Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Не е во ред да се потсмевате, да се смеете, да бидете зајадлив, циничен и саркастичен за нечија бременост- во случајов, на Гордана Јанкуловска. Прочитав над стотици коментари на социјалните медиуми токму со вакви реакции, и ништо од ова не може и не смее да биде протолкувано како очекуван, разбирлив и логичен след на настаните. Оваа вест се дозна откако Јанкулоска поради „ризична бременост“ не дојде на рочиштето за “Тенк”- за луксузниот „Мерцедес“на Груевски вреден 600 илјади евра. За овој случај се обвинети поранешниот премиер, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски.…
Низ годините и децениите како поминуваа, сум запознала неколку министри за култура. Ако ја изземам Елизабета Канчевска, сите тие имале ѓаволски тешка работа, можеби најтешката воопшто. Да работат со уметници. А уметниците пак, немаме дилеми дека тоа е таа ужасна, чудесна, најпрекрасна сорта, која ја има, барем така мислам, којзнае колку сум во право, земете се со резерва што ќе кажам, но, ја имаат најтешката професија на светот. Да не се бавиме сега со цитати, особено на оние на кои им се восхитуваме, што се не кажале за уметноста. Тие, оние најголемите, се и најтешките со кои може да се…
Во 2004 година, Максим Димитриевски, денес градоначалник на Куманово, имал 29 години. Не велам дека тоа се зрели години, дека со отворени очи можете да ги распознаете страните на светот, да знаете каде се мести главата на перницата и дали воопшто мора да се спие со будилник над центарот за рамнотежа. Тогаш кога понекогаш ја активираате главата, се прашувате каде таа е поврзана и зошто служи, уште не ви е јасно зошто ноќта мора да биде толку темна, а лисјата да ви прават сенки во собата. Не е се педантно секогаш на тие години, ништо во главата не е распоредено…
Ерата на интернетот особено во Македонија се претвори во меч со две острици- најпрво, стана ера на демократизирање на медиумската сцена, особено во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога голем дел од новинарите отворија сопствени портали, најчесто основани преку невладини организации, откако комерцијалните традиционални медиуми беа или затворени (А1 ТВ, дневните весници Шпиц, Време, Коха Ре, потоа весниците од МПМ) или преструктурирани во нов сопственички бран, кој тесно се врза со владејачката партија (Алфа, МПМ, Канал 5, Сител). Но, во исто време, окупацијата на интернетот на јавната сфера е поврзана со дивеење на интернет порталите во неколку сегменти: дел од…
Бруи аплауз во целата јавност, откако министерот за финансии Тевдовски го кажа својот став дека треба да се воведе стапка на прогресивен данок од 18 отсто за приходите над 1.000 евра, иако има и еден поинаков концепт- особено зачудувачки за вицепремиерот Анѓушев, кој како и премиерот Заев бара долгорочна дебата и анализа за конечна одлука. Но, идејата на Тевдовски е вредна за размислување, од многу причини, и затоа е добро веднаш да се отфрлат застарените сфаќања на Анѓушев и Заев кои навестуваат левичарски одлуки, особено заради фактот што доколку бидат применети, ќе најават праведно општество кое ја слави демократијата, кое…
Мобингот е многу често врзан за политичките притисоци, иако не мора секогаш да биде случај- конечно, многу од интервјуираните новинари кои работат во комерцијални медиуми не ја гледаат докрај оваа врска и се фокусирани на лошиот третман кон нив од страна на главните уредници или некои од уредниците, или како вели долгогодишната новинарка Искра Новаковска: “Во новинарската професија зборот мобинг е само пристоен израз за ниските удари кои ги доживуваме и преживуваме….Нив сум ги имала многу и се трудам да ги заборавам, но и да не му ги направам никому”. Искра Новаковска Иако ниту еден од новинарите кои беа интервјуирани…
