Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Танц на тврдокорните внуки

15
By Биљана Секуловска on March 25, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 25, 2017 11:27

 

Груевизмот создаде две спротивставени страни, две класи, два народа. Тврдокорни и Шарени. Патриоти и Предавници.

Револтот, неверицата, доза на потсмешливост, тоа е она што го добиваат Тврдокорните од Шарените.  Оние баби на улица што се прпелкаат пред Мисијата на ЕУ, кои го колнат, проколнуваат и пцујат Јоханес Хан, како и “старата бештија” Европа, сето тоа оди на контото на едно ново време, една нова ера која е веќе преживеана во регионот, попозната како милошевиќевизам.

На Шарените им се сервираат сите нијанси на омраза, а Тврдокорните тоа го прават со особено задоволство, веројатно затоа што тоа е последниот спас за нивниот духовен татко , но за некои тој е и финансиски родител, Груевски. Комбинацијата во која се заплеткаа и упорно срљаат е запаллива и опасна, што веројатно им дава дополнителна сила за да ги слушаат слепо сите наредби на синот и отецот и светиот дух, амин, Груевски.

Тој пак, од бункерот од кој повремено излегува за да даде по некое интервју и да ги охрабри своите чеда за нови походи и разулавеност, мисли, о, колку многу греши, дека во таа братоубиствена војна кој тој ја распалува и посакува, тој мисли, копнее да се врати се како порано.

Секако дека тој не посакува народ на улиците, дури и да се Тврдокорните, затоа што тоа се истите чеда кои се живи, разјарени, гладни, тие луѓе сакаат храна, да преживеат барем овој ден. Духовна, идеолошка, но и во буквална смисла храна.

Тие луѓе кои лелекаат и рикаат дека албанскиот јазик значи пропаст на светот, на нивниот живот, иако ако ги прашате, не знаат да објаснат зошто апокалипсата би ги погодила во тој неочекувано смртоносен случај за нив- употреба на друг јазик освен македонскиот.

Но, она што е важно е што тие луѓе, кои сега живеат по улиците,  треба да се прехранат, а единствениот задолжен за гастрономската и нутриционистичка церемонија е нивната икона, Груевски. Не тврдам јас дека сите тие луѓе директно се и биле корумпирани со свежи пари, секојдневно, тајно, обилно или потценувачки.

Се разбира дека веројатно сите и не се клиенти, можеби не оние во последните редови, на кои единствената храна која им ја нуди Груевски е суров патриотизам, опасен национализам и ветување за чување на државата со сите средства.

Тие опасноста и не ја гледаат сосема јасно, пропагандата низ оваа деценија им го сомлела животот, таа била единствената храна додека крчат цревата на нивните деца, сега секако дека со вилите и мотиките тие се подготвени да маршираат, затоа што друго и нема повеќе што да се понуди.

Тоа е така откако душата им ја изгризал мизерниот, сиромашен живот, за кој мислат дека е судбина, проклетија која е резултат на пропагандата на Груевски за патриотизмот за името на државата, сега дојде на ред јазикот, самата држава тој ја става под прашање, за на крај да нема што да се стори, освен да се пенави за судниот ден, во кој ги втурнал наивните, преплашените, необразованите, слабите, сиромашните.

Но, разгледајте им ги досиејата на Тврдокорните говорници, потоа на пропагандистите од типот на Драган Павловиќ-Латас и Ивона Талевска, прочитајте ги добро, еден по еден, помислете малку за сите финансиски и други злоупотреби со ваши пари, споредете ги со минатите никакви задоволства на скапи часовници, душеци, долна облека,  ставете го прстот на челото и сопрете го грашокот пот кој ќе започне да ви капе.

Освен тоа, во целата распалувачка машинерија, се раѓаат, негуваат и хранат нови ликови, нови рецитатори, нови спасители.

И така, после внуката на Мисирков, следеше внуката на Питу Гули, а потоа родена е една нова Жанета Вангели, почитувана уметница, професорка на Ликовната академија, сега Тврдокорна внука на еден од основачите на АСНОМ, непоколеблива во чувањето на македонскиот јазик во џеб, кој како што е познато, и без да биде скинат тој џеб, јазикот може да биде украден или да се измлитави и како желе низ рацете да се растопи и да исчезне како никогаш да не бил.

Танцот на тврдокорните внуки наликува на оној танц на волците, подготвени да му ја распарчат утробата на секој оној што ќе помисли дека чувањето на државата, подразбира стражарење кое би го спречило Груевски да оди во затвор.

Вајгл и Груевски

Има две опции: можеби се крајно наивни овие внуки, и навистина не знаат што се случува кога Груевски на европратеникот Иво Вајгл, според зборовите на последниов, му рекол- “Ќе одам до крај, не мислам да одам во затвор”.

Или можеби се претвориле во чуварки на клучевите на груевизмот, подготвени да пропаднат заедно со него, во бесмислениот крај, кој да го знае?

Во целата таа глутница на Тврдокорни и преплашени од друг јазик, освен македонскиот, на Груевски му се потребни нови внуци, нови следбеници, нови задојувачи со омраза, нова војска која би го спасувала исклучиво него, од мрачната иднина во која лебдат излупени, бар да беа златни решетки.

Нема понавредливо на еден народ да му кажете дека од секое племе не бидува држава. Но, уште понавредливо е еден народ да ја добие државата без капка крв да пролее и потоа, некое време потоа, да посака да докаже дека се претвора во племе, кое не заслужува држава.

Фото: Од лево на десно- внуките на Вангели, Мисирков и Гули 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.