Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големи нереди во Франција поради убиството на 17-годишникот: Запалени автомобили, трамваи, контејнери, уапсени 150 лица

0
By Соња Крамарска on June 29, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2023 11:37

Изминатата ноќ продолжија немирите во Франција, откако сообраќаен полицаец во вторникот уби млад човек (17) кој наводно одбил да го послуша. Досега се уапсени 150 лица, а повредени се 24 полицајци.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин го осуди насилството „против симболите на Републиката“ и додаде дека градските сали, училиштата и полициските станици биле запалени и нападнати. Според некои извештаи и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пишува Кликс, демонстрантите уништиле банкомати, упаднале во продавници и запалиле украден камион.

Во Кламарт, во југозападното предградие на Париз, синоќа бил запален и паркиран трамвај.

Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз, каде што беше убиен младиот човек, се уште е тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. На зградите се закачени таблите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“. Демонстрантите се судрија со полицијата и фрлаа камења, поради што полицијата возврати со солзавец.

Околу дваесет општини во Сена Сен Дени, североисточно од Париз, пријавија пожари.

Во Есона, јужно од Париз, бил запален автобус, според полициски извори, пишува хрватски Индекс.

Судири избувнаа и во област во Тулуз. Група млади запалиле канти за ѓубре и автомобили, а фрлале предмети кон полицајците и пожарникарите. Уапсени се 13 лица, а во текот на ноќта ситуацијата се смирила.

Синоќа во Неир-сур-Марн, на 13 километри од Париз, биле запалени седум полициски автомобили кои биле во станицата. Пожарот се проширил на соседната зграда во која се сместени просториите на општинската полиција и градските станбени служби. На пожарникарите им требаше час и половина за да го изгаснат пожарот.

Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.

На видеото објавено на социјалните мрежи во текот на ноќта се гледа како група млади луѓе палат документи и столови во градското собрание на Монц ен Баре, предградие на Лил, пренесува Индекс.

Неколку автомобили се запалени во јужниот град Тулуз.

Познати личности и политичари изразија огорченост и тага поради смртта на тинејџерот, додека владата упати критики на безбедносните сили во обид да ја смири ситуацијата.

„Тинејџерот е убиен. Тоа е необјасниво и неоправдано. „Ништо не може да ја оправда смртта на еден млад човек“, рече претседателот Емануел Макрон, пренесува Кликс.

Жртвата Нашел М. од западното париско предградие Нантер, била запрена од двајца полицајци поради прекршување на сообраќајните правила додека управувала со мерцедес. Полицијата првично извести дека полицаецот го застрелал тинејџерот затоа што тој возел со својот автомобил кон него, но оваа верзија на настаните е контрадикторна со видео кое кружи на социјалните мрежи. На видеото се гледаат двајца полицајци како стојат до автомобилот, а еден вперува пиштол кон возачот. Се слуша глас кој вели: „Ќе те застрелаат во глава“. Се чини, според Кликс, дека полицаецот потоа пука додека автомобилот брзо се оддалечува.

 

 

немири убиен тинејџер Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.