Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката што минатата недела ја донесе владата на Курти, од денеска ќе се изрекуваат санкции на оние кои во Косово нема да ги променат табличките кои се регистрирани во Србија, со кратенките на српските топоними за градовите во Косово – како ПР за Приштина (да се замени со 01 … -., како ознака за регионот на косовската престолнина), КМ за Митровица, УР за Урошевац,…
Пред неколку недели во посета на Македонија пристигна словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, но на масата на Бујар Османи наместо знамето на Словенија се најде знамето на Словачка. Османи во емисијата „24 анализа“ кажа дека се случуваат грешки, а шефот на протокол на МНР поднел оставка по гафот. „Тоа беше едно од 10 знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот поднесе оставка, иако немаше директна одговорност, а истата ја прифатив“, вели Османи.
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска присуствуваше на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која се расправаше за Извештајот на Европска Комисија за Северна Македонија за 2022 година. „Сметам дека ова е вистинското место каде треба да го дискутираме Извештајот и од каде треба да доаѓаат пораките за тоа како понатаму, особено сега, кога сме земја преговарач за полноправно членство во Европската Унија. Затоа како главен преговарач ќе иницирам воспоставување на рамка за соработка со Собранието и зајакнување на неговата улога во процесот“, рече Маричиќ. Тој додаде дека очекува целосна посветеност од страна на…
Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност. „Тој владее со Бугарија во 19 и 20 век, ја води Бугарија низ три војни кои за Македонија се со разорен карактер, поради тоа сè уште има спомени…
На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, конечно поминаа предлог одлуките за прераспределба на средства од Буџетот кои што се директно поврзани предлог Законот за финансиска помош на граѓаните во социјален ризик што Владата ги утврди како мерки за поддршка на граѓаните за справување со кризата, и одлуката измени и дополнувања на Законот за нафтени резерви како помош за институциите, за јавните претпријатија во државна и во општинска сопственост, за позајмици од нафтените резерви за да ја пребродат кризата со енергенси во претстојниот период. Ова е исходот од долгото одлагање на расправата за овие одлуки, но ова…
Министерството за надворешни работи на Украина најостро ја осудува намерата на Русија да започне есенски повик за служење во редовите на руските вооружени сили на 1 ноември на привремено окупираните територии на Украина. На териториите на Украина привремено окупирани по 24 февруари 2022 година, Русија се обидува да ја спроведе политиката на постепена анексија, која таа исто така ја применува и на Крим. Под маската на повик, мобилизациска кампања е во тек и на Крим, чија природа и методи сведочат за стремежот на руското воено-политичко раководство да го намали бројот на Украинците и Кримските Татари на полуостровот како категорија на…
Кралот Вилхем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција на покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. На првиот ден од посетата планирано е, освен со Сакеларопулу, да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија и да го посетат Акропол, додека пак утре ќе учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, ќе посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детска онколошка клиника. Рано утрово, кралот и кралицата положија цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот…
Премиерот Ковачевски на работната посета во Делчево го посети затворениот пазар кој е во завршна фаза на изградба. Со реализацијата на овој проект, Делчево за прв пат добива современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање храна и најразновидна стока, како и соодветен паркинг– простор. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи и друг вид стоки, но и затворен дел. Изградбата на современиот градски пазар има регионално значење, бидејќи Делчево како погранично место е често посетувано од посетители од соседна Бугарија,…
АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември, соопшти компанијата. Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од АД ЕСМ, се додава во соопштението. Фирмата PGO извести дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, што дополнително ќе подлежи на нова понуда. Со овој понудувач ќе биде потребно да се комплетира и комуникацијата во однос на останатите документи…
Четворица цивили загинаа, а двајца се повредени во руското гранатирање на регионот Доњецк во изминатиот ден, изјави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ. „На 30 октомври 2022 година, четворица цивили беа пријавени убиени од Русите во регионот на Доњецк, имено во Бахмут. Вчера беа повредени уште две лица“, напиша Кириленко. Покрај тоа, службениците за спроведување на законот открија тело на цивил убиен во Свјатохирск за време на руската окупација. Исто така, невозможно е да се изброи точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха, додаде Кириленко. Утрово руските војници повторно нападнаа критична инфраструктурна…
Христијан Мицкоски при неговата посета на Бугарија за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ влезе во расправа со внукот на писателот во врска со неговото творештво и идентитет. Внукот на Вапцаров му пристапи на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и му подари книга, напишана од неговите наследници, за животот и делото на Никола Вапцаров. Мицкоски, одбивајќи ја книгата, му кажа дека тој ќе донесе книга од македонската историја, напишана од Никола Вапцаров за Македонија и неговиот македонски идентитет. „Следниот пат ви ветувам дека ќе ви дадам книга. Вие читајте ја и учете ја вашата историја, а ние ќе ја читаме и учиме…
Во Скопје се одржува конференција на која учествуваат претседателите на судските совети на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, како и претседателката и членови на Судскиот совет на Северна Македонија. Во своето поздравно обраќање, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска нагласи дека регионалната соработка е нужна за да се воспостави систем за постојана комуникација за размена на искуството и знаењето. „На оваа конференција ние треба да ја воочиме реалноста, особено со намалената доверба кај граѓаните во судството, и да дефинираме добри практики кои ќе ни бидат корисни во промоцијата и остварувањето на нашите цели- создавање независни судски системи и услови во кои секој…