Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Пoранешниот министер за надворешни работи Александар Димитров и пи- ар експертот Петар Арсовски дебатираат за можните излезни решенија на Груевски по условената оставка; дали еврокомесарот во дипломатската актовка носи разврска за кризата; дали е можно Груевски да даде оставка, а изборите да се одложат?
Легендарниот режисер Слободан Унковски, човекот кој е еден од ретките кој во позитивна смисла ја одбележа 2015, во интервју за НОВА говори за неговиот културен центар “Кино Култура”, за улогата на министерката Канчевска, за неговиот активизам и колегите кои молчат и покрај нивниот став за владините политики
Затоа што Груевски ќе стане демократ преку ноќ, како што прочитавме од Сем Вакнин, во неговите дијалози со новинарот Зоран Димитровски, во неделникот “Фокус”
Екс-директорот на Управата за финансиско разузнавање, кој одлежа повеќе од една година затвор во интервју за НОВА говори за својата пресуда во Аферата Шпион, за документите на Зоран Божиновски, за аферата Телеком и улогата на Слободан Богоевски, како и за тоа како ќе постапува обвинителката Катица Јанева со бомбите на Заев
Дали сте ја чуле дека Димковска некогаш и се заблагодарила јавно на министерката Елизабета Канчевска? Всушност, не и се заблагодарила ниту тајно, ниту во мислите, најмалку во молитвите. И после ова таа се нарекува писателка?
Новинарот на неделникот “Фокус” кој ја откри фабриката за лични карти во интервју за НОВА говори за неговите досегашни сознанија и пропустите на Обвинителството за оваа афера, зошто има конфронтација со МВР, водено од СДСМ и дали следната инстанца за водење на овој случај е Катица Јанева?
Но, да одиме со приказната, онаа на почетокот за која ви говорев, за двете дами кои седеле во некој кафич и преку голтките кафе ја раскажале траекторијата на владеење на оваа власт, на премиерот Груевски и молбите на едната дама се совпаѓаат со неговите- да бидат услишани од небото
Претседателот на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето, Петре Шилегов, во интервју за НОВА вели дека Комисијата нема да сослушува други сведоци доколку Груевски не сведочи јавно, како и Ставрески и останатите повикани сведоци; тој говори и за прекршувањата на Договорот од Пржино и вели дека дали ќе се одржат изборите или не, зависи пред се од волјата на Груевски да се придржува до договореното
Дебата на уметникот Александар Станковски и проф. Мирослав Грчев за денешната блокада на Ректоратот на УКИМ: Дали студентите се манипулирани од СДСМ, како што тврди Станковски, или како што вели Грчев се работи за револуцонерна младина; како за „Скопје 2014“, зошто власта не е транспарентна околу финансиската конструкција на овој проект, дали се менува или пак, се гради идентитетот преку овој проект?
Соништата да зададе удар на Заев му достигаат до боксерски нокаути, каква штета, тогаш кога соништата од младоста на еден премиер биле пролевање крв на противникот и откинување парчиња месо. Да се сонува да се достигне некакво достигнување на Нобеловец, е, тоа се соништа кои ги имале другите, но не и тој, не и тој
Навиките на политичарите за бесрамно трошење на народните пари понекогаш ја убиваат жедта на народот да го преживее месецот. Затоа што не може да имате во исто време и Мерцедес со кој ниту еден африкански претседател не би се срамел (или македонски, од високи гости) и цитостатици за болните од рак, на пример
Време е за идеи, го повика Груевски својот народ, силно верувајќи дека спасот доаѓа оттаму, од животинската фарма која тој ја создал, каде сите животни се еднакви, иако, секако дека некои се повеќе еднакви од другите