Author: Соња Крамарска

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле во среда ќе дојде во Скопје за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот. Освен земјава, Шоле од 11 до 17 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. „Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“, наведуваат од Стејт департментот. Заедно со Шоле во Скопје се очекува да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од…

Read More

Со цел да се обезбедат податоци за имоти, сметки, фирми во Грција кои можеби потекнуваат од незаконски активности, шефот на Управата за спречување перење пари Хараламбос Вурлиотис наредил замрзнување на имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, како и на членовите на нејзиното семејство и нејзиниот партнер, објвија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Ева Каили, според грчките и белгиските медиуми е меѓу четворицата уапсени и осомничени за скандалот со корупција, а за замрзнатиот имот веќе биле известени грчките кредитни институции, но и надлежните државни служби.

Read More

ДУИ може да биде победена на избори и досега била победувана на локалните избори. Проблемот е што се врши притисок врз граѓаните и се вршат различни манипулации, вели Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците во емисијата Студио 10 на ТВ24. „Ние со ВМРО-ДПМНЕ поднесовме иницијатива за промена на мнозинството во парламентот затоа што оваа партија тогаш ја промени реториката, се извини за 27 април, и направивме иницијатива и за меѓусебна поддршка за локалните избори. Левица не ја сметам, но без Левица ние имавме 61 пратеник. Кастриот Хаџиреџа исчезна тој ден на гласањето па останавме 60 на 60. Инаку…

Read More

Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет, соопшти ЕСМ. Како што се додава, вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел. „Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април“, велат од ЕСМ. Покрај ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните и ветерниот парк. Се прават подготовки за стартување и на Блок 3 по пристигнувањето на…

Read More

Девет скопски училишта и едно во Кавадарци, како и Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и трговскиот центар „Ист гејт“ утрово добиле закана за поставена експлозивна направа, потврди Министерството за внатрешни работи.  „Денеска околу 9:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ ‘Ист гејт‘ е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР. Дојава…

Read More

Босна и Херцеговина треба да добие статус на кандидат за ЕУ оваа недела, дознава Еуроактив, по препораката од Европската комисија во октомври, бидејќи Унијата почна да внимава на стратешкото значење на регионот. Земјите-членки на ЕУ оваа недела треба да потпишат нацрт-документ за процесот на проширување, стабилизација и асоцијација на ЕУ, во кој Еуроактив имал увид, а кој „препорачува да и се додели статус на земја-кандидат на Босна и Херцеговина“. Чекорот ќе дојде откако претходно во октомври, Европската комисија препорача да му се даде кандидатски статус на Сараево како дел од својот годишен извештај за проширувањето, но приложи листа од осум…

Read More

Стотици етнички Срби изминатиот викенд подигнаа барикади на пат во северно Косово, блокирајќи го сообраќајот преку двата главни гранични премини кон Србија, соопшти полицијата. За блокадите беа користени камиони, амбулантни возила и земјоделска механизација, што ги продлабочи неодамнешните тензии кои вклучија експлозии, престрелки и вооружен напад врз полициска патрола во која беше повреден полицаец етнички Албанец. Демонстрантите изјавија за АФП дека се огорчени од апсењето на поранешен полицаец од етнички Срби, осомничен за вмешаност во неодамнешните напади врз косовската полиција. Косовскиот премиер Албин Курти рече дека Приштина не сака конфликт, но на „агресијата“ ќе одговори со сета сила што и…

Read More

Европратениците од редовите на зелените и социјалдемократите денеска ќе се спротивстават на почетокот на преговорите за визна либерализација за Катарците во ЕУ, бидејќи Европскиот парламент сака да се истражат сомнежите за корупција во неговите редови во односите со Катар, јави дописникот на МИА. Европскиот парламент од денес се состанува во Стразбур. Европратениците на оваа сесија требаше да го потврдат отворањето на разговорите меѓу Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ со цел да се финализира текстот за олеснување на визниот режим за патниците од Катар и Кувајт. Овој текст, кој веќе доби зелено светло од земјите-членки на крајот на јуни, предвидува…

Read More

Наташа Габер-Дамјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Дамјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата. Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа „за“, пет „против“ и еден „воздржан“ и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа „против“. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради неисполнување на условите. Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директорка…

Read More

Европската унија е загрижена за ситуацијата на северот на Косово и многу внимателно го следи развојот на теренот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, нагласувајќи дека ЕУ повикува на одговорност и намалување на тензиите. Притоа Стано одговори на прашањата на новинарите, како и на барање на агенцијата Бета да се произнесе за изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека српските власти се блиску до одлуката за испраќање војска на Косово поради распоредувањето на косовската специјална полиција и заради заштита на српското население, врз основа на резолуцијата 1244 на ОН на Советот за безбедност. Портпаролот на високиот претставник на…

Read More

Основното јавно обвинителство од Струга, постапувајќи по поднесена кривична пријава, оформи предмет против едно лице кое е пријавено за кривичните дела – фалсификување исправа од член 378, измама од член 247 и надрилекарство предвидено во член 209 од Кривичниот законик. Пријавениот, како што соопшти обвинителството, иако знаел дека не поседува документација која е потребна за вработување, изготвил лажни исправи – фалсификат уверение за положени испити на факултет за медицински науки и фалсификат уверение и лиценца од Лекарската комора. Документите ги употребил како вистински и со нив во два наврати се пријавил на оглас за работно место – доктор во ЈЗУ…

Read More

Денеска Европската комисија потпиша ревизија на билатералниот договор со Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба против тероризам за Западен Балка. Ова дополнително ќе ја надгради соработката во полето на борбата против тероризмот, спречувањето и спротивставувањето на насилниот екстремизам. Договорот го потпишаа комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон рече: „Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот останува столб на нашата соработка со Западен Балкан за да се осигура нашата заедничка безбедност. Го поздравуваме напредокот постигнат од Северна Македонија во спроведувањето на…

Read More