Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Убиството на 17-годишниот Нахел М. предизвика немири во градовите низ Франција, како и во градот Нантер, западно од Париз, каде што пораснал. Како единствено дете израснато од неговата мајка, тој работеше како доставувач на пица и играше рагби лига. Неговото образование е опишано како хаотично. Бил запишан на колеџ во Суренес недалеку од местото каде што живеел, за да се обучи да биде електричар. Оние кои го познаваат велат дека бил многу сакан во Нантер, каде што живеел со мајка му Мунија и никогаш не го познавал својот татко. Момчето немало криминално досие, но и бил познато на полицијата. Дента…
По неуспешниот бунт на платениците на „Вагнер“, најистакнатите руски генерали исчезнаа од јавноста. Според непотврдени извештаи, најмалку едно лице е уапсено. Началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Валериј Герасимов не се појави во јавноста или на државната телевизија откако на 24 јуни заврши бунтот на паравоената група. Американски официјални лица синоќа изјавија дека генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на руските воени операции во Украина, го поддржува Пригожин, но дека западните разузнавачки служби не знаат со сигурност дали тој на некој начин го помагал бунтот. „Москва тајмс“ на руски јазик и еден воен блогер објавија дека Суровикин е уапсен, додека некои…
Неколку земји со мнозинско муслиманско население го осудија палењето на примерок од Куранот во Шведска на протест. Салван Момика, за кој се вели дека е Ирачанец кој живее во Шведска, вчера пред централната џамија во Стокхолм запали копија од Куранот . Земјите од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак, Иран, Саудиска Арабија и Египет, силно го критикуваа палењето. Турција, членка на НАТО со право на глас за тоа дали Шведска ќе добие членство, тоа го нарече „одвратен чин“ нагласувајќи дека е „неприфатливо“ да се дозволи такви „антиисламски акции“ да се случуваат „под изговор на слободата на изразување“. Муслиманите го сметаат Куранот за…
Бугарија треба да покаже на сите нивоа на своето политичко делување дека се залага за интеграција на целиот регион на Западен Балкан во Европската Унија. Верувам дека за тоа се залагаат и сите партии коишто се во коалициската влада во Бугарија, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбите во Берлин. Тој нагласи дека очекува соработката да продолжи во насока на тоа што го покажа владата на Кирил Петков во последните денови со гласањето на Резолицијата во бугарското Собрание, посочувајќи дека практично тие партии сега се дел од коалициската влада во Бугарија, која сега има ротациски премиер на девет месеци. „Сметам дека…
Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во СИРИЗА. Грчката опозициска партија претрпе голем пораз на двојните парламентарни избори во Грција. На првите избори во мај, СИРИЗА доби 20 од гласовите, двојно помалку од Нова демократија, а на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии (на 22,73 проценти), левичарската партија загуби…
Уставните измени беа во фокусот на синоќешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека сега од централно значење е планираната промена на Уставот за да се ослободи патот за ЕУ. „Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на Северна Македонија. Сега е од централно значење планираната промена на Уставот, за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ“, истакна Шолц на заедничката прес – конференција со Ковачевски. Шолц посочи дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, а тоа посебно важи за Северна Македонија. „Имаме голема почит за македонскиот идентитет,…
Изминатата ноќ продолжија немирите во Франција, откако сообраќаен полицаец во вторникот уби млад човек (17) кој наводно одбил да го послуша. Досега се уапсени 150 лица, а повредени се 24 полицајци. Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин го осуди насилството „против симболите на Републиката“ и додаде дека градските сали, училиштата и полициските станици биле запалени и нападнати. Според некои извештаи и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пишува Кликс, демонстрантите уништиле банкомати, упаднале во продавници и запалиле украден камион. Во Кламарт, во југозападното предградие на Париз, синоќа бил запален и паркиран трамвај. Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз,…
Откако на почетокот на мај го откри идентитетот на петмина, грчката полиција идентификувала уште шест лица од групата која кон крајот на април годинава упадна во уметничка галерија во Солун каде што беше поставена изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Идентификувани се пет мажи и една жена, сите грчки државјани на возраст од 20 до 44 години. Истражните органи во Грција, како што пренесе дописникот на МИА од Атина, соопштиле дека против нив е покренат предмет за противзаконито насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа…
Нотарската комора, по прибирање на релеванти информации од аспект на нотарското постапување, во целост ги демантира и не се согласува со изнесените реакции насочени против нотари, поврзани со објавата и реакциите на австриската амбасада за вклученост на нотари и злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор меѓу македонската фирма „ДЕНА ПРОДУКТ увоз – извоз Велес“ и австриската фирма „АММА импорт експорт“. Од Нотарската комора наведуваат дека нотарите се лица со јавни овластувања доверени од државата, чија дејност се извршува во неспорни работи, што значи дека во ниеден случај нотарите не можат да бидат вклучени и да преземаат дејствија…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Данска и поранешен министер, Ларс Локе Расмусен, денеска учествуваше на конференцијата по повод 30-годишнината од Копенхашки критериуми, на панелот посветен на земјите кандидатки за членство во ЕУ, нивните предизвици за напредување на евроинтегративниот пат. Маричиќ во своето излагање рече дека Копенхашките критериуми се реално најдоброто средство за одбрана од популизмот на Западен Балкан и најдобар начин за трансформација на нашите општества. „Копенхашките критериуми се главниот водич кој го имаме во преговорите за пристапување во ЕУ и за трансформацијата на нашите општества. Сметам дека токму Копенхашките…
Италијанскиот фудбалски прволигаш Лече објави дека го назначил 47-годишниот стратег Роберто Д’Аверса за нов тренер, потпишувајќи со него едногодишен договор, со опција за продолжување на соработката. Лече неодамна се раздели со својот досегашен тренер Марко Барони, кој го воведе клубот во Серија А, а изминатата сезона ја исполни главната цел и избори опстанок во прволигашката конкуренција. Д’Аверса од 2016 до 2021 беше тренер на Парма, а последен ангажман имаше на клупата на Сампдорија. Италијанските медиуми јавија дека неговиот претходник на тренерското место во Лече, 59-годишниот Барони, е на чекор да ја преземе Верона.
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (владата ја предводеше од 1998 до 2005 година) кој е изложен на критики за блискост со Русија, смета дека неговата политика кон оваа земја била исправна. „Верував дека моите политички ставови за Русија се исправни. Како и досега, верувам дека тоа беше исправно, затоа сето тоа ме боли“, рече Шредер за критиката на неговата позиција. „Ова е мојот живот и јас го живеам. Не ми требаат другите да ми диктираат како да живеам“, додаде тој. „Критикувајте го тоа што сум го направил или пуштете ме да си одам, не очекувајте да се откажам од ништо.…