Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Во дебатата на НОВА ТВ со Биљана Секуловска за политичката криза и ќорсокакок во кој се најде Македонија, откако претседателот Ѓорѓе Иванов одбива да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговараат аналитичарот Петар Арсовски и адвокатот Звонко Давидовиќ. https://www.youtube.com/watch?v=z0RVhaoQIbk
Груевизмот создаде две спротивставени страни, две класи, два народа. Тврдокорни и Шарени. Патриоти и Предавници. Револтот, неверицата, доза на потсмешливост, тоа е она што го добиваат Тврдокорните од Шарените. Оние баби на улица што се прпелкаат пред Мисијата на ЕУ, кои го колнат, проколнуваат и пцујат Јоханес Хан, како и “старата бештија” Европа, сето тоа оди на контото на едно ново време, една нова ера која е веќе преживеана во регионот, попозната како милошевиќевизам. На Шарените им се сервираат сите нијанси на омраза, а Тврдокорните тоа го прават со особено задоволство, веројатно затоа што тоа е последниот спас за…
Се сетив за кого станува збор, тогаш кога прочитав дека првата дама на Македонија Маја Иванова и честитала на сопругата на азербејџанскиот претседател Алиев што станала потпретседателка (именувана од сопругот). Потоа, ја пофалила за сето тоа што досега го постигнала, а освен тоа ѝ посакала успеси во нејзините идни потфати. Освен тоа, сопругата на претседателот Иванов, ја поканила потпретседателката да ја посети Македонија, што е фина прилика да се урнат протоколите и да се прогласи вонредна состојба на умот. На што се сетив: Мехрибан Алиева е една од најголемите ѕвезди во Викиликс во 2010 година (извор: американската дипломатскатска пошта), кои…
Којзнае како дојдовме до тоа, кога тоа се случи, зошто не не одбегна: во македонцките работи да е запишана целата историја, целата вистина, целиот папок на светот, што би рекол Венко Андоновски, восхитувајќи и се на македонштината, од небо дадена, од земја покосена (викнете ах! во овој суров час!). Се тврди дека се цитира Андоновски низ социјалните мрежи (велам се тврди, затоа што не знам дали е точно дека е тој авторот), со еден громогласен повик: “Македонија е генетика, план божји што не се остварил. “Да се испита генетиката, матката на мајката и туѓата сперма, “о, мочковци проевропски”. Затворајте…
https://www.youtube.com/watch?v=nlfikR-YXLw Жени борци на годината се Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Дороти Пачкова, претседателка на здружението за самохрани мајки „Една може“, потоа новинарката, Менче Атанасова Точи која ја посветува кариерата на женските и човекови права, активистката Мерсиха Смаиловиќ, мајка и на починатото девојче поради злоупотребите на власта, Тамара- Жаклина Димовска, како и трите обвинителки, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.
Правата на жените во Македонија на почетоците на државноста биле акцентирани, со оглед на фактот што Ката Лахтова била претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија од 28 април 1984 до 24 април 1985 година и досега таа е единствената жена која застанала на чело на законодавниот дом. Ката Лахтова Лахтова од 1944 година е учесник во НОБ, кога што била примена и за член на Комунистичката партија на Југославија. Во НОБ била политички комесар на чета и заменик политички секретар на баталјон. Потоа, била секретар на Околискиот комитет на КПМ во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда…
Кога се фалшира, тогаш е најдобро да се пее за Македонија (вмровскиот новоговор би ме поправил: Македоња), но под услов тоа блескаво уметничко дело да го изведе еден оперски пејач. Потребно е да се вика Игор Дурловски, да приседне театрално во некој ходник на една од скалите и да ја отпее аријата со фолк мотиви “Кажи Анѓо мори, кажи душо”. Пеачкиот кошмар неопходно е да трае исцрпувачки 1 минута и 38 секунди. Кога велам исцрпувачки, тоа не се однесува на нечиј слушен апарат, затоа што и покрај завивањето, урнебесната комедија не се пропушта. Тоа мачилиште во кое се испуштаат крици…
https://www.youtube.com/watch?v=nPMO3UtnNbg Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, говори за пораките на официјален Париз по посетата на евро-комесарката Могерини: Да се почитува демократската волја, да се сопре со насилствата, особено кон новинарите, акцентирајќи ја улогата и значењето на медиумите во едно демократско општество.
Новинарката од Косово, Јета Џара од тимот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство, инспирирана од денешниот говор на министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц на конференција во Виена, вели тој никако не треба да зборува за слобода на медиумите. На еднодневната конференција на ОБСЕ во Австрија за слобода на медиумите посветена на состојбите во земјите од Западен Балкан, Џара и новинарите од регионот со негодување го слушаа Курц. Таа вели тој го поддржал екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски во својата кампања, а кој според неа, важи за најголем угнетувач на медиумите на Балканот, а сега говори за слобода.…
Тврдокорниот дел од македонската популација (колку што гледам, се работи за сто до двесте дезориентирани вмровски поддржувачи) официјално објави жестока и бескомпромисна борба против падот на Груевски. Но, овие тврдокорци, исто така се повикуваат и на борба против албанскиот јазик, кои во омразата и стравот од губење на власта на Груевски, забораваат на еден факт околу албанската Платформа: Груевски ја прифатил во преговорите со ДУИ, што беше јавно објавено од раководството на оваа албанска партија. Протестот на тврдокорните Но, основата на оваа Платформа, секако дека е албанскиот јазик. Барањето да се говори на мајчин јазик, не враќа 70 години наназад,…
Судијката Оља Ристова е една од ретките храбри судии кои говорат за партизацијата во судството, притисоците врз судиите кои соработуваат со СЈО, како и за Сваровски судството Биљана Секуловска, НОВА: Судијке Ристова, два пати бевте деградирана, всушност казнета – од Кривичниот суд сте преместени во Судот за прекршоци. Дали отворено ви беа кажани причините за смените? Оља Ристова, судијка: Причините за моето прераспоредување не ми беа отворено кажани, но од развојот на настаните во тој период очигледно се стекна впечаток дека смените и прераспоредувањата се длабоко поврзани со актуелните состојби, бидејќи на удар се најдоа судии кои имаа поинакво правно…
Тие плаќаат повеќе од 100 милијарди $ во данок на доход. Придонеле 106.9 милијарди $ во данок на доход на приходите во 2012 година