Author: Соња Крамарска

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го презентираа новиот буџет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2023 година. Ковачевски притоа рече дека следната година секторот земјоделство ќе го има најголемиот буџет со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање, и тој претставува основа за понатамошен развој на земјоделството. „Вкупниот предлог буџет за 2023 за поддршка на земјоделството, во кој што се опфатени сите институции кои учествуваат во развојот на овој сектор, е во износ од 193 милиони евра што претставува зголемување за 45 милиони евра споредено…

Read More

Галија Акерман е француско-руска писателка, историчар, новинар, преведувач, истражувач на Универзитетот во Каен, специјализирана за Украина и постсоветските држави. Била и преведувач на убиената руска новинарка Ана Политковскаја. Борјан Јовановски имаше можност да разговара со неа во врска со нејзините познавања и видувања за руската агресија на Украина. НОВА: Кој е Путин? Галија Акерман: Путин е израснат и воспитан од КГБ . Тој живее и работи во духот на тој менталитет. Грешка е кога некои тој менталитет го опишуваат како рационален. Голем грешка беше кога западните лидери го доживуваа како некој кој е рационален човек. Треба да се знае дека тие служби во Русија и за време на СССР и…

Read More

Службената бугарска влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија стават вето за членството на Бугарија во Шенген, изјави премиерот Галаб Донев. Тој верува дека во останатите денови „може да надвладее разумот“ кај партнеритете од Шенген. „Силно се надеваме дека нема да бидеме соочени со таква неопходност. Напротив, веруваме дека сепак ќе надвладее разумот и позитивната волја на огромното мнозинство од земјите-членки“, посочи Донев, јавуваат бугарските медиуми. Тој не прецизира прецизира на какви контрамерки мисли. Една од најблиските работи со кои Софија може да се одмазди е околу изборот на шеф на агенцијата за гранична контрола на ЕУ,…

Read More

Пишува: Зоран Бојаровски Буџетот не се само бројки на хартија. „Преведени“ тие бројки ги претставуваат вредностите кои во наредниот период ќе се аплиицираат низ политиките на актуелната политичка власт во земјата. Она што е новина е што Буџетот 2023 е прв од реформираниот Закон за буџет со кој се најавени крупни промени во управувањето со јавните финансии, односно со парите на граѓаните. Поточно и поконкретно, Буџетот 2023 е официјално првиот среднорочен буџет кој ја утврдува рамката за пошироката слика  во која се „насликани“ актуелните и претстојните предизвици за македонската економија, како и за остварување на целите кои Владата се амбицира…

Read More

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска ќе претстави пакет мерки за справување со миграцискиот прилив долж западно балканската рута. Оваа најава доаѓа во пресрет на самитот на ЕУ и Западен Балкан закажан за утре во Тирана како и на седницата на Советот за правда и внатрешни работи закажана за четврток. Овој пакет мерки уследи по анализата дека оваа година има пораст на миграцијата преку рутата на Западен Балкан – особено преку Србија –  при што мигрантите потоа преминуваат во ЕУ. Според податоците на Фронтекс, граничната агенција на ЕУ, 281.000 премини без документи се случиле од Балканот во текот на првите 10 месеци од 2022 година — што е 77 отсто зголемување од истиот период во 2021 година. Австрија, Белгија и Германија се главните дестимнации на овој мигранстки бран. Акцискиот план на Јохансон кој ќе биде претставен денеска во Брисел се состои од пет точки. — Зајакнување на граничното управување долж трасата. Земјите од Западен Балкан ќе бидат охрабрени дасоработуваат поблиску со Фронтекс во овој поглед. — Обезбедување брз пристап до капацитетите за азил и поддршка на капацитетот за прием во земјите на транзит. – Борба против криумчарење мигранти за која детали беа договорени на состанокот на Јохансон со министрите за внатрешни работи во регионот кој се одржа на 3 ноември, каде што беше започнато оперативно партнерство против организираните мрежи за криумчарење на мигранти. — Обезбедување на трети земји да се придржуваат до договорите за реадмисија и враќање. — Политика за усогласување на визите при што се очекува Комисијата да обезбеди ажурирање за ветувањето на Србија дека ќе ја усогласи својата визна политика со онаа на ЕУ кога станува збор за трети земји. ЕУ е соочена со најголемата миграциска и азилантска криза од Втората светска војна. Околу 5,3 милиони луѓе побарале заштита во ЕУ оваа година, вклучително и 4,7 милиони регистрации за привремена заштита од страна на Украинците кои бегаат од руската агресија во нивната земја.…

Read More

Најголемата партија во бугарското Народно собрание – ГЕРБ-СДС го претстави за свој кандидат за премиер Николај Габровски, кој денеска го прими првиот мандат од претседателот Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија. Габровски е началник на Клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „Пирогов“ во Бугарија. Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска Влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност. Претседателот кажа дека како прва политичка сила во Бугарија, одговорноста на ГЕРБ за формирање влада е најголема. Габровски од…

Read More

Во Судот има бомба, пишувало во мејл кој утрово пристигнал во Врховниот суд на Хрватска, објави Вечерњи лист. По добивањето на мејлот била повикана полиција да изврши увид за експлозив. Во меѓувреме, зградата на судот е евакуирана поради безбедноста на вработените, пишува Вечерњи лист. „Добивме пријави за можни експлозивни направи во неколку судови во градот. Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности“, велат од полицијата за Индекс. Хрватски Дневник пишува и дека е во тек евакуација и на неколку згради на државни институции, откако на повеќе адреси пристигнаа дојави за поставена бомба. Меѓу нив е и…

Read More

Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци, информацијата ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. „Денеска околу седум часот во полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира Самарџиев.

Read More

Приватните скопски превозници утрово се повторно на протест, и најавуваат дека блокадите ќе траат се до исполнување на нивните барања. Автобусите на приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се поставени на неколку крстосници, а возачите велат дека блокадите нема да ги тргнат се до исполнување на нивните барања. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека ќе има посебен режим на сообраќај кој ќе биде воспоставен на булеварот  „Илинден“ и тоа од крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосницата  со „8 Септември“, како и на крстосницата од улицата „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ и крстосницата од булевар „Гоце…

Read More

В.д. претседателот на Алијансата за Албанците (АА) Арбен Таравари денеска изјави дека во моментов нема преговори на неговата партија да стане дел од Владата. Сепак, неговата партија, како што рече Таравари, ќе ги поддржи уставните измени и како опозиција со цел да бидат Бугарите дел од Уставот. „Нема преговори, ако има ќе излеземе пред вас и ќе кажеме се што има. Ние ќе ги поддржиме уставните промени за вметнување на бугарскиот етникум во Македонија во Преамбулата, без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или ќе бидеме опозиција“, изјави денес Таравари. Тој додаде дека вршат комплетна реорганизација на партијата. „Ќе…

Read More

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле синоќа преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите ширум светот за пораките со поддршка кои ги прими откако претходно неделава повторно беше примен во болница во Сао Паоло. Пеле, кому во септември лани му беше отстранет тумор од дебелото црево, беше хоспитализиран во вторникот поради проценка на ефикасноста на хемотерапијата. Пораки со поддршка пристигнуваа од целиот свет, вклучувајќи и од селекторот на Бразил, Тите, од Светското првценство во Катар. „Секогаш е убаво да добиете позитивни пораки“, наведе Пеле во објава на Инстаграм на која е прикажана зграда во Катар на која е проектиран неговиот лик со желби…

Read More