Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените го преземаат аграрот во Македонија

0
By Соња Крамарска on June 14, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
фото: Илустрација
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 14, 2023 13:38

Има драстична промена во Единствениот регистар кој покажува дека скоро 5 000 нови носители на земјоделски стопанства се жени. Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3 000 и 6 000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата. Тоа значи дека жените ги реализираат инвестициите во руралните средини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Пред почетокот на завршниот настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, Николовски уште еднаш потенцира дека главен столб на македонските земјоделски политики се младите и руралните жени.

„Со Факултетот за земјоделски науки и храна и Националната федерација на фармери ја креиравме мерката 115, популарно наречена „Рурална жена“. Прв пат во 2021 година, 250 жени земјоделки добија грант до 3 000 евра и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. Тоа и го направивме. Лани доделивме 70 договори за грант до 6 000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува. За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки. Од 2018, пред почетокот на мерката, до сега има скоро 5 000 нови регистрирани жени земјоделки. Ова е најголемата потврда дека жените земјоделки ја препознаа нашата поддршка. Ги охрабривме да бидат погласни, повидливи и поприсутни во општеството. Ги охрабривме да ги следат политиките кои ги креираме за нивна поддршка. Сега жените земјоделки се поактивно учествуваат и при аплицирањето за другите мерки, како и на јавните повици на Министерството“, изјави Николовски.

Според него, жените ја користат и можноста за продажба од куќен праг.

„Паралелно со мерката за поддршка од 6 000 евра, се направи измена и на Правилникот за продажба од куќен праг, со цел полесна регистрација на производителите како помали оператори со храна. Денес, мед, ајвар, сирење, кашкавал, маџун и многу други производи легално може да се продаават со што ги поддржуваме, но и поттикнуваме жените од руралните средини. Во новата Национална програма се предвидува зголемување на оваа мерка како грант и до 10 000 евра. На последниот повик за грантови на мали произодители од животниско и неживотниско потекло, од 130 апликации, околу 50 се поднесени од жени, што зборува за зголемениот интерес за користење на расположливите програми. Наша обврска е да ги искористиме максимум можностите за да им помогнеме на руралните жени, посебно во реализацијата на нивните инвестиции“, рече министерот.

арар грантови жени Љупчо Николовски Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.