Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судската администрација на протест – бара повисоки плати

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Борче Мирчески. Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 13, 2023 13:10

Судската администрација бара зголемување на платите и додатоци не пониски од 25 отсто до донесување на законот за судска служба. Револтот денеска ќе го изразат на едночасовен предупредувачки протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје.

Претседателот на Здружението на судска администрација, Борче Мирчески на денешната прес – конференција во Основниот суд во Охрид рече дека протестот е во организација со Независниот синдикат на државна администрација, а в четврток требало да имаат средба и со претставници на УПОС за заеднички активности за остварување на барањата.

„Со донесувањето на одлуката на Уставниот суд со која се одмрзнаа платите на фунцкионерите и нивното зголемување за 78 отсто, платите на судската администрација останаа на многу ниско ниво. Јазот меѓу платите на судиите и платите на судската администрација се зголеми за повеќе од три пати. Ова ниво никогаш не било вака и никогаш судската администрација немала толку ниски плати во споредба со судиите“, забележа Мирчески.

Тој посочи дека судската администрација не добила зголемување на платите од 15 проценти како што било кажувано во јавноста, туку додатоците што ги добивале од 2019 година им биле прелеани во плата, но и оти номиналниот износ бил помал.

Своите барања ги изнеле пред Судскиот буџетски совет, од каде им била ветена поддршка за остварување на правата и дека барањата се оправдани.

„Доставивме барање до Судскиот буџетски совет, кое беше составено од неколку точки, меѓу кои баравме поддршка во изгласување законски одредби кои ќе значат подобра плата за судската служба во иднина, а до донесувањето на тој закон, судските службеници да добиваат додатоци во висина не помала од 25 отсто“, појасни Мирчески.

Барањето, како што додаде, било разгледано на седницата на Судскиот буџетски совет на 7 јуни, кога бил донесен заклучок дека не може да биде прифатено поради немање средства во буџетот.

„Немањето средства е поради исплаќањето зголемените плати на судиите и затоа сега нема можност да се зголемат платите на судските административци. Револтот кај судската администрација е многу голем, а тоа ќе се покаже и на денешниот протест, но ние треба да бидеме внимателни бидејќи на штрајкот од пред неколку години на сите што учествуваа им беа скратени 40 отсто од платите. Колку и да се мотивирани тоа има свое влијание, бидејќи судската служба не зема големи плати, па и да им скратите 40 отсто нема да има проблем. Тоа кратење се одрази врз нивниот живот“, истакна Мирчески.

Платите на 95 од судските службеници, рече тој, се пониски од просечната плата на државно ниво, односно се движат од минималната до 36.000 денари. Повисоки плати имаат само раководните службеници и судските администратори, додека од друга страна судиската плата е над 100.000 денари.

извор: МИА

протест судска администрација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.