Author: Соња Крамарска

Има драстична промена во Единствениот регистар кој покажува дека скоро 5 000 нови носители на земјоделски стопанства се жени. Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3 000 и 6 000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата. Тоа значи дека жените ги реализираат инвестициите во руралните средини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Пред почетокот на завршниот настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, Николовски уште еднаш потенцира дека главен столб на македонските земјоделски политики се младите и руралните жени.…

Read More

Три години по почнувањето на заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак во Лешочкиот манастир сè уште се бара соодветна фирма за завршување на работите. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека се направени измени, па наместо по фази ќе се бара изведувач за сите работи да ги направи. „Со конакот минатата година имавме неуспешни обиди при објавата на тендерот. Пропаѓаше неколку пати, бидејќи не се јавуваа соодветни фирми. Оваа година, исто така, ќе го распишеме конкурсот за целосно завршување, не само по фази. Тој тендер би требало до крајот на август да биде завршен или еве да кажеме септември…

Read More

Косово наскоро би можело да се соочи со санкции од евроатлантската заедница, изјавија повеќе високи и дипломатски извори за ЕУРАКТИВ, додека албанскиот премиер Еди Рама ја откажа планираната средба со косовскиот премиер Албин Курти за денес, наведувајќи ги мерките како една од причините. ЕУРАКТИВ пишува дека минатата недела беше информиран од извор од трета земја на високо ниво дека ЕУ и САД подготвуваат голем број санкции против Косово. Ова подоцна беше засилено со коментарите на Рама и други дипломатски извори кои потврдија дека санкциите се неизбежни. Санкциите споменати во внатрешната дипломатска нота дадена од изворот на бриселскиот портал вклучуваат замрзнување…

Read More

Во 32 градови и општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради поплави, потврди денеска директорот на „Србијавод“ Горан Пузовиќ. Тој вели дека се отстрануваат последиците од поплавите, но дека постои закана од нов бран излевања, бидејќи од утре се очекуваат обилни врнежи. „Луѓето се на терен, опремата е на терен, се спроведуваат сите краткорочни мерки кои ќе овозможат доколку има нов бран поплави, сите загрозени места се држат под контрола“, изјави Пузовиќ за Српската радио-телевизија (РТС). Како што соопштија за РТС од Министерството за внатрешни работи на Србија, од 26 мај до денеска биле евакуирани 76 лица, а припадниците…

Read More

Полска ќе се спротивстави на именувањето на данската премиерка Мете Фредериксен за нов генерален секретар на НАТО, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои европски извори. Според овие извори, Варшава смета дека изборот на Фредериксен не е во согласност со потребите на Алијансата во контекст на руската инвазија на Украина. Тоа значи дека таа нема да има шанса, бидејќи изборот на генерален секретар на НАТО се врши со консензус. Полската страна инсистира дека новиот генерален секретар треба да дојде од земја на источното крило на НАТО, по можност од поранешна република на СССР, што би испратило сигнал до Москва. Во…

Read More

Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура како резултат на невремето кое го зафати Делчево изминатата недела, информира градоначалникот Горан Трајковски. Тој вели дека  дополнително ќе се прави проценка за санирање и на други критични точки, кои настрадаа од елементарната непогода која го погоди градот. Градоначалникот додаде дека извештајот за штетите е испратен до Министерството за транспорт и врски, од каде ќе биде доставен до Владата, по што на седница се очекува да се донесе одлука колкава помош ќе добие градот. Тој информира дека од вчера со работа започна и Комисијата за проценка на штети, каде само во…

Read More

Најмалку 11 цивили загинале, а десетици се ранети во нападот на јужниот украински регион Криви Рих, соопштија локалните власти. „Од 25 повредени, двајца се здобиле со тешки изгореници и се во критична состојба“, изјави главниот лекар на една од градските болници. Гранатирањето на петкатница, според британските медиуми, уби четири, а седум лица загинаа во напад на магацин за газирани пијалоци. Градоначалникот Олександр Билкул изјави дека ниту една од целите немала воени врски. Станарката Олха Черноусова појасни дека била разбудена од експлозијата у исфрлена од нејзиниот кревет. Во различен дел од зградата бил Ихор Лаврененко, кој изјавил дека слушнал две експлозии.…

Read More

ДУИ предложи на опозицијата план од три точки со цел решавање на политичкиот ќорсокак, во кој се наоѓа земјата, поради потребата од уставни измени. На денешната прес конференција, шефот на дипломатијата Бујар Османи кој е и портпарол на ДУИ рече дека „ДУИ не е партија што мисли за следните избори, туку за идните генерации и токму затоа е спремна да се откаже од сите владини функции“. Според планот што го предлагаат првиот чекор би бил ВМРО-ДПМНЕ да ги подржи уставните амандмани кои би влегле во сила до одржување на втората меѓу-владина конференција. Веднаш потоа како втор чекор ДУИ би се…

Read More

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска во Скопје изјави дека според нејзините сознанија иницијативата која ја покренаа седум земји-членки на Европската Унија, меѓу кои и Словенија за промена на начинот за носење одлуки за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се однесува и на процесот на проширување. „Словенија е една од оние седум држави кои сакаат некои прашања да не се решаваат со консензус, туку со мнозинство. Колку што знам и колку што следам тоа се однесува и на процесот на проширување и тоа може да го олесни патот на која било држава која сака да влезе во ЕУ“, рече…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ја преземе и премиерската позиција во преодната Влада само за да се реализираат уставните измени, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец.  Претходно и ДУИ во серија изјави во јавноста и понуди на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ премиерот да биде од нивните редови. Изворите додаваат дека Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграции, освен пет ресори е подготвен на…

Read More

Политичките партии на Албанците и да сакаат не можат да отстапат од проевропскиот и проамериканскиот курс, од причина што поддршката на Албанците од Северна Македонија за оваа стратешка определба на државата е исклучително голема, велат за „Фронтлајн“ познавачите на политичките случувања во земјава. Поранешниот пратеник и кандидат за претседател Зуди Џелили вели дека оваа определба ја негувала Албанците, а политичката елита точно знае дека единствената перспектива за државите од Западен Балкан е членството во Европската унија (ЕУ). Зуди Џелили – Колку пати се анкетирани граѓаните на Северна Македонија, колку се заинтересирани земјата да влезе во ЕУ, особено Албанците се изјаснија…

Read More

Судската администрација бара зголемување на платите и додатоци не пониски од 25 отсто до донесување на законот за судска служба. Револтот денеска ќе го изразат на едночасовен предупредувачки протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје. Претседателот на Здружението на судска администрација, Борче Мирчески на денешната прес – конференција во Основниот суд во Охрид рече дека протестот е во организација со Независниот синдикат на државна администрација, а в четврток требало да имаат средба и со претставници на УПОС за заеднички активности за остварување на барањата. „Со донесувањето на одлуката на Уставниот суд со која се одмрзнаа платите на фунцкионерите и нивното…

Read More