Во Судот има бомба, пишувало во мејл кој утрово пристигнал во Врховниот суд на Хрватска, објави Вечерњи лист.

По добивањето на мејлот била повикана полиција да изврши увид за експлозив.

Во меѓувреме, зградата на судот е евакуирана поради безбедноста на вработените, пишува Вечерњи лист.

„Добивме пријави за можни експлозивни направи во неколку судови во градот. Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности“, велат од полицијата за Индекс.

Хрватски Дневник пишува и дека е во тек евакуација и на неколку згради на државни институции, откако на повеќе адреси пристигнаа дојави за поставена бомба. Меѓу нив е и зградата на владата.

Освен во Загреб, дојавата за бомба стигна и до Жупанискиот суд во Сплит, а истата закана стигна и до Општинскиот суд во Драчевац.Т аму моментално е во тек евакуација на вработените во судот, пренесе 24 Часа.

Освен судовите, заканувачки мејлови добиле и повеќето државни институции, а на листата на информирани за заканувачката бомба прва била владата на Република Хрватска, објави Јутарњи лист.