Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парталавите соништа на Канчевска

0
By Биљана Секуловска on April 14, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 14, 2018 11:52

Низ годините и децениите како поминуваа, сум запознала неколку министри за култура. Ако ја изземам Елизабета Канчевска,  сите тие имале ѓаволски тешка работа, можеби најтешката воопшто. Да работат со уметници.

А уметниците пак, немаме дилеми дека тоа е таа ужасна, чудесна, најпрекрасна сорта, која ја има, барем така мислам, којзнае колку сум во право, земете се со резерва што ќе кажам, но, ја имаат најтешката професија на светот.

Да не се бавиме сега со цитати, особено на оние  на кои им се восхитуваме, што се не кажале за уметноста.

Тие, оние најголемите, се и најтешките со кои може да се работи- велам, така тоа низ годините, како поминувале, ќе ви го кажат и многу министри за култура.

Ја изземам Елизабета Канчевска, се разбира.

Роберт Алаѓозовски, актуелен министер за култура

Но, многу тие министри се до денес,  а ги имаме најдобрите- еден Алаѓозовски, еден Унковски, еден Исмаил, еден Алиу…, сите тие секогаш им служеле на оние кои ги носат тегобите на професијата, уморот, товарите, ѕвездените мигови- на уметниците, и со тоа на самата уметност.

Ја изземам Елизабета Канчевска, секако.

Слободан Унковски, поранешен министер за култура

Не се парите секогаш во прашање тоа што најмногу ги мачело уметниците низ годините, низ вековите. Конечно за нив, за парите, за целокупниот буџет, не решаваат навистина министрите за култура.

Да ги прашате нив, а и сите нас, би ви објасниле секако дека тој буџет мора да има зацртано некакви визии- како треба да изгледа државата и на кој начин таа и воопшто ќе опстои- тоа може само уметноста, културата да ви го гарантираат.

Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура

Секако дека културата мора да биде високо на врвот во буџетската распределба, но знаете веќе  како тоа оди. Имате пред вас строги и лути лица, брчки направени токму заради таа борба, тоа се министрите за финансии, кај некои тоа е заради нивните ограничени перцепции, кај други- кој ќе ги знае, разни мотиви.

Затоа и културата отсекогаш куцкала во оваа држава, била инвалидизираното, несакано дете, се сметала нешто како попатна тегоба, како да ќе ги облее студена пот, па мора да се интервенира краткорочно, но многу и не и се придавала важност.

Министрите за култура, како и уметниците, самата уметноста, секогаш биле третирани токму така од владите- како зло кое мора да се трпи и чува во исто време, да се негува и растура, да се цени и потценува.

Елизабета Канчевска, поранешна министерка за култура, излегува од сопственото судење

Но, дојде поинакво време тогаш кога владеше Елизабета Канчевска како министер за култура, тоа беше ера на вистинска експлозија на расцветувањето на културата, уметноста, визиите.

Таа беше се што никогаш ниту еден министер не можел да биде, затоа што не посакувал, пред се. Градеше, проектираше, лееше, сликаше, заковуваше, ги мазнеше сите оние барокни чудовишта, ги милуваше златните лавови и жалните врби, стана карикатура заедно со нив. Но, што да се прави- такви се патиштата, тогаш, кога во халуцинациите за уметноста се зема една сметководителска книга и мало, сјајно машинче за броење на пари.

Сиот тој апсурд, тој срам од уметност беше овенат, исушен и ничкосан пред нејзините нозе и пред да се замисли воопшто, но тоа и беше големата идеја, тоа беше и смисолот на таа криминална идеја. Да се создава нешто што не постои, да чини стотици милиони, да се распаѓа пред сечии очи, да се ситни, дроби и размачкува пред да се земе шајката, длетото, четкичката.

Денеска ги слушаме, сведочиме за  најубавите години на оваа министерка за култура, на Елизабета Канчевска. Слушаме како Миле Јанакиевски, тој министер за транспорт во Владата на Груевски, како и предлага на Канчевска да ги продаде сопствените алишта, за да ги плати долговите и така и да им ги даде платите на луѓето на кои им била должна како министерка.

Ви велам, уметниците, особено оние кои не носат и тоа на својот грб во поинакви димензии, особено тие, се невозможни да ги прилагодите, да ги припитомите, да ги растресете и да ги соочите со хартии, бирократии, пречки, влади, премиери, министри, баналности, тривијалности, дребулии, заморувања, здодевности.

Такви проблеми немаше Канчевска. Таа ги собра во скутот најнеталентираните, најмрачните, најдолните видови. Ги протресуваше од престилката секогаш ако ја кренеа главата, ако го отвореа едното око, или само трепнеа дека нешто им попречило во диоптријата кога ги броеле парите.

И се додворуваа, поклонуваа, и лазеа, снисходливи, ситни, морални џуџиња и џиновски криминални креатури во исто време, и се заблагодаруваа за книгите, поезијата, платната, штафелаите, касата која им ѕвецкаше во главите, удопствата кои никогаш немаше да ги доживеат како уметници, затоа што ништо и не заслужиле, најмалку да бидат нарекувани тоа- уметници.

Години поминаа, се додека сите тие сега ги бројат часовите и деновите, кога ќе чукнат на вратата на некое обвинителство, и исто така снисходливо, свиткано, очајни, како да ги нема, се пријавуваат за сведоштва, за сопствените злосторства, не само на нивната министерка, на која толку и беа благодарни.

Мислеа дека направила уметници од нив, како да не знаат, а не знаат, секако дека не знаат, дека министрите не создаваат уметници, не ја продаваат, ниту распродаваат, ниту ја пребројуваат и парчосуваат уметноста.

Тие, министрите, само сакаат да објаснат некому, ако сака тој некој да чуе, да знае, да сфати, дека ништо не е можно без уметноста. Освен Канчевска- таа можеше само да го одживее тој свој долг и парталав живот само под еден услов- се ќе биде можно, само ако не се заплетка уметноста во тоа и не и уништи од свилените конци на фустанот, од така скап и славен, но толку евтин со талент креатор.

Тогаш секако дека се вади оној славен цитат со пиштолот, оној нацистички слоган и се пука- во празно: Кога ќе ми ја спомнете културата, јас веднаш вадам пиштол. Тоа е таа приказна за тажниот ќорец од куршум на Канчевска, на која алиштата и беа единствениот допир со уметноста, и тоа онаа најбезвредната и најпрезрената.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.