Американскиот актер Шон Пен за време на неговата посета на Киев, му ја подари својата награда Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Би-Би-Си.

На видеото објавено на каналот Телеграм на Зеленски, исто така се гледа како претседателот на Украина му врачува на Пен Украински Орден за заслуги.

Шон Пен, кој е познат по својот политички активизам, како и по неговите филмови, избега од Украина во март додека снимаше документарен филм за конфликтот.

Тој подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија.

Претходно, Кремљ ги ставија Пен и неговиот колега актер Бен Стилер на руската црна листа за забранет влез во земјата.