Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палењето на Куранот во Шведска предизвика ерупција на гнев низ муслиманскиот свет

0
By Соња Крамарска on June 29, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2023 13:59

Неколку земји со мнозинско муслиманско население го осудија палењето на примерок од Куранот во Шведска на протест.

Салван Момика, за кој се вели дека е Ирачанец кој живее во Шведска, вчера пред централната џамија во Стокхолм запали копија од Куранот .

Земјите од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак, Иран, Саудиска Арабија и Египет, силно го критикуваа палењето.

Турција, членка на НАТО со право на глас за тоа дали Шведска ќе добие членство, тоа го нарече „одвратен чин“ нагласувајќи дека е „неприфатливо“ да се дозволи такви „антиисламски акции“ да се случуваат „под изговор на слободата на изразување“.

Муслиманите го сметаат Куранот за свето Божјо слово и сметаат дека секое намерно оштетување или покажување непочитување кон него е длабоко навредливо.

Палењето на Куранот вчера се случи додека муслиманите ширум светот го славеа првиот ден од Курбан Бајрам, еден од најважните фестивали во муслиманскиот календар.

Шведската полиција му даде дозвола на Момика за протестот, во согласност со законите за слобода на говорот. Но, подоцна полицијата соопшти дека инцидентот се истражува како дело за поттикнување омраза.

Протестот предизвика гнев и кај другите нации. Мароко го отповика својот амбасадор во Стокхолм и го протера шведскиот в.д. амбасадор во Рабат.

Ирак рече дека инцидентот е „одраз на агресивна омраза кој нема никаква врска со слободата на изразување“.

Иран ги повтори критиките на Ирак, нарекувајќи го чинот на палење на Куранот „провокативен“ и „неприфатлив“, додека Египет го опиша како „срамен“ чин кој беше особено провокативен додека муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам.

Саудиска Арабија – дестинација на околу 1,8 милиони верници на годишниот аџилак оваа недела – рече дека „овие омраза и повторени дела не можат да бидат прифатени со никакво оправдување“.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека палењето на Куранот е „легално, но не е соодветно“.

Плановите за палење копии од Куранот предизвикаа протести и немири во Шведска во последните месеци.

Полицијата неодамна одби слични барања за протести, но судовите тогаш одлучија дека тие треба да бидат дозволени врз основа на слободата на изразување.

извор: Би-Би-Си

муслимански свет палење на Куран протести Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.