Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Обезбедивме раст на пензиите и социјалните услуги и за 2023

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 13, 2022 11:36

Буџетот за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика изнесува 858,3 милиони евра, од кои 499 милиони евра се наменети за трансфер во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се обезбедува достапност на социјални услуги, како и континуиран раст на пензиите согласно новата методологија за нивно усогласување со трошоците на живот и просечната плата, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција во Владата со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

„Буџетот за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика изнесува 858,3 милиони евра. Оваа година се соочивме со голем број предизвици и на економски и на енергетски план, но граѓаните се уверија дека јас и министрите во Владата носевме навремени одлуки и реагиравме за да ги намалиме кризните предизвици и за граѓаните и за стопанството. Обезбедуваме стабилност, во ниту еден момент ниту една категорија граѓани не беше запоставена и не беше оставена настрана, туку напротив високо на листата на приоритети ни беа и остануваат материјалните права на ранливите категории на граѓани – самохраните родители, социјалните случаи, лицата со инвалидитет, пензионерите и останатите групи на граѓани“, изјави премиерот.

Ковачевски нагласи дека со буџетот на МТСП за наредната година, се обезбедува достапност на социјални услуги, но и зголемување на материјалните права на пензионерите и на граѓаните кои се дел од системот за социјална заштита.

„На почетокот на мојот мандат ветив дека како Влада ќе се заложиме да обезбедиме достоинствена старост за нашите пензионери. Тоа и го направивме. Јас се залагам за системски решенија кои даваат резултат на долг рок. Тоа беше и појдовната точка на новата методологија која ја правевме за усогласување на пензиите со што обезбедивме континуиран раст на пензиите, кои што нема да зависат од ничија политичка волја или одлука. Така продолжуваме и во 2023 година. Пензиите ќе бидат повторно зголемени во март 2023 година“, истакна Ковачевски.

Тој најави дека со новата методологија што ја донесе Владата, пензиите се усогласуваат два пати годишно, септември и март, и тоа за 50 проценти со трошоците за живот и за 50 проценти со растот на просечната плата.

„Пензиите ќе бидат зголемени вкупно 16 проценти за една календарска година. Досега веќе од почетокот на мандатот на оваа Влада се зголемени за 10 проценти и тоа за сите 330 000 пензионери. Сето тоа го направивме без да ги зголемиме стапките на пензиски придонеси, односно, без да има дополнително оптоварување на бизнис секторот. Најголемиот дел на средствата – 499 милиони евра се трансфер во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што е дополнителен показател за граѓаните дека го одржуваме стабилен Пензискиот фонд“, нагласи Ковачевски.

Со економските политики на Владата и успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви во него, додаде тој, е обезбедена редовна и предвремена исплата на пензиите

„Со овој буџет, обезбедуваме ублажување на последиците од кризата и ја зачувуваме социјалната сигурност на нашите пензионери со најмали пензии. Директна финансиска помош од 6 000 денари за пензионери кои што земаат од 11.525 денари а воедно и директна финансиска помош од 3000 денари за пензионери од 11.525 денари до 14.000 денари“, подвлече претседателот на Владата.

Изградивме, рече тој, и систем на социјална заштита што ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат најранливите категории граѓани. Премиерот нагласи дека се обезбедени средства за редовна исплата на правата од социјална и детска заштита и дополнителна финансиска поддршка и претстави нов пакет мерки со кои се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе социјални услуги.

2023 буџет Димитар Ковачевски пензии социјални услуги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.