Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичка кукла на навивање

0
By Биљана Секуловска on April 16, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 16, 2016 11:17

Груевски е подготвен да оди до крај, до последниот здив, до последната капка крв. Настаните се менуваат од минута во минута и само пророчици (Фрчкоски) можат да се завалат во фотелјата и да ја обработат стаклената топка за да знаат- кој ќе биде следниот потег на Груевски?

Последното идеално решение (негово, а чие друго?) беше да се прогласи амнестија за повеќе од 50 луѓе, испорачано од политичката кукла на навивање, претседателот Иванов. Идеално- затоа што тоа е замка од која сега тешко ќе се извлечат, иако досегашното искуство покажа дека секој потег може да се отповика, па и овој. Но, без амнестија, тие никогаш нема да можат да се приклучат на изборниот караван, сеедно што срљаат кон лакрдија.

Груевски и неговите најважни луѓе добро знаат дека гневот на странскиот фактор сега се мултиплицираше, затоа и се најавуваат агресивни мерки против Груевски и неговата клика. Во оптек се и политички и дипломатски булдожери, затоа што одамна се симнати свилените ракавици, сега боксерските, во политичка смисла, се ставени на маса. Доколку се истрае со амнестијата, дотолку побрзо ќе се навлечат ракавиците.

Инсистирањето за избори е мотив плус, во ваква комбинација- амнестираните да бидат во првите редови за владини и други високи позиции. Распоредот на силите е одамна познат- вообичаените осомничени ќе бидат први на изборните листи, а победата е гарантирана без ниту најмалиот противник да биде на повидок.

Едноставно, Груевски нема друг избор. Без амнестија и избори во кои ќе биде сам, тој си потпишува политичка смртна пресуда.

Но, да видиме што во меѓувреме. Сега кога е затегнато јажето, тоа, самото јаже бара уште, знаете како, секое ново затегнување е нова омча околу неговиот врат, но кажете, би имале ли друг избор?

Се е во опција, секој можен удар до другата страна е совршен потег за него, а што друго да се прави, си вели, мечот е надвиснат, или ќе го земе или нему ќе му се осврне тој меч.

Укинувањето на СЈО е една од опциите. Притисоци, заплашувања, одмазда кон обвинителите на СЈО е следната варијанта. Со години прогласуваните внатрешни непријатели- со нив исто така мора да се расчисти. На листата се критички новинари, активисти, професори, кој се не, онаа интелигенција која не можеше да се замолчи, а мораше, но не се успеа, таа е болката која мора да се елиминира. Планот е да се оди полека, а да се удира стравично.

Колку повеќе странците протестираат и наметнуваат ограничувања, толку посилни ќе бидат одмаздите до опозицијата (се разбира, не само партиската).

Одиме на следната фаза: со нешто мора да се преговара, да се пазари, да се тргува. За секое евентуално попуштање на Груевски, тој очекува олабавување на јажето кон него.

Не се надева на Заев, од него не доби никогаш ништо, секогаш кога имаше отстапка од него, тоа беше замка во која не паѓаше, туку трескаше. Очите на Груевски се вперени во странците, тука ја бара и чека милоста. Знаете како велат- во секое преговарање мора да бидете и победник и губитник. Тоа е мантрата на Груевски,  на тоа силно се надева.

И нема да го добие тоа. Не во оној облик кој го очекува. Преговори за амнестија може да има, се разбира дека може, во преговори ништо не се отфрла, со најшироката насмевка се прифаќа, дури и со леснотија се потпишува и следува честитање и гушкање, како ништо да не било претходно, затоа што ова е нов почеток за сите.

Но, некој некогаш, нешто малку подоцна, ќе слегне со рамената и ќе каже со студен глас и поглед кој стресува- жалам, сега е ова нова ситуација и за ова не сме се договориле. Тоа се тие проклети времиња, кога не може Груевски веќе на никого да се потпре, никому да му верува, на ништо да не се надева.

Затоа и нека оди сега вака, нека продолжи да не се осврнува, нека ита, темпото е брзо, мора да биде побрз и од ова трескавично темпо. Тој го одбра тој пат. Блаже Конески тогаш пишуваше за некои други времиња:

Дај Господе, што помалку очите да им ги бодам, штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам.

Сега му застануваме на патот на Груевски, токму за тоа, за да му ги бодеме очите. За да не може лево да фати, ни десно да оди. Тоа е нашиот пат и од него нема отстапување.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.