Author: Соња Крамарска

Се што и помага на регионалната соработка за нас е прифатливо, рече црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, прашан дали земјата ќе се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“. „Нема главата да не боли повеќе ако има повеќе соработка во регионот. Главата може да не боли само ако имаме помалку соработка во регионот. Оваа иницијатива може сериозно да ја зголеми соработката во регионот и Црна Гора е тука, како што е и во Јадранската повелба и многу други, над 72, регионални иницијативи“, рече Абазовиќ. Според него, се што е во насока на намалување на тензиите во регионот, со акцент на европската перспектива, економскиот…

Read More

Што го предизвика корупцискиот скандал што го тресе Брисел? Како тоа на членовите на Европската комисија им е дозволено да се среќаваат само со „регистрирани лобисти“, а пратениците во Европскиот парламент не мора да го почитуваат ова? Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили е една од четирите лица во притвор, обвинети од белгиското обвинителство за „учество во криминална организација, перење пари и корупција“. Таа беше исфрлена од партијата ПАСОК и и е одземена потпретседателската функција откако беше обвинета за примање мито од Катар. Огнените говори за заливската земја што таа ги одржа во Европскиот парламент, гласањето во корист на…

Read More

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. „Утре ќе има нов директор на АНБ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

Read More

Буџетот за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика изнесува 858,3 милиони евра, од кои 499 милиони евра се наменети за трансфер во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се обезбедува достапност на социјални услуги, како и континуиран раст на пензиите согласно новата методологија за нивно усогласување со трошоците на живот и просечната плата, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција во Владата со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. „Буџетот за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика изнесува 858,3 милиони евра. Оваа година се соочивме со голем број предизвици…

Read More

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во провинцијата Сирнак, југоисточниот дел на земјата е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели. „Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на земјиште откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари“, рече Ердоган. Тој претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта. Извор: МИА

Read More

Уапсената потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, негира дека примила пари од Катар, изјави еден од нејзините адвокати во Грција, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ). Каили, еден од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, е осомничена во истрагата за перење пари и корупција во оваа европска институција. Таа е меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија изминатиот викенд, поради обвинувањата дека Катар ги опсипал со пари и подароци за да влијае на одлучувањето. Тие утре треба да се појават пред судот. „Нејзиниот став е дека е невина, тоа можам да ви го кажам“, изјави за грчката телевизија Михалис Димитракопулос, адвокатот што…

Read More

Министрите за европски прашања на 27-те земји од ЕУ денес на средба во Брисел треба да одлучат за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, што би било прва фаза од долгиот процес на пристапување на оваа балканска земја. Позитивната одлука – која бара едногласност – се чини можна, велат дипломатски извори, една недела по самитот во Тирана на кој ЕУ „ја потврди својата посветеност“ на перспективата за интегрирање на Западен Балкан во блокот. Некои од земјите-членки силно ја поддржуваат Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус, вклучително и Хрватска, додека дел од нив сметаат дека земјата не ги исполнила…

Read More

Магистралниот пат Битола-грчка граница конечно се реконструира. Тој е во должина од околу 14 км и минува низ Пелагониската котлина. Битолчани се радуваат на почетокот на градежните работи, оти велат дека ова е патот кој ги поврзува со Европската унија. Деновиве патот е затворен во едната лента на две испрекинати делници во близина на ИЗ „Жабени“ и кај езерото Жабени. Екипата на „Независен“ на терен забележува дека сигнализација предупредува на кои делници се работи на патот, а сообраќајот се регулира со семафори. Градежни машини носат бетон, а работниците ги поставуваат рабниците на патот, додека други работници на дадени позиции со…

Read More

Во беровското село Смојмирово викендов се одржа Сточарска вечер посветена на сточарите од Малешевијата, Пијанец, околните места, како и гости од Србија. Александар Мачевски сточар од село Робово, како еден од организаторите на настанот, истакна дека по паузата заради корона пандемијата, ова е втора Сточарска вечер на која присуствуваа околу 270 сточари од Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Штип, Струмица и гости од соседна Србија. „Пред четири години ја организиравме првата сточарска вечер, сега после корона кризата оваа е втора организација на оваа вечер. Благодарни сме на сите сточари од источниот дел што не подржаа, исто така и благодарност до главните…

Read More

Советникот во Стејт Департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт Департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија. Од американската амбасада во Скопје за ДВ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше задутре да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата. Првичната најава беше дека американскиот тим ќе ја посети Македонија во рамките на нивната турнеја во земји од Западен Балкан – Косово, Србија, БиХ, Црна Гора, а…

Read More

Откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалнииот снабдувач ЕВН Хоме и за набавка на загуби за МЕПСО и во Електродистрибуција за околу две недели ќе се знае новата цена на електричната енергија за домаќинствата, односно дали и колку ќе има зголемување на сметките. „Кога ќе завршат од компаниите ќе добиеме барање за определување на нивните цени за 2023 година. Понудите ќе бидат доставени во следните две недели. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денес е околу 400 евра за мегават-час и…

Read More

Од вкупно 80 општини во државата и Градот Скопје, со Проектот за децентрализација и за подобрување на социјалните услуги преку Владата, односно  Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка, досега се поддржани вкупно 22 проекти во 27 општини во земјата. Согласно потребите на граѓаните најголемиот дел од услугите се наменети за помош и нега на стари лица, дневни центри за стари лица за активно стареење и дневен престој за деца со попреченост, рехабилитација и реинтеграција. Министерката за труд и социјална политика за оваа статистика вели дека е уверена дека може повеќе да се направи и дека на општините…

Read More