Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје блокирано, магливо и непроодно

0
By Соња Крамарска on December 5, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕПУБЛИКА
фото: Дехран Муратов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 5, 2022 09:20

Приватните скопски превозници утрово се повторно на протест, и најавуваат дека блокадите ќе траат се до исполнување на нивните барања. Автобусите на приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се поставени на неколку крстосници, а возачите велат дека блокадите нема да ги тргнат се до исполнување на нивните барања.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека ќе има посебен режим на сообраќај кој ќе биде воспоставен на булеварот  „Илинден“ и тоа од крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосницата  со „8 Септември“, како и на крстосницата од улицата „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ и крстосницата од булевар „Гоце Делчев“ и „Крсте Мисирков“, кај Судска палата.

Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, вчера, најави можна радикализација на протестот на приватните превозници се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.

Како можна опција, Јовановски го посочи штрајкот со глад, но како што рече, останува на превозниците да одлучат во која насока би се движела евентуалната радикализација на протестите.

Јовановски порача дека протестите изминатите денови не дале резултат и затоа е донесена одлука за блокада на повеќе крстосници во Скопје.

„Протестиравме на ‘Илинденска’, протестиравме пред градското собрание, протестиравме и пред ‘Мавровка’. Никој ништо не реагира и нема резултат. Рековме дека ќе се радикализираат протестите. Утре приватните превозници решија да ги прошират протестите и на тој начин. Ако некој нив и натаму не им верува, а ѝ верува на градоначалничката на сите невистини коишто ги зборува, нека дојдат да ги видат. Следниот чекор ќе биде да си ги изнесат жените и децата и тие ќе покажат дека немаат што да јадат“, рече Јовановски и додаде дека ова е прв протест по 1999 година во кој приватните превозници мораат да излезат на улица и да протестираат поради, како што кажа, неможноста да го објаснат проблемот меѓу ЈСП, Градот и превозниците.

Според него досега приватните превозници неколку пати барале да бидат примени и сослушани од градоначалничката, но таа не сакала да ги прими.

„Нема што да бараме некој да не прими ако тој не сака. Бидејќи таа не знае како, и е сплеткана во таква пајажина, од која, сигурен сум дека не може да излезе, нека остави на стручните служби на ЈСП, на секторот за сообраќај и нас како приватни превозници на еден стручен начин да изнајдеме решение како да им се излезе во пресрет на граѓаните. Но, ако градоначалничката нив им се заканува и не им дозволува да контактираат и да ја завршат работата онака како што е предвидена во одлуките и законите тогаш ќе тонеме во еден ваков правец“, вели Јовановски од „Слобода Превоз“.

Ленин Јовановски протест на приватни превозници Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.