Published: Tuesday, December 13, 2022 12:07
Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност.
„Утре ќе има нов директор на АНБ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.
Досегашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.




