Author: Биљана Секуловска

Никој што и мисли добро на оваа земја, не би требало да биде против изборот на СДСМ, Венко Филипче да стане нов министер за здравство. Ако набрзина ја прегледате само со едно око неговата биографија, ќе ја цементирате вашата позиција- овој човек е идеален изданок на типичната македонска политичка култура. Веќе знаете на што мислам- тоа подразбира да се биде секогаш дел од власта, сеедно дали нејзината идеологија е криминогена и никако поинаква, затоа што само таа може да понуди молчеливост, обесхрабрување, потиснување на вредностите, на индивидуализмот, на борбеноста, на имањето став. Само така се наградуваат нашите првенци, свежите партиски…

Read More

Преписката помеѓу американската и руската амбасада за загадувањето во Македонија е една од највозбудливите во последно време, верувам дека ја знаете напамет, но накратко, дозволете со сласт да ја прераскажам. Идејата на Американците на Твитер беше едноставна, следејќи го очајот кој не завладеа сите со смртоносниот смог: да излезат граѓаните со идеи за почист воздух. Рускиот славен хумор со примеси на цинизам, особено интригантен во политичките препукувања експресно се наметна со одговор, се разбира на истиот Твитер: Со оглед на тоа што нашите пријатели од американската амбасада бараат идеи, сакаме да помогнеме со решенија: турскиот тек. Но, не, тоа не…

Read More

Ќе дојде тој ден, а тие сметководителски денови секогаш доаѓаат, кога Заев ќе седне на некое попатно столче, а такви за наша среќа ги има, тие се неугледни, на прв поглед незгодни за седење, но најдобри за функционерите кои сакаат и во иднина да го гледаат своето име на златната плочка на истата блиндирана врата. Удобните фотелји ве прават троми, мрзливи, заоблени, тие се најдобриот начин да станете неподносливо самоуверен, се опкружувате со искривени помали фотелјички на кои само другите седат, затоа што мали човечиња секогаш мора да има, за да се има разлика помеѓу само едниот, голем. Секојдневно сте…

Read More

Како вели Груевски, човекот кој стана дури и мртва буква на секоја можна хартија, на секое ливче, суво, овенато, свиснато, паднато, изгазено: “Ќе поднесам оставка пред органите на партијата, а еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата”. Да, секако, СДСМ горко ќе се кае за тагата што ни ја нанесува, за тој терор, таа духовна и секаков вид немаштија што ќе биде предизвикана од тресокот на вратата, тогаш кога ќе замине Груевски од неговата партија. Тогаш, кога тој ќе си отиде без да се сврти, ќе заплачат горко сите…

Read More

Како вели Груевски, човекот кој стана дури и мртва буква на секоја можна хартија, на секое ливче, суво, овенато, свиснато, паднато, изгазено: “Ќе поднесам оставка пред органите на партијата, а еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата”. Да, секако, СДСМ горко ќе се кае за тагата што ни ја нанесува, за тој терор, таа духовна и секаков вид немаштија што ќе биде предизвикана од тресокот на вратата, тогаш кога ќе замине Груевски од неговата партија. Тогаш, кога тој ќе си отиде без да се сврти, ќе заплачат горко сите…

Read More

Иако постојат одредени критики за потегот на владиката Наум- врачувањето ордени од редот Свет македонски крст на македонскиот и бугарскиот премиер Заев и Борисов, од страна на владиката Наум, веројатно не е се како што изгледа на прв поглед. Доколку си допуштите да се потпрете на вториот поглед, една доза на носталгија и навлажнети очи за старите добри времиња на христијанската црква во средновековието, секако дека ќе ви натежнат, во позитивна смисла. Сетете се со нежност само на најдоброто од црквата, тогаш кога нивната борба против науката вродуваше со расцветани плодови, сетете се на сите оние научници, сета онаа интелигенција…

Read More

Најдобро ќе беше никогаш да не ни се случеше книгата на мојот колега, новинарот Томислав Кежаровски- “Живот во кутија”. Ужасот на затворските денови на еден новинар е ужас низ кој поминуваше Македонија во време на груевизмот. Солзите на еден новинар, политички затвореник, се солзи на демократијата. Неговиот џелат беше и наш- Груевски, оној кого сега таа иста кутија го повикува, го бара, посакува- со гласот на правдата, кој е невозможно да се избегне. Тескобно и триумфално во исто време изгледаше промоцијата на оваа книга на Кежаровски, но, да, сите знаеме дека низ сето тоа моравме да поминеме. Тоа е ужасот…

Read More

Во политиката се изгледа дека навидум е лесно, се додека не излезете пред јавноста, пред оној народ на кој авторитарноста му е дел од покорната политичка култура, како македонскиот, гладен за потреба за харизматичен политичар, но не е тоа воопшто доволно или пресудно. Е, да, масите можете лесно да ги излажете, заведете, да упропастите цели генерации, народи, држави, особено тоа им оди на рака на оние харизматични лидери, но и на оние што се помалку заводливи за масите, или пак на оние кои воопшто не се- земете го за пример само Груевски, кој не наследи ниту прашинка од полнокрвната харизма…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=iDVFEoWL198 Предлогот на Владата Љупчо Јовевски да биде наследник на Марко Зврлевски за одредени кругови е контроверзен и несоодветен, за други- вистински избор. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој и самиот беше кандидат за оваа функција и ЉУбиша Станковиќ- главен и одговорен уредник на Порталот Судство, во дебата ги отвораат сите дилеми, критики и аплаузи за Јовевски.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=nMTD0bGXXzo Народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за НОВА говори за реакциите што во Собранието не се изгласаа препораките за реформи во сферата на човековите права и слободи, за изјавата на координаторот на СДСМ Томислав Тунтев дека биле дефокусирани и немарни, за можноста пратениците да му прават опструкции на Заев.

Read More