Author: Sashko

Овие два документа, вакви-какви што се, не се прифатливи ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14, се трите заклучоци кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги соопшти по средбата со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. „Само треба да го одбијат предлогот,…

Read More

Горештина е надвор и таа дразни, го разбирам тоа. По објавувањето на рамката на Европскиот Совет (нема француски предлог, туку рамка која е дефинирана во рамки на француското претседателство), се изнаслушавме сè и сешто. Во коментарите кои можев да ги проследам, слушнав многу емоции, но многу малку аргументи за или против. Јас, лично, работам 25 години на темата европски интеграции и искрен да бидам, никогаш до крај не сум ги разбирал техничките аспекти на процедурите, така што веднаш се декларирам како неексперт во конкретниот случај. Од луѓето кои се декларираат така, исто така, не слушнав нешто што би можело да…

Read More

Од претседателот Стево Пендаровски, во делот на прашања од новинарите по состанокот на Советот за безбедност, беше побаран став и за неодамнешната Фејсбук пцовка на негова адреса од лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Од прилика знам за каква креатура се работи, каков резон има, но навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можат да разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека е крајно нечовечки да ми пцуеш гроб на почината мајка“, рече Пендаровски. Но, претседателот не…

Read More

Одлуката за прифаќање на модификуваниот француски предлог нема да биде ниту историски триумф, како што би сакале да кажат од едниот камп, ниту ќе биде историски неуспех или дебакл, како што велат оние од другиот камп, изјави претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила „Водно“. „Според мене, станува збор за транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции во која се важни три елементи и затоа предлогот, според мене, во овој формат, во оваа фаза е прифатлив. Прво, со предлогот ја креваме бугарската блокада, која трае повеќе од две години, и дозволува формално отворање на…

Read More

Почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во клубот на пратеници. Договорена е за францускиот предлог за кревање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Средбата е дел од низата на планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство. Премиерот веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Се очекува, по завршувањето на денешната средба, Ковачевски и Мицкоски да…

Read More

Францускиот предлог треба да се прифати, е ставот на Партијата на пензионерите. „Партијата на пензионерите констатира дека предлогот на француското претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ. Извршниот одбор на седницата на 2 јули донесе едногласен заклучок со кој го поддржа ставот на претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски нашето државно раководство да го прифати новиот предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ“, се вели во соопштението на партијата.

Read More

Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ изјави дека штом Србија стане членка на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да се усогласи со политиката на воведување на санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. „Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“, изјави Јоксимовиќ во интервју за весникот „Курир“. Таа оцени дека новата влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија. „Во текот на наредната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија,…

Read More

Македонски тим математичари освои четири медали на jуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) во 2022 година која се одржа во Сараево од 28 јуни до 3 јули. Како што соопшти Сојузот на математичари на Македонија, Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски, сребрен медал, а Димитар Фидановски и Марко Митевски освоија бронзени медали. „На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева. Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови. Ова е најголем успех во последните десетина години“, информира Сојузот на математичари.

Read More

Во кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски почна состанокот на Советот за безбедност, на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На состанокот присуствува и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог…

Read More

Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови се очекува да слетаат на аеродромот во Софија за да ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според непотврдени информации, вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е над 100 лица. Двата лета се закажани за денеска попладне. Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, на 28 јуни соопшти дека неговата земја протерува 70 руски дипломати и технички персонал од руската Амбасада во Софија. Исто така, се протерува и перосналот на руските генерални конзулати…

Read More