Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бурен викенд меѓу Приштина и Белград, тензиите не се смируваат

0
By Соња Крамарска on December 12, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 12, 2022 09:50

Стотици етнички Срби изминатиот викенд подигнаа барикади на пат во северно Косово, блокирајќи го сообраќајот преку двата главни гранични премини кон Србија, соопшти полицијата.

За блокадите беа користени камиони, амбулантни возила и земјоделска механизација, што ги продлабочи неодамнешните тензии кои вклучија експлозии, престрелки и вооружен напад врз полициска патрола во која беше повреден полицаец етнички Албанец. Демонстрантите изјавија за АФП дека се огорчени од апсењето на поранешен полицаец од етнички Срби, осомничен за вмешаност во неодамнешните напади врз косовската полиција.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека Приштина не сака конфликт, но на „агресијата“ ќе одговори со сета сила што и е на располагање. Вака тој реагираше на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе побара од КФОР да распореди свои воени и полициски сили на Косово. Според Курти, секое неосудување од страна на ЕУ и САД на „режираното насилство“ ќе „го поттикне официјален Белград дополнително да промовира дестабилизација“. Според Курти, Србија веќе неколку дена „му се заканува на Косово со агресија“ и повикува на враќање на српската војска на Косово повикувајќи се на резолуцијата 1244 на ОН. Тој побара од КФОР да ги отстрани барикадите подигнати од етничките Срби.

Борците од косовските специјалци зазедоа објект кај браната Газиводе, од каде ги симнаа српските знамиња и ги отстранија српските чувари. Тоа е главниот извор на вода за хидроцентралата лоцирана таму, при што поголемиот дел од езерото се наоѓа во општина Зубин Поток населена со претежно српско население, како и три други области во северниот дел на регионот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ одржа состанок со неговиот Совет за национална безбедност во време кога тензиите меѓу властите и етничките Срби нагло се зголемија на Косово. Во саботата беше фрлена шок-бомба врз полицијата на ЕУ во северно Косово, со мнозинство српско население, а локалната полиција се вклучи во престрелка со непознати групи.

НАТО, кој има мировни трупи во Косово, ги повика двете страни да избегнуваат провокации. ЕУ го направи истото, предупредувајќи дека нема да толерира напади врз полицијата на ЕУ или криминални дејствија.

Во интервју за Ројтерс по состанокот со Советот за национална безбедност, Александар Вучиќ изјави дека сака да ја смири ситуацијата. Тој повтори дека употребата на полицијата од страна на приштинските власти е во спротивност со претходните мировни договори. „Се надевам дека имаме гаранции од КФОР, од Европа, дека нема да бидат преземени насилни дејствија против демонстрантите на Косово. Се надеваме дека се ќе биде направено на мирен начин. Постојано разговараме со нив, тоа е наша работа. Ќе направиме се за да ги зачуваме мирот и стабилноста“, изјави Вучиќ за српските медиуми.

Извор: АФП/БГНЕС

Албин Курти Александар Вучиќ Косово тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.