Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илон Маск им го забрани на вработените во Твитер и работењето од дома

0
By Соња Крамарска on November 10, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 10, 2022 13:45

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News.

Новите правила, кои стапуваат во сила веднаш, бараат вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно.

Тој во меилот им пишал на вработените дека нема начин да се разубави сликата за економската иднина на Твитер или како таа ќе изгледа со оглед на зависноста од рекламите.

Твитер е под раководство на Маск скоро две недели, за кое време тој отпушти приближно половина од својата работна сила и повеќето поранешни високи менаџери.

Новиот шеф на оваа социјална мрежа ја подигна цената на претплата на опцијата Twitter Blue (пристап до премиум функции) на 8 долари, што вклучува проверка на корисникот. Во меил до вработените, Маск додаде дека сака претплатите да сочинуваат половина од приходите на Твитер.

Пред пристигнувањето на Маск, Твитер имаше постојан договор со вработените за работа од секаде, при што многумина се одлучија да работат од дома поради пандемијата. Тоа беше една од првите теми на заедничкиот состанок на Маск со персоналот на Твитер, откако тој го најави купувањето на компанијата минатата пролет. Уште тогаш рече дека е против работа од дома и дека ќе дава исклучоци од тоа правило само од случај до случај.

„Пред нас е тежок пат кој ќе бара интензивна работа за да се постигне успех“, напиша Маск во пораката до вработените. Во друга порака, тој додаде дека „апсолутен приоритет за следните неколку дена е да се најдат и суспендираат сите проверени ботови/тролови/спам“ од Твитер.

забрана за работа од дома Илон Маск Твитер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.