Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
https://youtu.be/bObAQLEyCz4
За зголемување на платите, колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), денеска почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот што почна во шест часот утрово создаде проблеми во бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и во јавниот превоз во Солун и Атина, а во грчката метропола, денеска нема да сообраќаат ни такси возилата. Бродовите 24-часа ќе останат закотвени на пристаништата, има промени…
Американскиот актер Шон Пен за време на неговата посета на Киев, му ја подари својата награда Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Би-Би-Си. На видеото објавено на каналот Телеграм на Зеленски, исто така се гледа како претседателот на Украина му врачува на Пен Украински Орден за заслуги. Шон Пен, кој е познат по својот политички активизам, како и по неговите филмови, избега од Украина во март додека снимаше документарен филм за конфликтот. Тој подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија. Претходно, Кремљ ги ставија Пен и неговиот колега актер…
Денешната седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје, помина во атмосфера на отворена нетрпеливост меѓу претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска, која му упати зборови како „господин Хитлер“, „деспот“ и „тиранин“. Откако Славески даде пауза поради неможноста да се користи говорницата во салата на Советот на Град Скопје бидејќи Арсовска му го „заплени“ копчето за вклучување и исклучување на микрофоните, седницата продолжи со порака од Славески со советниците да говорат од место или, пак, да седнат на помошното место до него каде може да се користи техниката. Претходно тој го зеде микрофонот од говорницата и…
Бурната изборна сезона која повторно ги поттикна силните политички поделби во Америка и покрена прашања за нејзината посветеност на демократска иднина завршува денеска, додека гласачите гласаат на првите национални избори во време на мандатот на Бајден. Демократите се подготвуваат за разочарувачки резултати, и губење на контролата врз Претставничкиот дом и врз Сенатот. Враќајќи се во Белата куќа синоќа по неговиот последен настан во кампањата, Бајден рече дека смета оти Демократите ќе го задржат Сенатот, но призна дека ќе биде тешко за Претставничкиот дом. Републиканската партија е, пак, оптимист, сигурна дека пораките фокусирани на економијата, цените на бензинот и криминалот ќе…
Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Северна Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажуваат најновиот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI). Според Извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво застапена и кај машките и кај женските деца, но има разлика од пет отсто меѓу машките и женските кога е во прашање само дебелината (17,5 спрема 12,2 процента). Во споредба со претходниот круг на собирање податоци во 2016 година, има зголемување на зголемената телесна тежина и дебелина кај девојчињата за скоро два отсто, додека кај машките стагнира.…
Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, имаше средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга. На средбата се разговараше за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови. Амбасадорката Дир побара помош од страна на ЕСМ во обновувањето на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина. ЕСМ ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за нашите граѓани во границите на Македонија, туку и за…
Станува збор за неверојатна лага, имаме текст без апсолутно никакви докази и без апсолутно никаква поврзаност со мене, а лично сум обвинет дека сум „мозокот“ на оваа мрежа, зарем постои Грк кој верува дека во сето она со кое требаше да управувам во последниве три и пол години, во слободно време ги прислушував министрите, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за информациите објавени во весникот „Документо“ дека следел министри од неговата влада, нивни сопруги, поранешен премиер, поранешни министри, новинари и бизнисмени, Мицотакис упати обвинувања до новинарот и издавачот на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио. „Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија“, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО (YASNO), главниот снабдувач со енергија во Киев. Ова е многу и тоа е виша сила, рече тој. Во меѓувреме, националните енергетски власти предупредија на планирани исклучувања, но и на можни дополнителни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во шест други региони во…
Новата долга листа на новинари и политичари, вклучително и поранешен премиер, чии телефони наводно биле прислушувани со нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ објавен вчера од списанието „Документо“, предизвика шок во Грција и ја стави на тест демократската нормалност на земјата. Таканаречениот скандал „Грчки Вотергејт“ ја потресе грчката политика во последните месеци бидејќи беше откриено дека опозициските политичари и новинари биле прислушувани од државата. Но, новата листа на жртви на „Предатор“ објавена од новинарот Костас Ваксеванис, сопственик на весникот „Документо“, го разгорува огнот бидејќи вклучува министри и нивните сопруги од актуелната влада на Нова демократија и повеќе истакнати новинари и деловни луѓе.…
Пишува: Соња Крамарска Стотици илјади корисници на Твитер мигрираа на конкурентската платформа „Мастодонт“ – што е најголем поединечен егзодус во историјата на социјалните мрежи, покажувајќи му среден прст на новиот сопственик мултимилијардерот Илон Маск дека може да го купи Твитер но не и нивната доверба во него како „главен уредник“ на оваа досега слободна платформа. „Птицата е ослободена“, порача, пак, тој преку својот профил на Твитер само еден миг по потпишувањето на купопродажниот договор, илустрирајќи ја пораката со препознатливиот твитер дизајн на птица, но без рамката на фотографијата како симбол дека отсега таа нема да биде ограничена туку слободна.…
Како што се наведува, поради едностраните потези на Приштина, Србите на северот на Косово поднесоа оставки од сите позиции во локалната самоуправа, судството и полицијата. Тие бараат од Приштина целосно спроведување на Бриселскиот договор, формирање Заедница на српски општини и повлекување на едностраната одлука за регистарските таблички. Сите српски судии го завршија процесот на повлекување од Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица, пратениците од српската листа ги вратија пратеничките мандати на Собранието на привремените институции во Приштина, а српските полицајци од сите четири општини од северот на Косово кои исто така поднесоа оставки од утрово доаѓаат во полициската…