Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска до 18.11.2022 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Романија. Како што соопштија од Канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на Армијата, покрај официјалната средба со началникот на Генералштабот на ВС на Романија, генерал Даниел Петреску, генералот Ѓурчиновски ќе учествува и на безбедносна конференција. За време на посетата, како што е најавено, тој ќе го обиколи и гарнизонот каде ќе бидат разместени нашите припадници во склоп на мултинационалните сили за зголемени активности за будност на НАТО.
Секој четврти човек во светот со дијабетес не ја добива потребната помош, покажува новото истражување објавено на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември. Меѓународната фондација за дијабетес (ИДФ) наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана. Овој факт може да доведе до лош третман на дијабетесот, зголемувајќи го ризикот од физички компликации како што се мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило, ампутација на долните екстремитети, како и да влијае на менталното здравје на една личност. Истражувањето е засновано на онлајн прашалник од 3.208 луѓе кои или имале дијабетес или…
Генералното собрание на Обединетите нации денеска, на иницијатива на западните земји, ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право поради нејзиниот напад врз Украина, поради што ќе треба да плати воена отштета. Во нацрт-резолуцијата се заклучува дека е неопходно да се воспостави „меѓународен механизам за репарација за штети, загуби или повреди“ предизвикани од „неправедните акции“ на Русија против Украина. Резолуцијата предлага 193-те земји-членки на Генералното собрание на ОН, во соработка со Украина, да формираат „меѓународен регистар“ кој ќе ги документира тврдењата и информациите за штетите, загубите и повредите што Русија им ги нанела…
СОЊА КРАМАРСКА Некој ќе рече сите американски функционери се исти. Ги следат насоките од Вашингтон и така дејствуваат. Но, не се исти. Не се исти ни сите претседатели на држави. Ни сите премиери, или министри. Некои само седат и чекаат насоки од горе, некои преземаат иницијатива. Некои сакаат да видат резултати од нивната работа, некои само работат. Некои вложуваат и емоции во својата работа, а некои не. Има функционери кои повеќе се соживуваат со луѓето од својата околина, а има и такви кои не ги засега ништо. На Анџела Агелер подобро би и прилегало името и презимето Анџела Агилер,…
Градежен инспектор на скопската општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба. Станува збор за доградба на локал на улица „Македонија“ на парцела која е земјиште во сопственост на државата. Инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во општината да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, градежниот инспектор донесе решение за уривање на градбата, соопштија од Центар . Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во…
Холандската влада размислува да префрли дел од вишокот Ф-16 на сојузник на НАТО, со цел тој да може за возврат да ги даде своите МиГ-29 на Украина. Според магазинот EW, Хаг размислува да им даде вишок борбени авиони Ф-16МЛУ на сојузниците на НАТО во Источна Европа за да можат за возврат да донираат борбени авиони МиГ-29 на Украина. Според порталот Aviacionline defensa, еден од главните кандидати би била Бугарија, која планира да ги пензионира своите застарени МиГ-29 од 2023 година и е заинтересирана да ангажира ескадрила од западни борбени авиони за да ја зајакне својата воздушна одбрана до пристигнувањето на…
Уставниот суд попладнево информираше дека е оформен предмет во кој се оспорени статутот и програмата на здружението „Културен центар Иван Михајлов“. Предметот, како што се наведува, се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд ќе одлучува на седница. Во иницијативата што е поднесена се вели дека оспорените статут и програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата…
На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, советникот за енергетика во Владата Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем. „Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги…
Бројот на луѓе на листите на чекање за јавниот здравствен систем во Британија достигна рекордно високо ниво од 7,1 милиони пациенти, покажаа денешните официјалните бројки, јавија британските медиуми. Британската Национална здравствена служба (НХС) има долг список за чекање за прегледи вклучително и за рак, како и за рутинска и итна нега. Листата на чекање за болничко лекување на крајот на септември се зголеми за 100.000 на 7,1 милиони луѓе, што е најголем број од почетокот на евиденцијата во август 2007 година. Околу еден од 18 луѓе во регистарот чекаат повеќе од една година за болничко лекување, иако бројот на луѓе…
Републиканците се приближија до тесно мнозинство во Претставничкиот дом, додека контролата на Сенатот зависи од неколку тесни трки – е засега резултатот од изборите во САД на кои не се остварија предвидувањата за огромни победи на конзервативците. Секоја од двете партии би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи и во Невада и во Аризона – каде што ситуацијата се уште не е јасна. Но, постои голема можност, мнозинството во Сенатот да биде познато дури по вториот круг бидејќи двајцата кандидати во Џорџија не успеаја да добијат доволно гласови за целосно да победат. Во Претставничкиот дом, Републиканците до синоќа…
Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News. Новите правила, кои стапуваат во сила веднаш, бараат вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно. Тој во меилот им пишал на вработените дека нема начин да се разубави сликата за економската иднина на Твитер или како таа ќе изгледа со оглед на зависноста од рекламите. Твитер е под раководство на Маск скоро две недели, за кое време тој…
Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што изјави Бектеши по брифингот со новинарите, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, ако суровините останат со истите увозни цени. „Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе…