Од февруари оваа година, бројот на смртни случаи од коронавирус во светот е намален за речиси 90 отсто, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Минатата недела СЗО беше информирана за нешто повеќе од 9.400 смртни случаи од КОВИД-19, што е речиси 90 отсто помалку отколку во февруари оваа година, кога бројот на смртни случаи во една недела надмина 75.000“, рече шефот на СЗО на брифинг.

Тој додаде дека меѓународната заедница измина долг пат во борбата против КОВИД и намалувањето на смртните случаи е причина за оптимизам, но нагласи дека стапката на тестирање и секвенционирање на коронавируси ширум светот останува ниска.

„Вакцинирањето и натаму е важно бидејќи има континуирано ширење на нови варијанти“, додаде генералниот директор на СЗО, апелирајќи до сите да се вакцинираат против коронавирусот.