Author: Биљана Секуловска

А во меѓувреме, Груевски мртов сериозен преговара, кобајаги страшно заинтересиран, загрижен за демократијата, па седнал и ги рецитира пред странците реформските зафати на Владата, кои се разбира дека ќе ги спроведе, тој уште вчера почнал, ги убедува, што сте такви скиснати, ги прашува загрижено, да не е Заев во прашање, јас секако не сум

Read More

Дали Груевски ќе се откаже од премиерската функција или Заев ќе попушти, кој би ги спроведувал реформите и дали постои капацитет за нивно имплементирање се дел до темите за кои дебатираат Замир Мехмети граѓански активист и Петар Арсовски ПР експерт и политички аналитичар во студио на НОВА

Read More

Проблематичноста не се состои во тоа што на преговарачката маса премиерот Груевски понудил само Нацрт-план, туку затоа што во него изостануваат клучните стратегии и начинот на кој би биле имлементирани овие реформи, како и што не се доставени одредени зацртани рокови- две исклучително важни прашања, кои воопшто не се споменуваат во Листата на активности на Владата

Read More

Груевски мора да знае што вели историјата за ваквите лекции по демократија- доаѓа ден кога еден од странците го трга на страна, ги крева рамениците и му вели: Да се има врховна власт е лесно, но да се биде среќен…

Read More

Евтини приказни: Како се случи еврокомесарот за проширување Јоханес Хан да се соочи со лавина критики, реакции и обвинувања, помешани со гнев и очај дека пропаста е се што ни преостанува, а за тоа е виновен тој- човекот обвинет за корупција од страна на некои од медиумите?

Read More

Сашо Клековски аналитичар и Џабир Дерала активист, дебатираат за црвените линии на Заев и Груевски, не се согласуваат околу позицијата наГруевски и владините функционери во идната Влада, но сметаат дека невладините организации треба да бидат дел од власта

Read More

Во ваков котел од разулавена македонска манџа, Брисел го именуваше Хан да посредува и да ги третира со каква-таква почит лидерите (за почитта кон актерите на бомбашките ленти не би се кладела баш) кои на секое негово или нивно заминување од видеокругот , се фрлаат меѓусебно токму во истиот котел од кај што биле извлечени и започнуваат да викаат напомош!, кога на крај сите завршуваат во истиот котел, откако претходно со церекање го крчкале за непријателот

Read More

Потпретседателката на СДСМ,Радмила Шеќеринскa одговараше на прашањата на корисниците на Фејсбук и Твитер. Кои се црвените линии на СДСМ во политичките преговори? Што ќе се случи доколку Груевски одбие да излезе од премиерската фотеља, кој е планот на СДСМ за радикализација, доколку пропаднат преговорите?

Read More

Евтини приказни: Со планот на Груевски да остане премиер во каква било да е Влада, познат колоквијално уште како купи ден- продај, во модерната балканска историја беа закопани неколку политичари, кои никогаш не станаа свесни дека станале одамна живи политички мртовци, а сега на маса, пред странските фактори го изложиле ингениозниот план како единствениот услов да седнат на какви било преговори

Read More