Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува турбулентната сезона на кампањата во САД, Демократите подготвени за разочарувачки резултат

0
By Соња Крамарска on November 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 8, 2022 13:44

Бурната изборна сезона која повторно ги поттикна силните политички поделби во Америка и покрена прашања за нејзината посветеност на демократска иднина завршува денеска, додека гласачите гласаат на првите национални избори во време на мандатот на Бајден.

Демократите се подготвуваат за разочарувачки резултати, и губење на контролата врз Претставничкиот дом и врз Сенатот.

Враќајќи се во Белата куќа синоќа по неговиот последен настан во кампањата, Бајден рече дека смета оти Демократите ќе го задржат Сенатот, но призна дека ќе биде тешко за Претставничкиот дом.

Републиканската партија е, пак, оптимист, сигурна дека пораките фокусирани на економијата, цените на бензинот и криминалот ќе „запалат“ кај гласачите во време на зголемена инфлација и зголемено насилство.

Резултатите би можеле да имаат големо влијание врз последните две години од претседателствувањето на Бајден. Контролата на Републиканците дури и на еден дом на Конгресот би го оставила Бајден ранлив на голем број истраги за неговото семејство и администрацијата, за пакетот за здравствена заштита и социјални трошоци. Осилената Републиканска партија, исто така, може да го отежне подигањето на плафонот на долгот и да ја блокира дополнителната поддршка за Украина во војната со Русија.

Доколку Републиканците остварат добар резултат тоа може да создаде притисок врз Бајден да не оди на реизбор во 2024 година. Некои кои учествуваа или беа во близина на нападот на Капитол Хил на 6 јануари, е можно повторно да се вратат по денешните избори. Голем број кандидати на Републиканската партија за државен секретар, вклучително и оние кои се кандидираа во Аризона, Невада и Мичиген, одбија да ги прифатат резултатите од претседателските избори во 2020 година. Доколку победат денеска, тие би ги менаџирале идните избори во државите кои често се клучни во претседателските натпревари.

Ситуацијата особено се комплицира со падот на популарноста на Бајден, што предизвика многу Демократи да не сакаат да се појават со него во трката со конкурентите. Само 43 отсто во САД сметаат дека Бајден успешно се справува со својата работа како претседател, а само 25 отсто сметаат дека земјата оди во вистинската насока.

Извор: Асошиетед Прес

избори САД 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.