Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Анкара ќе продолжи да вложува напори во посредувањето меѓу Русија и Украина со цел да се почнат со преговори за ставање крај на конфликтот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Како што истакна Ердоган, Турција непрекинато ја извршува улогата на посредник и така и ќе продолжи, а моментално не е можно да се каже одреден датум, кога таа улога на Анкара ќе даде резултати. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Анкара, пред да отпатува на самитот на Организацијата на земји од турско говорно подрачје во Узбекистан, јавија дел од британските медиуми. Според Ердоган, одлуката Русија да ги повлече…
Способноста на Русија да ги задржи силите на западниот брег на Дњепар се најде под знак прашалник поради украинските удари на рутата за снабдување, наведуваат британски разузнавачи, додавајќи дека руските сили при повлекувањето уништиле повеќе мостови и веројатно поставиле мини за да го забават напредувањето на украинските сили. Загубата на западниот брег на Дњепар веројатно ќе ја спречи Русија во остварување на нејзината важна стратешка цел – воспоставување копнен коридор кон Одеса. Британските воени разузнавачи во најновиот извештај на Министерството за одбрана пишуваат за одлуката на Русија да ги повлече нејзините сили од Херсон, најголемиот град што Русите го окупираа…
Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. За бродот Nanco Swift на американската компанија „ExxonMobil“, во вторникот беше издадена навигациска информација (Навтекс), а Скрекас рече дека постои сериозна веројатност да бидат откриени искористливи количини на природен гас. „Ова, би рекол дека е меѓу последните надежи што ги има светската…
Компанијата „Dubai International Capita“ е меѓу понудувачите за купување на Ливерпул. Инвеститорите од Дубаи се подготвени да платат пет милијарди долари (4,5 милијарди фунти) на „Fenway Sports Group“ која го стави англискиот клуб на продажба по 12 години сопственост. Ова нема да биде прв обид на „DIC“ да го преземе клубот од Мерсисајд, бидејќи компанијата од Дубаи не успеа во 2007 година со понуда од 312 милиони фунти. Во мај оваа година, Форбс го процени Ливерпул на над 3,5 милијарди фунти, речиси 12 пати повеќе од сумата за која сегашните сопственици го купија клубот во 2010 година.
Од февруари оваа година, бројот на смртни случаи од коронавирус во светот е намален за речиси 90 отсто, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. „Минатата недела СЗО беше информирана за нешто повеќе од 9.400 смртни случаи од КОВИД-19, што е речиси 90 отсто помалку отколку во февруари оваа година, кога бројот на смртни случаи во една недела надмина 75.000“, рече шефот на СЗО на брифинг. Тој додаде дека меѓународната заедница измина долг пат во борбата против КОВИД и намалувањето на смртните случаи е причина за оптимизам, но нагласи дека стапката на тестирање и секвенционирање на…
На функционерите на ЕУ им е кажано да не одржуваат состаноци со колеги од Обединетото Кралство, освен ако тие не се строго поврзани со војната во Украина или не се „правно обрзувачки“. Овој чекор е протолкуван како најнова индикација за замрзнување на односите меѓу Брисел и Лондон. Во белешка доставени до високи претставници на Европската комисија, во која имаше увид порталот EURACTIV, генералниот секретар на Комисијата Илзе Јухансон бара од „сите генерални директорати и служби да го информираат Генералниот секретаријат за какви било барања за билатерални состаноци од официјални претставници на Обединетото Кралство, без оглед на нивото од кое доаѓаат“.…
Компанијата Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, денеска почна да отпушта работници. Околу 11.000 работници или околу 13 отсто од вкупниот број вработени ќе бидат отпуштени. Ова е најголемото намалување на работните места во историјата на компанијата. „Сакам да преземам одговорност за овие одлуки и за тоа како дојдовме овде. Знам дека ова е тешко за сите и особено ми е жал за погодените“, напиша сопственикот и основач на Мета, Марк Цукерберг во писмото до вработените. Еден ден пред почетокот на отпуштањата, Цукерберг се сретнал со директорите за да разговараат за отпуштањата, пишува Њујорк Тајмс, цитирајќи две лица…
Контролата над Конгресот се уште „виси“ по вчерашните избори , додека Демократите покажаа изненадувачка сила, победувајќи ги Републиканците во повеќе изборни единици, демантирајќи ги предвидувањата дека високата инфлација и нискиот рејтинг на претседателот Џо Бајден ќе ја повлечат партијата надолу. Сепак се уште е рано да се каже дека освоените места во Сенатот во Висконсин, Невада, Џорџија и Аризона би можеле да значат победа или задржување на мнозинството. Демократите ги задржаа местата и во Вирџинија, Канзас и Род Ајленд, додека во Њујорк и Калифорнија се уште нема јасна прегледност. Демократите беа успешни и во трката за гувернери, победувајќи во Висконсин,…
Самитот на НАТО следната година ќе биде во Литванија, најави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг. Средбата е закажана за 11 и 12 јули во Вилнус. „Се соочуваме со најсложеното и најнепредвидливото безбедносно опкружување од крајот на Студената војна, а состанокот во Вилнус ќе биде можност шефовите на држави и влади на НАТО да се договорат за следните чекори за зајакнување на нашите способности за одвраќање и одбрана“, изјави генералниот секретар на Алијансата. Тој рече дека учесниците на самитот ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана и помошта за Украина. „Во време на зголемена стратешка конкуренција, односот меѓу Европа и…
Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека изборот на шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција покажал слабости и дека е неопходно да се пристапи кон негови измени во однос на построги критериуми и правила, соопшти неговата прес-канцеларија. Одговарајќи на новинарски прашања, Тупанчески рече дека за избор ќе мора да се додаде цензус како и да се разгледа опцијата за воведување втор изборен круг или пак дополнителен критериум. „Некои параметри останаа недефинирани докрај, во смисла на тоа, ќе се обидам да карикирам, што може првиот човек на организиран криминал да биде избран само со еден глас од страна на…
Опозицијата, која е власт на локално ниво и во Град Скопје одби да управува со затоплувањето на главниот град, тоа го направи Владата и радијаторите се топли со цена субвенционирана од државата, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција посветена на енергетската криза. Одговарајќи на новинарско прашање за неискористените средства од ЕБОР поради блокадата во Собранието, тој кажа дека државата не е во ќорсокак, туку тоа е опозицијата. „Тој кредит беше блокиран и јас информирав дека заради неодговорното однесување на опозицијата тие финансиски средства што стоеја на сметката на банката, тие веќе ги имаат пренаменети за други намени. Со тоа…
На денешната прес конференција Ковачевски ги коментираше и најновите дојави за поставени бомби, утрово во две средни училишта. Тој истакна дека целиот регион е под хибридни напади и додека во еден дел од Европа се води војна со оружје, во другите делови постои хибридна војна каде преку најразлични методи се создава вознемиреност во државата. „Сите ние сме свесни за тоа што се случува. Неколку наши институции во претходниот период беа под хакерски напади за што добивме и поддршка од нашите НАТО партнери кои се најспремни во делот на справување со хакерски напади и тимови работеа со нашите тимови. Ова што…