Author: Биљана Секуловска

https://www.youtube.com/watch?v=RNakm4CXchc Новинарите Љубиша Станковиќ, Утрински весник, и Зоран Димитровски, Фокус, дебатираат за неодамнешната смрт на Коста Крпач, еден од клучните сведоци на СЈО, аболиран од претседателот Иванов иако немало против него покренато кривична постапка. Убиство или самоубиство, како бил пронајден застрелан, кој се имал клучеви од неговиот стан, кој го следел, зошто истрагата не дава ниту првични информации, кој се плашел од Крпач?

Read More

Со смртта на Коста Крпач, сведок во еден од случаите на СЈО, полека започнува да се затвора старото поглавје во државата чие име мафија одамна не е средно, туку единственото валидно, да биде запишано во регистарот на ОН. Разгледајте ја само површно оваа ситуација: смртта на Крпач на клучните актери им отвора можност задишано да се разбегаат и да здивнат после истрелите на пиштолот. Тоа тие така мислат, само тие така тоа го замислиле. Стапицата во која влегуваат откако се истоварија бомбите на Заев, таа стапица повторно сами си ја поставија. Во случајот Смрт на Крпач, нивното разбегување е…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=wKn8rHqdhF8 Борјан Ефтимов, студент, еден од притворените во Шарената револуција во интервју за НОВА говори зошто е осуден, зошто му е продолжен притворот, која била неговата улога на протестите, како и за поддршката од неговото семејство.

Read More

Мариглен Демири – член на партијата Левица во студио на НОВА говори за неговиот соборец Здравко Савески кој утрово беше приведен, ги повикува сите без разлика на политичка, етничка, верска припадност да бидат дел од Шарената револуција

Read More

Груевски е човекот кој го измисли Иванов, неговиот татко, пријател, политички љубовник, син, отец и свет дух, неговото второ јас, ако не и прво и единствено

Read More

Ние Македонците во Холандија, повеќето љубовни емигранти, но и по некој студент, инжињер, работник и хулиган, повикуваме на протест против корумпираното и криминално здружение кои со години веќе ја гушат слободата, правдата и еднаквоста во Македонија. Загрижени за политичките случувања во Македонија, огорчени од самоволието на режимот, но и охрабрени од масовната мобилизација на илјадници граѓани кои ја започнаа Шарената Револуција, ние даваме целосна поддршка на отпорот и на сите барања на граѓанското движење #Протестирам: – Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното…

Read More

Проф. Љубомир Фрчкоски во интервју за НОВА говори за планот на меѓународната заедница за Македонија: за изборите на 5 јуни, наметнување санкции, одбивањето на претседателот Иванов да ја повлече аболицијата,  по што следува нов договор- т.н Пржино 3.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=YIJ7BkSw5GQ Бизнисменот Фиат Цановски во интервју за НОВА говори за последниот случај на СЈО- рушењето на неговиот објект Космос, за бомбата- разговор Груевски- Јанакиески, каде се договара рушењето, за најавите за истрага за затворањето на сопственикот на А1 ТВ, Велија Рамковски со кој се фамилијарно поврзани.

Read More

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со ново писмо до претседателот Ѓорге Иванов, дополнително бара да ги поништи поединечните одлуки за помилување кои се однесуваат на него. „По вашата срамна прес-конференција одржана на 15 април 2016 година потврдивте дека не се водите од интересите на државата и граѓаните туку извршувате наредби за да го заштитите вашиот шеф, Никола Груевски. Од овие причини, дополнително барам да ги поништите поединечните одлуки за помилување, бр. 08-527/1 и бр. 08-538/1, објавени во Службен весник на 12.04.2016“, вели Заев во новото писмо до Иванов. Тој повторува дека јавно соопштил дека ниту барал, ниту прифаќа амнестија, а…

Read More

Груевски е подготвен да оди до крај, до последниот здив, до последната капка крв. Настаните се менуваат од минута во минута и само пророчици (Фрчкоски) можат да се завалат во фотелјата и да ја обработат стаклената топка за да знаат- кој ќе биде следниот потег на Груевски? Последното идеално решение (негово, а чие друго?) беше да се прогласи амнестија за повеќе од 50 луѓе, испорачано од политичката кукла на навивање, претседателот Иванов. Идеално- затоа што тоа е замка од која сега тешко ќе се извлечат, иако досегашното искуство покажа дека секој потег може да се отповика, па и овој. Но,…

Read More