Јадете и пијте министри, никогаш не е доста, секогаш е премалку, недоволно, налевајте се, потурајте се, не бришете се, нека се цеди сета храна и пиење од вас, нека ги собираат капките кои ви течат од брадата, нека ги лижат кучињата кои ве следат, и тие нека се засладат, и тие нека видат во што може да се претвори една власт. Една власт која покажа дека е незаситна, граблива, алчна, власт која не заслужува да биде нечија власт, наша најмалку. Само за шест месеци, само шест месеци ви беа доволно. Погледнете ги податоците на трошоците на министрите за овие шест…
Политичките притисоци со кои се соочувани новинарите во Македонија низ децениите, без оглед на промените на влајачките структури, многу ретко ја мобилизираа новинарската заедница. Најголемиот отпор на новинарите кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше манифестиран во 2013-2014, со серијата протести по апсењето, а потоа и затворање на Томислав Кежаровски за објавени текстови во списанието “Репортер 92”, за што судот го обвинува дека открива идентитет на заштитен сведок, но тогаш кога Кежаровски ги објавува текстовите за случајот Ореше во 2008, сведокот нема статус на заштитен сведок. Кежаровски добива затворска казна и покрај напорите да се докаже дека делото најмногу може да биде дефинирано…
Малиот Алмир, четиригодишното дете е мртво по втор пат, откако еднаш веќе беше прегазено од Бобан Илиќ, пред скоро две години. Се случила банална расправија помеѓу таткото на Алмир, која прераснала во физичка пресметка, по што Илиќ во обид да побегне, со автомобил го прегазува детето. Тој деновиве доби преквалификација на делото- од убиство, во сообраќајна несреќа со смртни последици. Братот на Илиќ, по излегувањето на судот, според снимките и фотографиите на медиумите, покажа среден прст кон семејството на малиот Алмир. И така, дојдовме до тоа што ни припаѓа на сите нас- тој среден прст е се што заслужува оваа…
После десет години владеење на Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, промената на власта и стапувањето на сцена на СДСМ, во политички и медиумски контекст, доведе до олеснување и дишење со леснотија од страна на довчерашните, критички и опозициски медиуми, додека медиумите кои ја поддржуваат сегашната опозиција- ВМРО-ДПМНЕ, неретко нарекувани “про-вмровски” медиуми, го имаат најголемиот предизвик со кој досега веројатно тешко дека биле соочени- да се трансформираат во професионални медиуми, чувари-кучиња на јавниот интерес, наспроти политичките интереси, како и на сите интересни групи и поединци, кои поседуваат моќ и се обидуваат да извршат влијание и да ги заштитат сопствените интереси. Шарената револуција…
Пријатно, како што само крвта може да изгледа, милозвучно, како што само таа може да звучи кога блика, така изгледа заканата која братот на Бекир Асани, високиот функционер на ДУИ, му ја упатил на Насер Селмани и неговото семејство- мојот колега и претседател на Здружението на новинарите, откако напиша на Фејсбук дека правната држава клекна на колена, по инцидентот со Асани и полицајката, она физичко пресметување за кое сите ние треба да се извиниме. Откако Селмани го пријавил инцидентот, како што читам, Јавното обвинителство не нашло елементи на закана во таа порака. Нека ни простат и Јавното обвинителство и Асани…
ДУИ се ретка, заштитена ѕверка, не пукајте во нив, смилувајте се. Никогаш не е време за нив, затоа што секогаш има време, бесконечно многу време за нив, за нивното присуство, дури и во паралелните светови, каде, ех, колку се надеваме, дека таму се подредено, праведно. Таму злата и политичките правила на покорност се елиминирани, Ахмети има во тој свет поинаков тек на животот, таму тој не ни е судбина, не владее со Заевото царство. Не треска на масата кога тој сака да добие збор, не му ги поткусува на Заев ногарките од владината маса, за тој да изгледа повисок, позначаен,…