар на Владата негира…

Read More

Руското Министерство за одбрана објави обновена листа со бројки на странски платеници кои моментно се борат на украинска страна против Русија и во неа стои дека на фронтовите во Украина од почетокот на руската инвазија заминале 150 албански државјани, јави дописничката на МИА од Тирана. „Од почетокот на инвазијата во Украина, на 24 февруари оваа година, на фронтот заминале 150 лица од Албанија од кои загинале 51. Во билансот стои и дека 45 албански платеници досега ја напуштиле Украина, а 54 остануваат да војуваат“, јави „Ора њуз“. Телевизијата пренесува бројки и за платеници од Косово, од каде на украинска страна…

Read More

Хеликоптер, кој најверојатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации, станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8 со тројца или четворица членови на екипажот. Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот.

Read More

Физичка пресметка меѓу девојки во Градскиот парк била пријавена во полиција синоќа пред полноќ. Синоќа во 23:10 часот во СВР Скопје, К.П. (24) од Скопје пријавила дека во близина на Градски парк, поради претходно нетрпение, физички ја нападнала К.С. (31) од Скопје. Полицијата соопшти дека по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Read More

Поради новиот бран на коронавирус и зголемениот број на случаи меѓу персоналот, „Визер“ привремено суспендира линии кон неколку дестинации од земјите на поранешната Југославија. Со одлуката на нискобуџетната авиокомпанија се опфатени и двата македонски аеродрома. До 2 септември се откажани сите летови на „Визер“ од Дортмунд до Охрид, а летовите кон Гетеборг, Келн, Берлин и Фридрихсхафен од Меѓународниот аеродром во Скопје ќе се реализираат со намален обем, пренесува специјализираниот портал www.exyuavition.com. „Превозникот беше принуден да откаже стотици летови ова лето, а особено беа погодени операциите надвор од Обединетото Кралство и Унгарија“, наведува порталот и додава дека се можни и натамошни…

Read More

Во последните 24 часа се регистрирани 411 нови случаи на ковид-19 од кои 88 реинфекции. Евидентирани се и 210 оздравени пациенти, а починати лица нема. Како што информира Министерството за здравство (МЗ), направени се 1.153 тестови. Најголем број од новите случаи на ковид-19 има во Скопје – 208, а по главниот град следуваат Битола со 33, Куманово со 26, Прилеп со 21, Велес со 16, Струмица со 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен,…

Read More

Унгарија попладнево прогласи вонредна состојба поради состојбата во енергетиката, а официјална Будимпешта ќе забрани извоз и ќе го зголеми производството во пресрет на грејната сезона. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан нареди забрана на извозот на енергенси и на тој начин ја укина повеќегодишната граница на цената на комуналните услуги за домаќинства кои користат енергија над просечното ниво на потрошувачка. „Унгарската влада прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор“, потврди заменикот на премиерот Орбан, Гергели Гулаш. Мерките, кои вклучуваат и план за зголемување на домашното производство на гас на две милијарди кубни метри, ќе стапат во сила од август, со цел…

Read More

Приведени се уште две лица и против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).  https://www.youtube.com/watch?v=SLfugO7vSNQ Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишила од слобода Д.Ј. (32) и С.Ј. (18) од Скопје и во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. „Тие се сомничат дека на 5 јули 2022 година,…

Read More