Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еден ден ќе се кае СДСМ

0
By Биљана Секуловска on December 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 2, 2017 13:54

Како вели Груевски, човекот кој стана дури и мртва буква на секоја можна хартија, на секое ливче, суво, овенато, свиснато, паднато, изгазено: “Ќе поднесам оставка пред органите на партијата, а еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата”.

Да, секако, СДСМ горко ќе се кае за тагата што ни ја нанесува, за тој терор, таа духовна и секаков вид немаштија што ќе биде предизвикана од тресокот на вратата, тогаш кога ќе замине Груевски од неговата партија.

Тогаш, кога тој ќе си отиде без да се сврти, ќе заплачат горко сите споменици натискани, прегрнати, заклештени едни со други за век и веков на Плоштадот во Скопје.

Ех, тогаш, токму тогаш, Заев и сите негови луѓе ќе свиснат, но нема да останат сами, ќе повикаат натажено да им се придружи маса на луѓе, две, три, десет маси, затоа што луѓе после нелуѓе мора да има.

Од нив ќе се издвојат најталентираните црногорски нарикачи, кои само еден српски филм може епски да ги прикаже. Ќе се изнаредат во тој политички погребален круг сите генерации, облечени во црна одора и уште погламјосани марами.

Од најмалото, најситното, штотуку замомено, до најстарата, со ситен и треперлив чекор, но таа е и најволшебната со глас, кој ечи, рика, татни, покренува вулкани и излева реки.

Ќе се кае, секако дека ќе се кае СДСМ тогаш кога Груевски ќе даде оставка.

Ќе се саморазнесе Мерцедесот, ќе се обесат сите банкарски сметки кои му припаѓаат, знајни и незнајни, ќе си вперат пиштол сите фирми, станови под лажни имиња, но нема да можат доволно да го исплачат. И за тоа ќе се кае СДСМ и сиот оној народ, кому уште никој не му кажал дека допрва ќе се открива како се е ограбено од претходната власт.

 

 

 

Тогаш кога Груевски ќе си оди од партијата, од болка ќе попука земјата, ќе се распарчи на два, па потоа на пет дела, на крај цела ќе се изрони, како песок, ќе се раскали и разводени, додека не стане жива кал, за да го пречека како што  редот, за да го дочека, за да го зграпчи и да не го пушти.

Нека не се грижи никој, земјата понекогаш знае и сама да се снајде, тогаш кога патот сам и се отвора, а уште подобро, кога некој и помогнал претходно во тоа.

Груевски самиот си ја отвори и ја пополни  таа дупка со своето присуство, треба сега некој само да ја потапка и да напише: Сега е предоцна да се покаеш, Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.